Анчелоти: Навивам за Канада на СП 2022 – ова е мојот втор дом


 Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа за кого ќе навива на Светското првенство во Катар во 2022 година.

– На Светското првенство ќе навивам за Канада. Таа не беше на Мундијалите многу години, а ова е мојот втор дом. Покрај ова, претседателот на Канадската федерација (претседател на КОНКАКАФ и потпретседател на ФИФА Виктор Монтаљани) е од Абруцо (регион во централна Италија). Многумина ќе навиваат за Канада. Дали би можел да бидам тренер на Канада? Да, но с\ уште е рано. Можеби во 2026 година. Зошто да не? Канада е во подем во моментов, изјави Анчелоти за радио „Раи Уно“.

Анчелоти е оженет со канадската бизнисменка Маријан Мекклеј. Во групната фаза на Светското првенство во 2022 година, Канада ќе игра со Белгија, Хрватска и Мароко.

Вечер од 20 часот Канаѓаните ќе се соочат со Белгија.