Шведски институт: Половина светски демократии се во распаѓање


 

Половина од светските демократии се во состојба на пропаѓање со влоување на граѓанските слободи и владеењето на правото, ао авторитарни власти кои стануваат порепресивни, предупреди во средата Институтот за демократија и изборна помош (ИДЕА) со седиште во Стокхолм.

Во својот годишен извештај ИДЕА наведува дека демократските институции се потпкопуваат поради проблеми кои вклучуваат ограничување на слободата на изразување и се поголемата недоверба во легитимитетот на изборите.

Како посебни предизвици ИДЕА истакнува неколку фактори кои придонесуваат за влошување на состојбата на демократијата во светот: руската војна во Украина, глобалната рецесија која доаѓа, климатските промени и пандемијата до Ковид-19.

„Светот се соочува со повеќе кризи истовремено, од растот на трошоците на живот до ризикот од нукеларен судир и галобпирачката климатска криза. Истовремено, сведочиме на пад на демократските стандарди во светот. Тоа е токсична мешавина“, пишува во извештајот за студијата за 2022 година.

Унгарија, Полска и САД

ИДЕА следи и собира податоци за сотојбата на демократиите во светот од 1975 година. Институтот го темели својот индекс на глобалната состојба на демократијата на 100 варијабли, од слобода на изразување до личен интегритет и прашања на безбедноста.

Во извештајот се наведува дека бројот на земји кои „назадувале“, во кои се забележува сериозна ерозија на демократијата, никогаш не бил толку голем.

Како земји со проблеми во големата политичка поларизација, дисфункционални институции и закани по граѓанските слободи, ИСЕА ги спомува Полска, УНгарија и САД.

Во Европа, речиси половина од демократиите бележат назадување, но протиоа се истакнуда дека демократските вредности и институции се клучен штит против руската агресија, не само во Украина туку и во земјите од регионот.

„Руската војна во Украина ја прортресе Европа, присилувајќи ја да го разгледа своето сигурносно окружување и да се соочи со енергетската криза и кризата со несигурност околу храната“, пишува во извештајот.

Демократијата е изложена на закани

„Демократијата на глобално ниво, се заклучува во извештајот, е изложена на различни закани, а најголем проблем претставува легитимноста на изборните резултати, ограничената слобода и правата на интернет, тврдокорната корупција и растот на екстремно десните партии“.

„Никогаш не било поитно демократиите на одговорат на овие предизвици и да им покажат на своите граѓани дека е можено да склопат нови, иновативни општествени врски кои не не делат, туку не обедиунуваат“, истакнува ИДЕА.

Што се однесува до авторитарните режими, ИДЕА тврди дека нивниот број во последните шест години е двојно зголемен, но Африка се покажа поотпорна на нестабилноста во светот, па Гамбија, Нигер и Замбија забележале демократски исчекор.