Талибанците заработиле милиони од Светското првенство


Талибанците заработиле милиони од организацијата на Светското првенство така што обезбедиле градежна опрема за изградба на стадионите во Катар, пишува англискиот „Телеграф“.

Високи талибански функционери користеле пари кои ги добиле за мировните преговори за купување, со изнајмување тешки машини за изградба на стадионите во изминатата деценија, открива извор од талибанската канцеларија во Доха.

Значителен контингент на талибански лидети живееле во Доха, главниот град на Катар, од 2013 година наваму, каде биле вклучени во долготрајни мировни преговори со САД и со ОН.

„Талибанците вложија големи средства во изградба на стадиониоте на Светското првенство и турнирот бил „златна кокошка“ за нив. Платени се со милиони“, тврди извор за „Телеграф“.

„Некои членови на талибанците имале меѓу шест и девет парчиња големи машини во Доха и заработувале до 10.000 фунти по машина месечно.“

Сва одвоени високи талибански извори опишале како функционерите добивале вносни накнади за живот во земјата во текот на мировнитепреговори, кои потоа се вложувани во големи градежни машини.

Катарските власти, со одобрение на САД и ОН, ги исплаќале членовите на талибанската политичка канцеларија во Доха, со меселна стипендија вредна илјадници фунти, како дел од напорите да се олеснат мировните преговори со Западот.

На функционерите кои доаѓале во посета обезбедени им се луксузни теренци, бесплатна здравствена заштита и редовна достава на храна.