Одлука на Владата за реконструкција на две основни училишта во Куманово


 На предлог на Министерството за образование и наука, Владата денеска на седница разгледа и усвои Информација за спроведување повеќегодишна јавна набавка за градежни работи за реконструкција на објектите на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Петков Мисирков“ во Куманово, како и услуги за вршење на стручно-технички надзор врз реконструкција.

– Притоа беше задолжено Министерството за образование и наука да ја спроведе постапката за проектот кој предвидува замена на стар и дотраен кровен покривач со енергетски ефикасен покрив. Предвидена е и внатрешна замена на стари и дотраени материјали, соопшти владината прес-служба.