Во Лондон на раздалеченост од 1,5 км, најдени двајца мртви тинејџери


Две 16-годишни момчиња избодени се на смрт на две локации на оддалеченост од 1,5 километри во југоисточен Лондон, соопшти полицијата.

Како што пишува „Скај њус“, полицијата истражува дали постои врска меѓу двете убиства за кои се верува дека се случиле во речиси исто време.

Полицајците се повикани во 5.10 во саботата наутро поради дојава за повредени лица на двете места, а на секое нашле по еден избоден тинејџер.

Двајцата биле најдени живи, но подоцна починале.

Истрагата за убиствата е во тек, но со оглед на близината во времето и оддалеченоста на инцидентот, полицијата се обидува да утврди врска меѓу нив, соопшти метрополитенската полиција.