Судот му го продолжи куќниот притвор на лицето кое нападна новинарска екипа


Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје за продолжување на мерката куќен притвор за М.П., за кој постoи основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство“, а поврзано со вербалниот и физички напад на новинарската екипа на ТВ 24, советот го прифати предлогот и ја продолжи мерката …

Судот му го продолжи куќниот притвор на лицето кое нападна новинарска екипа Read More »

Анчелоти: Навивам за Канада на СП 2022 – ова е мојот втор дом


 Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа за кого ќе навива на Светското првенство во Катар во 2022 година. – На Светското првенство ќе навивам за Канада. Таа не беше на Мундијалите многу години, а ова е мојот втор дом. Покрај ова, претседателот на Канадската федерација (претседател на КОНКАКАФ и потпретседател на ФИФА Виктор Монтаљани) …

Анчелоти: Навивам за Канада на СП 2022 – ова е мојот втор дом Read More »

Мајките и сопругите на руските војници бесни на Путин: „Владимир Владимирович, кукавицо!“


  Советот на сопруги и мајки на организацијата на жени чии членови на семејството служат во руската војска биле инзненадени кога слушнале за планираниот состанок со претседателот Владимир Путин со неколку мајки на војници, на кој не била повикана ни една нивна членка, пишува независниот портал „Медуза3. Претседателката на Советот Олга Цуканова објавила видео во …

Мајките и сопругите на руските војници бесни на Путин: „Владимир Владимирович, кукавицо!“ Read More »

Грција и Египет потпишаа договор за соработка во воздухопловната и поморската потрага и спасување


 Меморандум за разбирање меѓу грчката и египетската Влада за соработка во областа на воздухопловната и поморската потрага и спасување, како и билатерален договор за 5.000 сезонски работници потпишаа во Каиро надлежните министри од Грција и Египет, јави дописничката на МИА од Атина. Министрите за одбрана на двете земји, Никос Панајотопулос и Мохамед Заки го потпишаа …

Грција и Египет потпишаа договор за соработка во воздухопловната и поморската потрага и спасување Read More »

Камион пропадна во подната фонтана на Градскиот плоштад


Камион со турски регистерски таблички утрово пропадна во подната фонтана на плоштадот „Македонија“. Тој е дел од тимот на турска филмска продукција која снима филм во Скопје. За таа цел, во моментот се оградува просторот на кејот на Вардар, помеѓу реката Вардар и зградата на Македонски телеком. Допрва градските власти ќе треба да обелоденат зошто …

Камион пропадна во подната фонтана на Градскиот плоштад Read More »

Кривична пријава против скопјанец за фалсификување пари


СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.Л.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари” по член 268 Кривичниот законик. Пријавениот, информираа денеска од МВР, набавил фалсификувана банкнота од 500 евра и на 26.11.2021 ја употребил при купување на продукти во продажен објект …

Кривична пријава против скопјанец за фалсификување пари Read More »

„Политико“: СЗО ќе ги преименува мајмунските сипаници за да ја намали стигматизацијата на болеста


Светската здравствена организација (СЗО) планира да ги преименува мајмунските сипаници во „сипаници“ во обид да ја намали стигматизацијата за оваа болест, јави Политико. Според весникот, што се повикува на познати извори, одлуката би можела да биде објавена уште денеска, откако во летото беше постигнат првичен договор СЗО да ги разгледа предлозите за ново име за …

„Политико“: СЗО ќе ги преименува мајмунските сипаници за да ја намали стигматизацијата на болеста Read More »

Снег на Шар Планина


Денеска Попова Шапка е под снежна покривка. Глетката е зимска, а туристите веќе ја посетуваат оваа прекрасна дестинација.  

ЕУ воведе нови ознаки на автомобилските гуми


Од 2012 година, автомобилските гуми во продавниците за гуми мора да бидат означени, слично на машините за перење или фрижидерите во продавниците за електроника. Оваа ознака има за цел да им овозможи на купувачите на гуми да ги проценат индивидуалните својства на конкретните гуми или да споредат различни модели на гуми според три критериуми: триење, …

ЕУ воведе нови ознаки на автомобилските гуми Read More »

За гаснење на Tesla Model S пожарникари потрошиле 45.425 литри вода


Откако во Пенсилванија на автопат се запалил електричен Tesla Model S, пожарникарите морале да употребат огромна количина вода за да го изгаснат пожарот. Инцидентот се случил во централна Пенсилванија откако долниот дел на автомобилот удрил во нешто на автопатот. Откако се појавил чад, возачот го запрел возилото и со другите двајца патници од автомобилот излегол …

За гаснење на Tesla Model S пожарникари потрошиле 45.425 литри вода Read More »

(Видео) Поплави во Тетово


Oбилниот дожд ги наполнил улиците во Тетово со вода, јави ТВ21. Поплавени се и дворови, подруми, улици и други објекти. Официјални соопштенија од надлежните уште нема, ниту дали се работи на терен.  

СП2022: По победата над Аргентина утре е државен празник во Саудиска Арабија


Саудискиот владетел, кралот Салман, го прогласи утрешниот ден за државен празник во земјата по повод денешната сензационална победа на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија над Аргентина (2-1) на Светското првенство во Катар. Среда ќе биде неработен за сите вработени во јавниот сектор, а затворени ќе останат и училиштата и факултетите. Саудиските власти, исто така, соопштија дека влезот во три …

СП2022: По победата над Аргентина утре е државен празник во Саудиска Арабија Read More »

За 23 отсто зголемен бројот на починати од Ковид-19 во Грција


 За 23 отсто се зголемил бројот на починати од Ковид-19 во Грција, а за четири проценти се намалил бројот на заразени во периодот од 14 до 20 ноември 2022 година, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. За една седмица биле регистрирани  53.800 случаи, од кои …

За 23 отсто зголемен бројот на починати од Ковид-19 во Грција Read More »

(Видео) Земјотрес од 6,2 степени во близина на мексиканскиот брег на Долна Калифорнија


Земјотрес со јачина од 6,2 степени е регистриран во близина на брегот на мексиканската држава Долна Калифорнија, соопшти Геофизичкиот институт на САД. Земјотресот бил на длабочина од 19 километри. Епицентарот на земјотресот бил на околу 30 километри западно-југозападно од Лас Бризас, Долна Калифорнија, додава институтот. Нема извештаи за жртви или материјална штета. 

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата


Од петок во Каталонија се воведуваат ограничувања за потрошувачката на вода поради повеќемесечната суша и тие ќе погодат 6,7 милиони луѓе или 80 отсто од населението во тој регион. Портпаролката на каталонската администрација, Патриша Плаха, рече дека засега нема да биде неопходно да се ограничи употребата на вода во домовите за миење, готвење или пиење, …

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата Read More »

Ограбен објект на фирма за вршење поштенски услуги во Скопје


Министерството за внатрешни работи информира за кражба во објект на фирма за вршење поштенски услуги во Скопје.  Од таму соопштуваат дека биле одземени чанта со пари и документи. -На 21.11.2022 во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.56 часот на бул.„Партизански одреди“, пред објект на фирма за вршење поштенски услуги, две лица со закана кон …

Ограбен објект на фирма за вршење поштенски услуги во Скопје Read More »

Стевчо Јакимовски прогласен за почесен граѓанин на Тиват


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, е прогласен за почесен граѓанин на Општина Тиват. Тој го изрази задоволството од укажаната чест. -На мое огромно задоволство јас и г-динот Миленко Филиповиќ поранешен Градоначалник на Сремски Карловци сме прогласени за почесни граѓани на Општина Тиват. Во центарот на Тиват именувани се „улица Карпошка“ и улица „Сремско Карловачка“, …

Стевчо Јакимовски прогласен за почесен граѓанин на Тиват Read More »

Елон Маск масовно отпушташе, сега итно вработува персонал


Одлуката за масовно отпуштање работници не помина без проблеми, бидејќи Елон Маск сега бара од вработените да препорачаат нови луѓе. Кога Елон Маск го презеде Твитер на крајот на октомври, неговиот прв потег беше да ги отпушти речиси сите луѓе на раководни позиции во компанијата. Најбогатиот човек во светот не застана тука, туку во наредниот …

Елон Маск масовно отпушташе, сега итно вработува персонал Read More »

ММФ ги одобри средствата од ПЛЛ инструментот за земјава


Канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје попладнево соопшти дека Извршниот одбор на ММФ го одобрил двегодишниот аранжман за Северна Македонија според Линијата за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ) во износ од околу 530 милиони евра. Одобрувањето на аранжманот, како што стои во соопштението, овозможува итна исплата на околу 110 милиони евра, што ќе биде проследено …

ММФ ги одобри средствата од ПЛЛ инструментот за земјава Read More »

Клинички центар го стави во мирување најавениот протест, имаат понуда од Владата


Самостојниот синдикат на Клинички центар (ССКЦ) денеска постигна договор со Владата, со што утрешниот најавен протест се става во мирување, потврди во изјава за МИА, потпретседателот на ССКЦ Предраг Серафимовски, нагласувајќи дека владината понуда е во согласност со нивните барања и поради тоа е донесена одлука да не протестираат. – Денеска одржавме состанок со претседателите …

Клинички центар го стави во мирување најавениот протест, имаат понуда од Владата Read More »