Промовиран романот „Тарафот“ од Петар Трајков


Во автентичен  книжевно  афирмативен  амбиент на Метаноја кафе во Скопје во сабота  се одржа промотивно читање на  книгата „Тарафот“ од Петар Трајков од Струмица.  Промоцијата беше реализирана како читање на делови од текстот одбрани лично од авторот. И негова интерпретација.  Модел  кој авторот го избрал како  актуелен во земјите со искусна читачка публика. Промовирање со …

Промовиран романот „Тарафот“ од Петар Трајков Read More »

Шефот на НАТО ја пофали германската поддршка за Украина пред средбата во Букурешт


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја пофали поддршката на Германија за одбраната на Украина од руската инвазија, во изјава за неделното издание на германскиот весник „Велт“, два дена пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Алијансата во Букурешт. „Силната поддршка на Германија прави одлучувачка разлика“, рече Столтенберг. Германија претходно беше постојано …

Шефот на НАТО ја пофали германската поддршка за Украина пред средбата во Букурешт Read More »

Николовски: Зелената транзиција меѓу клучните приоритети на МЗШВ


Зелената транзиција е еден од клучните приоритети на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ), покрај другите реформи кои ги спроведуваме и верувам дека заеднички со одговорните компании и институциите ќе придонесеме да ја менуваме свеста, да се однесуваме одговорно и да имаме што повеќе и подобри вакви успешни примери, изјави ресорниот министер Љупчо Николовски …

Николовски: Зелената транзиција меѓу клучните приоритети на МЗШВ Read More »

АД Мепсо: Интензивни активности во ТС Битола 2 за намалување на ризиците од испади или дефекти


Во насока на искористување на добрите временски услови, деновиве во ТС Битола 2 се вршат засилени ремонтни активности согласно договорот за ревитализација на високонапонската опрема во оваа трафостаница. Овој проект опфаќа замена на 67 раставувачи на 400 kV и 110 kV напонско ниво,  замена на 114 потпорни изолатори и поставување на 75 мерни трансформатори на …

АД Мепсо: Интензивни активности во ТС Битола 2 за намалување на ризиците од испади или дефекти Read More »

Русија не е сериозно ослабена од војната во Украина, тврди естонскиот министер за одбрана


 Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур изјави дека не мисли оти Русија е сериозно ослабена од војната во Украина, јави ДПА. „Мораме да бидеме искрени и јасно да кажеме дека руската морнарица и руските воздухопловни сили се приближно големи колку што беа пред војната“, изјави Певкур за ДПА за време на неговата посета на Берлин. …

Русија не е сериозно ослабена од војната во Украина, тврди естонскиот министер за одбрана Read More »

Приведен дилер, пронајдена дрога во Скопје


Во саботата, во 22.45 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Н.(44) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и семки од канабис. Тој бил задржан во …

Приведен дилер, пронајдена дрога во Скопје Read More »

Министерството за транспорт и врски заштедило 47 отсто електрична енергија


Согласно препораките од Владата, Министерството за транспорт и врски спроведе мерки ненарушувајќи го процесот на работа и заштеди 47 отсто електрична енергија во октомври 2022 година, споредбено со истиот месец минатата година. Во овие времиња кога сите ги чувствуваат последиците од светската енергетска криза и недостатокот на енергенси, со навремени мерки и почитување на препораките, …

Министерството за транспорт и врски заштедило 47 отсто електрична енергија Read More »

СП2022: ФИФА поради знаме почна дисциплинска постапка против Србија


Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека е отворена дисциплинска постапка против Фудбалската федерација на Србија откако знаме на кое Косово е прикажано како дел од територијата на Србија било закачено во соблекувалната пред натпреварот со Бразил на Светското првенство во Катар. Србија во четвртокот загуби од Бразил со 2-0, а фотографијата со знамето на кое е испишана …

СП2022: ФИФА поради знаме почна дисциплинска постапка против Србија Read More »

МЗ: Изготвен е план за рационализирање на трошоците во здравствените установи


 По донесување на мерките и препораките за рационално користење на електричната енергија од Економско-енергетскиот совет на Владата во пресрет на грејната сезона, донесена е одлука јавните здравствени установи да склучат договори за електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската, соопшти Министерството за здравство. Оттаму посочуваат дека во координација со здравствените установи изготвен …

МЗ: Изготвен е план за рационализирање на трошоците во здравствените установи Read More »

Се проверуваат броилата на пријавените институции за субвенционирана струја


Процесот за снабдување со поевтина електрична енергија за клучните субјекти по одлуката на Владата тече непречено и без никаков застој, и сите пријавени кои исполнуваат услови ќе добијат електрична енергија од ЕСМ Продажба од 1 декември. ЕСМ Продажба ги отфрла неоснованите изјави од страна на одредени претставници од стопански асоцијации во кои без аргументи и …

Се проверуваат броилата на пријавените институции за субвенционирана струја Read More »

Во Лондон на раздалеченост од 1,5 км, најдени двајца мртви тинејџери


Две 16-годишни момчиња избодени се на смрт на две локации на оддалеченост од 1,5 километри во југоисточен Лондон, соопшти полицијата. Како што пишува „Скај њус“, полицијата истражува дали постои врска меѓу двете убиства за кои се верува дека се случиле во речиси исто време. Полицајците се повикани во 5.10 во саботата наутро поради дојава за …

Во Лондон на раздалеченост од 1,5 км, најдени двајца мртви тинејџери Read More »

Две братчиња 1 и 3 избодени до смрт во Бронкс, мајката приведена


Две момчиња на возраст од три години и 11 месеци се пронајдени во стан во предградието Бронкс во Њујорк со повеќе убодни рани на вратот и торзото и се пренесени во болница, но повредите биле премногу тешки и лекарите не можеле да ги спасат, пренесуваат американските медиуми. Нивната 24-годишна мајка била однесена во полиција, а …

Две братчиња 1 и 3 избодени до смрт во Бронкс, мајката приведена Read More »

Протести во Шангај поради ограничувањата за Ковид-19


Во Шангај денеска избувнаа протести поради заклучувањето како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, нагласуваат очевидци во изјави за западни медиуми, додека во Кина расте гневот против драконската политика „нулта ковид“ што владата ја спроведува речиси три години. Во видео на интернет, а кое според агенцијата Франс прес е снимено на улица во центарот …

Протести во Шангај поради ограничувањата за Ковид-19 Read More »

Претседателот со најдолг стаж во светот го продолжува своето 43-годишно владеење


Претседателот на Екваторијална Гвинеја, Теодоро Обианг Нгуема Мбасого е реизбран на функцијата со 95 отсто од гласовите на изборите одржани на 20 ноември. Неговиот син и потпретседател на земјата, Теодоро Нгуема Обианг Манге, го овјави тоа на Твитер. Засега западни медиуми не можат да потврдат дали тоа тврдење е веродостојно. Победата ќе му даде на …

Претседателот со најдолг стаж во светот го продолжува своето 43-годишно владеење Read More »

Софија, Сараево и Белград меѓу најзагадените градови утрово


  Граѓаните на три главни градови од регионот утрово се разбудија во смог. Имено, главните градови на Бугарија, Србија и на БиХ се најдоа на листата 10 најзагадени градови во светот. Според податоците на IQAir, Сараево е петти најзагаден град во светот со индекс на загаденост од 168, а во утринските часови беше и позагаден …

Софија, Сараево и Белград меѓу најзагадените градови утрово Read More »

Во Тирана заедничка седница на Парламентите на Албанија и на Косово


По повод 110-годишнината од независноста на Албанија, денеска во Собранието на Албанија во Тирана ќе се одржи заедничка свечена седница на албанскиот и на косовскиот Парламент.   На почетокот на седницата пред пратениците ќе се обратат претседателката на Собранието на Албанија, Линдита Никола и претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца.   По нив ќе …

Во Тирана заедничка седница на Парламентите на Албанија и на Косово Read More »

Секој трет имигрант кој го минува Ла Манш е Албанец, тврдат британските медиуми


Британските медиуми пренесуваат дека секој трет имигрант кој илегално го минува Ла Манш и стигнува на британска територија е Албанец, јави Топ чанел. – Бројот на баратели на азил кои добиваат поддршка финансирана од парите на британските даночни обврзници за првпат достигна 100.000. Тоа го покажуваат податоците на „ Home Office”, според кои ова е …

Секој трет имигрант кој го минува Ла Манш е Албанец, тврдат британските медиуми Read More »

Хрватската куна ќе може да се разменува на домашниот девизен и менувачки пазар до Нова година


Согласно одлуката на Советот на ЕУ за приклучување на Хрватска кон евро-зоната на 1 јануари 2023 година, хрватската куна ќе биде официјално парично средство заклучно со 31 декември 2022 година. Имајќи предвид дека хрватската куна е дел од Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија, средниот курс за денарот во однос на хрватската …

Хрватската куна ќе може да се разменува на домашниот девизен и менувачки пазар до Нова година Read More »

РЕС снабдува со електрична енергија 190 компании од приватниот сектор носители на економскиот живот во државата


Снабдувачот со електрична енергија РЕС (Reneweble Energy Supply), единствен на пазарот нуди фиксни цени на електричната енергија, како и најниски берзански цени за домашните и за странските фирми во земјата. РЕС, компанија дел од групациите Централ Инвест и Феро Инвест, во моментот снабдува околу 190 компании исклучиво од приватниот сектор, кои се меѓу главните носители …

РЕС снабдува со електрична енергија 190 компании од приватниот сектор носители на економскиот живот во државата Read More »

Талибанците заработиле милиони од Светското првенство


Талибанците заработиле милиони од организацијата на Светското првенство така што обезбедиле градежна опрема за изградба на стадионите во Катар, пишува англискиот „Телеграф“. Високи талибански функционери користеле пари кои ги добиле за мировните преговори за купување, со изнајмување тешки машини за изградба на стадионите во изминатата деценија, открива извор од талибанската канцеларија во Доха. Значителен контингент …

Талибанците заработиле милиони од Светското првенство Read More »