Жичницата ќе работи вообичаено за Денот на независноста


Поради државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров. Жичницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од …

Жичницата ќе работи вообичаено за Денот на независноста Read More »

Дробњак им ги пренесе искуствата на Хрватска за пристапот во ЕУ на Ковачевски и на Маричиќ


Поранешниот преговарач на Хрватска со Европската Унија, Владимир Дробњак, денеска се сретна со премиерот Димитар Ковачевски и со македонскиот преговарач Бојан Маричиќ.   = Ми беше чест и задоволство да се сретнам и да разговарам со поранешниот хрватски главен преговарач, Владимир Дробњак кој доаѓа во клучен момент за Република Северна Македонија кога се интензивира преговарачкиот …

Дробњак им ги пренесе искуствата на Хрватска за пристапот во ЕУ на Ковачевски и на Маричиќ Read More »

Харков повторно гранатиран, ноќеска загинале три лица


 Руските сили утрово извршиле напади врз Харков при што е уништена една станбена зграда во централниот дел на градот, соопшти денеска украинскиот гувернер на регионот Олех Синехубов. Тој информира дека „се разјаснуваат информации за евентуални жртви“ и оти во моментов нема хоспитализирани луѓе. Синехубов претходно информира дека три лица загинаа во ракетен напад врз регионот Харков …

Харков повторно гранатиран, ноќеска загинале три лица Read More »

Герасимовски: Отстрануваме згради за да правиме паркови на Кале


Развиена велосипедска мрежа, зеленило на површина од 30.000 м2, широки тротоари, сообраќајни решенија, пренамена на објекти и намалена катност, најави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во емисијата „Македонија наутро“ на МРТВ каде зборуваше за новите предлог ДУП-ови на Кале. „На Кале има развиена примарна и секундарна мрежа за велосипедски патеки. Во дел велосипедските патеки …

Герасимовски: Отстрануваме згради за да правиме паркови на Кале Read More »

Истражување на Аналитика: Епидемија на насилство во средните училишта


речиси 63 отсто од учениците во средните училишта потврдуваат дека насилството е присутно во училишната средина, покажува истражувањето кое го спроведе тинк тенк организацијата „Аналитика“ во три средни училишта на територијата на Град Скопје (СУГС “Здравко Цветковски”, СУГС “Зефљуш Марку “и СУГС” Шаип Јусуф”). Истражувањето беше спроведено на репрезентативен примерок од 305 ученици во училишта …

Истражување на Аналитика: Епидемија на насилство во средните училишта Read More »

Се одложи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, не дојдоа обвинетите


Поради отсуство на дел од обвинетите се одложи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово и се презакажа за 14 октомври во 10 часот. До судење дојде откако на 27 јули Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово. Со тој предлог ОЈО Тетово ги обвини двајцата директори на Клиничка болница Тетово Ф.Б и …

Се одложи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, не дојдоа обвинетите Read More »

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Градско – Прилеп


 Поради сообраќајна незгода, од 09:40 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец Градско – Прилеп помеѓу Росоман и Сирково. Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови на возила, соопшти АМСМ.

Анчелоти: Добро е што Реал не го сметаат за фаворит во Лигата на шампионите


Тренерот на Реал, Карло Анчелоти,  не е изненаден дека мадридскиот клуб не важи за фаворит во Лигата на шампионите оваа сезона. Според 63-годишниот Италијанец, ова е добар знак. – Не сум изненаден што Реал Мадрид повторно не се смета за фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Ова го гледам како добар знак. Минатата сезона …

Анчелоти: Добро е што Реал не го сметаат за фаворит во Лигата на шампионите Read More »

Бајден: Русија не треба да се означи како спонзор на тероризмот


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа рече дека Русија не треба да се означи како државен спонзор на тероризмот. Се работи за постапка која Украина веќе некое време ја бара од западот поради инвазијата, но и руските воени злосторства направени на тлото на Украина. Москва, од друга страна, предупредува дека таква ознака би ги уништила американско-руските …

Бајден: Русија не треба да се означи како спонзор на тероризмот Read More »

МВР со Интерпол најдоа 1.2121 украден автомобил во 77 држави


На територијата на Македонија за време на заедничка акција на МВР со повеќе надлежни институции координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол, се извршени 1.540 проверки на лица и 1.467 моторни возила. Одземени се 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат. Од МВР информираа дека во соработка со Царинската управа, Јавното обвинителство, Пазарната инспекција …

МВР со Интерпол најдоа 1.2121 украден автомобил во 77 држави Read More »

Граѓанското општество во ЕУ бара темелните права да се стават пред профитот


 Денеска започнува кампањата “Правдата е сечиј бизнис“, сто граѓански организации бараат од ЕУ да изврши притисок врз приватните компании кои ги уништуваат човековите права и животната средина, јави дописничката на МИА од Брисел. Меѓу организациите кои учествуваат во оваа нова кампања има звучни имиња како Амнести Интернешнл, но и синдикати како Европската Конфедерација на синдикати. …

Граѓанското општество во ЕУ бара темелните права да се стават пред профитот Read More »

Македонија ќе учи од хрватското искуство во преговорите со ЕУ


На покана на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, од денеска во дводневна посета на Скопје ќе престојува поранешниот преговарач на Хрватска со Европската Унија, Владимир Дробњак. Како што соопшти СЕП, експертот Дробњак искуствата на Хрватска во овој дел ќе ги пренесе низ низа состаноци кои ќе ги одржи денеска и утре …

Македонија ќе учи од хрватското искуство во преговорите со ЕУ Read More »

Кремљ: Нема гас за Европа поради санкциите, „Гаспром“: Не праќаме поради проблеми со опремата


Официјален Кремљ и „Гаспром“, како што пренесува „гардијан“, дадоа потполно различни причини за причината зошто низ Северен ток 1 веќе една недела не тече гас од Русија кон Еврипа. Така вчера, Дмитри Песков, портпаролот на претседателот Владимнир Путин, пред новинарите рече дека за прекин на испораката на гас преку гасоводот „Северен ток 1“ виновни се …

Кремљ: Нема гас за Европа поради санкциите, „Гаспром“: Не праќаме поради проблеми со опремата Read More »

Москва не очекува напредок во односите со Лондон по изборот на Трас


Русија не „очекува промени“ на подобро во односите со Велика Британија по изборот на Лиз Трас за британска премиерка, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Ако судиме според изјавите на госпоѓата Трас додека таа сè уште беше министерка за надворешни работи, можеме со голема сигурност да кажеме дека не треба да очекуваме промени …

Москва не очекува напредок во односите со Лондон по изборот на Трас Read More »

Кои витамини и минерали ви требаат по 40-тата?


Телото од храната што ја внесуваме ги зема потребните протеини, јаглехидрати, масти, минерали и витамини за да ја подобри клеточната делба, да ги спроведе нервните сигнали, да ја подобри густината на коските, итн. Без соодветни количини на овие елементи, телото ја губи способноста да работи правилно. Денес, недостатокот на витамини и минерали е чест проблем …

Кои витамини и минерали ви требаат по 40-тата? Read More »

Две од последните три германски нуклеарни централи ќе бидат ставени во состојба на подготвеност


Две од последните три германски нуклеарни централи ќе бидат ставени во состојба на подготвеност до средината на април 2023 година, наместо да бидат затворени до крајот на годината, како што беше претходно планирано, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек. Двете електрани – Исар II во Баварија и Некарвестхајм во југозападната покраина Баден-Виртемберг – …

Две од последните три германски нуклеарни централи ќе бидат ставени во состојба на подготвеност Read More »

АМС ги одреди добитниците на Државната наградата „8 Септември“


Агенцијата за млади и спорт согласно Законот за државни награди ја објавува Одлуката за доделување на највисоко признание за животно дело и признанија за остварувања во областа на спортот донесена на седница на Одборот за доделување на државната награда „8-ми Септември“ одржана на ден 02.09.2022 година, соопшти попладнево АМС. Наградата за животно дело за исклучителен …

АМС ги одреди добитниците на Државната наградата „8 Септември“ Read More »

Полицаец примил 400 евра поткуп за приведено лице да не оди зад решетки


  Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е поднесена кривична пријава против И.М. од Тетово, вработен во СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.   Како што информира МВР, на 24.08.2022 во Тетово, при вршење увид и лишување од слобода на едно …

Полицаец примил 400 евра поткуп за приведено лице да не оди зад решетки Read More »

За три дена, четворица починати и 254 нови случаи на Ковид-19


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 02.09 до 04.09.2022): Направени се 1.308 тестови, а регистрирани се 254 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 143, Битола – 22, Охрид – 11, Куманово – 10, Тетово – 9, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кичево и …

За три дена, четворица починати и 254 нови случаи на Ковид-19 Read More »

Гаско: Норвешка очекува рекорден извоз на гас оваа година


Норвешкиот систем за извоз на гас треба да испорача рекордни количини енергија во Европа оваа година, по паузата во септември заради одржување, изјави денеска шефот на операторот на гасоводниот систем Гаско. Норвешка стана најголемиот снабдувач на гас во Европа оваа година, престигнувајќи ја Русија дури и пред минатонеделното затворање на гасоводот Северен тек 1, покажуваат …

Гаско: Норвешка очекува рекорден извоз на гас оваа година Read More »