Најдобриот зеленчук за намалување на крвниот притисок


Високиот крвен притисок може да доведе до зголемен ризик од болести на срцето и мозочен удар. За да го намалат крвниот притисок, луѓето го ограничуваат внесот на натриум, вежбаат и јадат намирници кои се здрави за срцето, вклучувајќи зеленчук, пишува хрватскиот „Index“. Зеленчукот е преполн со здрави нутриенти и природно има низок удел на натриум. …

Најдобриот зеленчук за намалување на крвниот притисок Read More »

Германија моли за работници: Угостителите бараат итен увоз на работна сила


Угостителската индустрија практично се затвори за време на пандемијата во 2020 година, а во 12-те месеци од јуни истата година, повеќе од 10 проценти од работната сила во индустријата најде работа на друго место. Поголемиот дел од нив отиде во малопродажните синџири. Германските ресторани сега бараат од владата итно да ја олесни имиграцијата на квалификувани …

Германија моли за работници: Угостителите бараат итен увоз на работна сила Read More »

Илјадници куфери изгубени на германските аеродроми поради недостиг на персонал


 Во екот на сезоната на летни одмори, германските аеродроми го трупаат багажот што не им е предаден на сопствениците поради недостиг на персонал, објавија денеска германските агенции. Само на аеродромот во Минхен, како што јави ДПА, биле депонирани неколку илјади парчиња багаж кои биле изгубени на патот до нивните сопственици. На најголемиот германски аеродром во …

Илјадници куфери изгубени на германските аеродроми поради недостиг на персонал Read More »

Пресуди за дивите копачи и продавачи на културното наследство во предметот „Ниџе“


Предметот со културното наследство познат како „Ниџе“, за кој Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кон крајот на септември минатата година отвори истрага против осум лица, денеска во Основниот кривичен суд заврши со пресуда. Како што информира Јавното обвинителство, откако шестмина обвинети во фаза на оценка на обвинителен акт признаа вина …

Пресуди за дивите копачи и продавачи на културното наследство во предметот „Ниџе“ Read More »

На 4 години зголемена казната за возачот кој прегази девојка кај „Сити мол“


Апелациониот суд во Скопје му ја зголеми казната на Јордан Ѓоргиев, кој со своето возило ја усмрти Викторија Николова на пешачкиот премин на раскрсницата кај „Сити мол“. Казната е зголемена за една година, од првичната изречена која беше три години затвор. Причините за зголемување на казната ќе бидат образложени во пресудата. Претходно казната беше изречена …

На 4 години зголемена казната за возачот кој прегази девојка кај „Сити мол“ Read More »

Владата ги достави до Собранието документите од францускиот предлог


Владата денеска според барањата од вчерашната координација во Собранието, достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба. Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите …

Владата ги достави до Собранието документите од францускиот предлог Read More »

Двајца починати и 511 нови случаи на Ковид-19


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.489 тестови, а регистрирани се нови 511 случаи на Ковид-19. Во Скопје – 276, Куманово, Кавадaрци и Охрид – по 27, Велес – 23, Битола – 22, Тетово – 17, Прилеп – 15, Штип – 13, Струмица …

Двајца починати и 511 нови случаи на Ковид-19 Read More »

Косана Мазнева е нов директор на „Комунална хигиена“


Денес за нов директор на јавното претпријатие „Комунална хигиена’ Скопје е назначена Косана Мазнева. Мазнева има повеќе од 15 години искуство, од кои како раководител на сектор природа во Министерство за животна средина и просторно планирање, одговорен инженер и советник за животна средина во АД „Електрани на Македонија“ и поранешен пратеник во два мандата. Високо …

Косана Мазнева е нов директор на „Комунална хигиена“ Read More »

Продолжува дезинсекцијата против ларви и возрасни форми на комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 14.07.2022 година (четврток) ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци. Исто така, на 16.07.2022 (сабота) година ќе започне авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, додека на 18.07.2022 (понеделник) година ќе започне терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Прскањето ќе се врши според …

Продолжува дезинсекцијата против ларви и возрасни форми на комарци Read More »

Ракетата „супер хеви“ повторно експлодира при тестирањето: Што вели Маск?


„Спејс икс“ долго се подготвува за прв орбитален лет со „старшип“, но тој значаен чекор повторно може да биде одложен. Бустерот „супер хеви“ дизајниран за „старшип“ експлодира на постројката на компанијата „Спејс икс“ која се наоѓа на Бок Чика во Тексас, а снимката од инцидентот се појави на социјалните мрежи. Бустерот се запали додека компанијата …

Ракетата „супер хеви“ повторно експлодира при тестирањето: Што вели Маск? Read More »

Швајцарија и УНДП со 6,7 милиони долари ќе ги зајакнуваат општинските совети


 Започна втората фаза на проектот „Зајакнување на општинските совети“ преку кој во наредните пет години ќе се реализираат низа активности за поттикнување на развојот на општините и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во локалните заедници. За остварување на овие цели ќе се работи на унапредување на капацитетите на општинските советници, директно вклучување на …

Швајцарија и УНДП со 6,7 милиони долари ќе ги зајакнуваат општинските совети Read More »

Починат маж пронајден кај неготинската депонија


Во близина на неготинското село Дуброво, кај градската депонија Неготино, синоќа околу 22 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, пронашле тело на починато машко лице, на возраст од 25 до 35 години, информираа денеска од СВР Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по  …

Починат маж пронајден кај неготинската депонија Read More »

Две плажи во Охрид добија пристапни рампи за лица со инвалидитет


За првпат во Македонија на две охридски плажи се поставија рампи за полесен пристап на лицата со посебни потреби, тоалети и доколку е потребно на располагање им стои и електрична количка. Помагалата се поставија на градските плажи во “Љубаништа” и “Горица 3”, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. „Општина Охрид овие помагала ги обезбеди преку …

Две плажи во Охрид добија пристапни рампи за лица со инвалидитет Read More »

(Видео) Со дрон спасено дете кое се давело во Шпанија


На почетокот на јули во Шпанија благодарение на дрон спасено е 14-годишно момче кое се давело. Момчето пливало во морето кај брегот Сагунта во Валенсија додека биле истакнати жолти знаменца на предупредување. Но, почнал да се дави, а на помош му притекнале спасувачи кои со дрон му доставиле елек за спасување. Дронот бил во голема …

(Видео) Со дрон спасено дете кое се давело во Шпанија Read More »

Рекорд во БиХ: 103-годишник 80 години зема пензија


 Највозрасниот корисник на Фондот за пензиско осигурување на Република Српска има 103 години, а прима пензија 80 години, изјави директорот на Фондот, Младен Милиќ. Тој појасни дека се работи за човек кој ова право го добил како дете и младо лице со попреченост. – Од година во година имаме растечки тренд на траењето на правото …

Рекорд во БиХ: 103-годишник 80 години зема пензија Read More »

Во Виница и Кочани утре ќе бидат промовирани можностите за користење бесплатна правна помош


 Можностите за користење бесплатна правна помош, односно каде и како таа може да се добие и кои институции/организации ја даваат, ќе бидат промовирани утре во Виница, а задутре во Кочани. Настанот ќе се одржи пред градските пазари во градот, а учесниците ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат …

Во Виница и Кочани утре ќе бидат промовирани можностите за користење бесплатна правна помош Read More »

Погребан поранешниот јапонски премиер Абе


Јапонците денеска се простија од поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше погребан во будистички храм во Токио. Стотици луѓе се собраа околу храмот во центарот на Токио за да се простат од Абе. Додека поминуваше погребната поворка насобраните граѓани облечени во црно и со цвеќе во раце извикуваа „Абе-Сан“. Знамињата во Токио се спуштени на половина копје. На погребот …

Погребан поранешниот јапонски премиер Абе Read More »

Британските лабуристи ќе побараат гласање за недоверба на Владата на Џонсон


Најголемата британска опозициска Лабуристичка партија најави дека денеска ќе поднесе барање за гласање на недоверба на Владата на премиерот Борис Џонсон, што се очекува да се одржи утре, изјави партиски извор. Предлогот за недоверба значи дека сите пратеници во Парламентот можат да гласаат дали Владата на Џонсон ќе продолжи до работа. Ако на Владата и …

Британските лабуристи ќе побараат гласање за недоверба на Владата на Џонсон Read More »

Претседателот на Шри Ланка спречен да ја напушти државата на аеродром


Претседателот на Шри Ланка остана во сопствената земја откако во понижувачки судир со имиграцискиот персонал на аеродромот на беше пуштен да замине, на сигурно, во странство, велат официјални извори. Готабај Раџапакса вети дека ќе поднесе оставка во среда и отвори пат за „мирен пренос на власта“ по широките протести против него поради невидената економска криза …

Претседателот на Шри Ланка спречен да ја напушти државата на аеродром Read More »

ССМ: Социјален дијалог со „ќе“ и манипулации нема


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во соопштение до медиумите, ја прашува минисерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска согласно нејзината изјава и ново ветување, за кои работници во јавниот сектор ќе има К-15 и дали тоа е за целиот јавен сектор, односно за 138 000 работници. Од ССМ, нагласуваат дека социјален дијалог со …

ССМ: Социјален дијалог со „ќе“ и манипулации нема Read More »