Силен земјотрес регистриран на Тајван


Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на Тајван. Земјотресот бил на длабочина од околу еден километар под површината на земјата. Издадено е предупредување од појава на цунами. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Курти не ја исклучува можноста од нова војна во Косово


Косовскиот премиер Албин Курти вели дека постои можност од избувнување нова војна во Косово, имајќи предвид дека Србија продолжува да ја снабдува својата војска со оружје од Русија и Кина, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист‘, што го пренесуваат косовските медиуми, Курти рече дека „би било неодговорно …

Курти не ја исклучува можноста од нова војна во Косово Read More »

Повеќе тепачки низ Македонија, најмногу меѓу малолетници


Повеќе тепачки се регистрирани во полицискиот билтен од последното деноноќие на територијата на цела држава, а најмногу се оние каде натепани се малолетници. Вчера, околу 12.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во средно училиште во Виница малолетник од Виница физички нападнал малолетничка, исто така, од Виница. Во 21.12 часот во ОВР Крушево, …

Повеќе тепачки низ Македонија, најмногу меѓу малолетници Read More »

Старец починал откако паднал од дрво


  Во петокот, околу 12.50 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во с.Старо Конско, општина Богданци, Р.П.(72) од Кавадарци паднал од дрво во дворното место од викенд куќа и од здобиените повреди починал на местото. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на …

Старец починал откако паднал од дрво Read More »

Констракта ја крена публиката на нозе на „Звукот на Скопје“


Манифестацијата „Звукот на Скопје“ вчера ги раздвижи скопјани. Посетеноста на настаните беше огромна. Изложбата „Македонија“ (MASEDONIA) од бразилските уметници Даниел Kастинет ( Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto) во КИЦ предизвика големо интересирање и покрај љувителите на уметноста донесе бројни претставници на дипломатскиот кор во земјава меѓу присутните.   Атмосферата ја збогати и настапот …

Констракта ја крена публиката на нозе на „Звукот на Скопје“ Read More »

Арбен Таравари избран за В.Д. претседател на Алијансата за Албанците


Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари е избран за привремен В.Д. претседател на Алијансата за Албанците на денешното централно претседателство на партијата кое се одржува во Скопје. Зијадин Села поднесе оставка по лошите изборни резултати во Тетово. Инаку, пред почетокот на партиското Централното собрание, Зијадин Села изјави дека неговото повлекување од лидерската позиција во партијата не …

Арбен Таравари избран за В.Д. претседател на Алијансата за Албанците Read More »

И во Хрватска падна снег


Во Хрватска, на планината Велебит, поточно на врвот Завижан, денеска падна првиот снег, јави Државниот хидрометеоролошки завод. Според снимките од нивната камера поставени на ѕидот на планинарскиот дом Завижан, на тлото се задржала мала количина снег. Според податоците на ДХМР во 13 часот, на Завижан паѓа умерен снег, а има и силен ветар, додека температурата …

И во Хрватска падна снег Read More »

Билетите за последниот натпревар на Федерер достигнаа цена од 68.000 евра


Влезниците за последниот дуел во кариерата на швајцарскиот тенисер Роџер Федерер на претстојниот Лејвер куп во Лондон достигнаа цена од фантастични 68.000 евра, објавија британските медиуми. Федерер во средата објави дека ќе се повлече од професионалниот тенис по турнирот во Лондон на кој ќе настапи во тимот на Европа заедно со Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, додека настапот на …

Билетите за последниот натпревар на Федерер достигнаа цена од 68.000 евра Read More »

На Јапонија и се приближува супертајфунот Нанмадол


Јапонската метеоролошка служба апелира на евакуација на жителите на јужниот остров Кјушу пред пристигнувањето на супертајфунот Нанмадол. Според Заедничкиот центар на американската морнарица за предупредување од опасни тајфуни, Нанмадол би можел да прерасне во најразорна тропска бура, што ја погодила Јапонија во изминатите неколку децении. Јапонската метеоролошка агенција објави дека вечерва може да издаде „специјално …

На Јапонија и се приближува супертајфунот Нанмадол Read More »

Изменет сообраќаен режим во недела, во Скопје, заради атлетски трки


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 18.09.2022 (недела) со почеток во 08.00 часот, во организација на атлетски клуб Korrunners, ќе се одржи атлетска улична трка „Колорран 2022“.   Трката ќе се одвива по следнава траса – старт на ул.„Беласица“ пред ТЦ Ист Гејт Мол, десно по бул.„Гоце Делчев“ (десна коловозна лента), лево …

Изменет сообраќаен режим во недела, во Скопје, заради атлетски трки Read More »

Хаос во Белград: Противниците на Европрајд ја нападнаа полицијата


И покрај забраната, учесниците на Европрајд најавија дека денеска ќе се соберат во Белград и ќе се прошетаат низ центарот на градот. Утринава стигна и одлуката на Управниот суд кој ја одби жалбата на активистите на Прајд со образложение дека забраната на власта на српскиот претседател Александар Вучиќ е оправдана бидејќи постои опасност од судири. …

Хаос во Белград: Противниците на Европрајд ја нападнаа полицијата Read More »

СДСМ нема да дозволи нова катастрофа во Скопје


Кавгите во Градот Скопје, за пари, бизнис интереси и тендер вреден 136 милиони евра е на директна штета на граѓаните и го покажува вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од владејачката СДСМ. – Град Скопје една година стои во место. Клучните проекти за граѓаните се закочени, очигледно заради бизнис интереси на структури во ВМРО-ДПМНЕ. …

СДСМ нема да дозволи нова катастрофа во Скопје Read More »

Села се повлекува од челното место во АА, но не и од политиката


Претседателот на Алијанса за Албанците во оставка Зијадин Села денеска пред почетокот на партиското Централното собрание, изјави дека неговото повлекување од лидерската позиција во партијата не значи и повлекување од политиката. – Би било неблагодарно од моја страна да се повлечам од политиката имајќи предвид дека имам поддржувачи кои стојат зад мене и зад партијата. …

Села се повлекува од челното место во АА, но не и од политиката Read More »

До Владата сè уште не е доставена оставката на Милевски


До Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски официјално не е доставена оставката што ја најави министерот за локална самоуправа Горан Милевски, велат за МИА од владината прес-служба. Горан Милевски најави дека идната недела ќе се повлече од  функцијата министер за локална самоуправа во Владата. Информацијата тој ја потврдил утрово за ТВ 21 и за Локално. -После тригодишно …

До Владата сè уште не е доставена оставката на Милевски Read More »

Балансерот дискриминира, се бара намалување на државната администрација


Министерството за информатичко општество со допис побарало од сите државни институции да имаат најмалку 31,4 отсто вработени етнички Албанци, бројка која се однесува на граѓаните кои живеат во Македонија и во дијаспората. На оваа реагираат некои партии, кои бараат балансерот да се напушти, но и да се намали бројот на вработени до 30 отсто. По …

Балансерот дискриминира, се бара намалување на државната администрација Read More »

„Луѓето за луѓето“ – одбележани 30 години германско-македонска соработка


Трисет години германско-македонска соработка, учење едни од други, градење мостови меѓу нашите земји и нивните луѓе. Многубројните проекти се доказ за оваа соработка. Целта беше и целта е земјата да се движи напред на својот пат кон целосна евроатлантска интеграција, да има одржлив развој за подобар живот на луѓето во хармонија со природата и животната …

„Луѓето за луѓето“ – одбележани 30 години германско-македонска соработка Read More »

Дебата: Расте бројот на предмети решени со медијација, но информираноста е слаба


Поголемиот број од испитани судии и јавни обвинители не се доволно запознаени со користењето на медијацијата во земјава и напорите за промоција и поддршка на медијацијата, а сè тоа резултира со слаба упатеност на предмети на медијација. Сепак, сметаат дека нејзиното користење ќе помогне на правосудниот систем. Ова беше заклучено на завршната конференција „Употреба на …

Дебата: Расте бројот на предмети решени со медијација, но информираноста е слаба Read More »

Од утринава редици во Минхен пред почетокот на фестивалот на пивото – Октоберфест


Жителите и посетители на Минхен нетрпеливи да присуствуваат на првиот Октоберфест од 2019 година формираа долги редици рано утринава, неколку часа пред да се отвори познатиот фестивал на пивото во главниот град на Баварија. Веќе во пет часот, мажи и жени облечени во традиционални баварски носии се собраа пред шаторите, иако првото буре со пиво …

Од утринава редици во Минхен пред почетокот на фестивалот на пивото – Октоберфест Read More »

Версај и Лувр порано ќе ги гаснат светлата за да се заштеди енергија


По Ајфеловата кула и другите култни париски згради – дворците Лувр и Версај – ќе се откажат од надворешното осветлување. Тоа е симболична мерка потребна за да се сврти вниманието кон енергетската криза, изјави денеска француската министерка за култура Рима Абдул Малак. Од вечерва пирамидата на Лувр наместо до 1 часот по полноќ ќе биде …

Версај и Лувр порано ќе ги гаснат светлата за да се заштеди енергија Read More »

Денеска дождливо, од утре намалување на облачноста и пад на температурите


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. На места врнежите ќе бидат пообилни (локално над 25 л/м2 воден талог). Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. Во Скопје во текот на денов ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен …

Денеска дождливо, од утре намалување на облачноста и пад на температурите Read More »