Прилепското обвинителство отвори предмет за болницата по смртта на тројца пациенти


Според основниот јавен обвинител Маријана Илиеска, обвинителството побара целосна документација за три случаи на лекување пациенти, една е пациентката на 52 години и уште двајца 30-годишници. -Отворивме предмет по допрен глас за утврдување евентуална кривична одговорност на вработени во Болницата. Едниот лучај е за 52-годишна пациентка која се лекувала на гинекологија и која со компликации …

Прилепското обвинителство отвори предмет за болницата по смртта на тројца пациенти Read More »

Општина Центар ќе формира јавно претпријатие за производство на струја – „Енергија Центар“


На денешната 20-та седница на Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот, Горан Герасимовски, советниците ја донесоа Одлуката за основање трговско друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, или со скратен назив, „Енергија Центар“. Со реализацијата на овој проект, општината ќе биде електроенергетски независна и самоодржлива и во нејзиниот развој …

Општина Центар ќе формира јавно претпријатие за производство на струја – „Енергија Центар“ Read More »

До есен ќе заврши реконструкцијата на патот Струга – Ќафасан


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на јавното претпријатие државни патишта, Ејуп Рустеми и градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, денеска извршија увид во градежните работи на рехабилтација на регионалниот пат Струга – Ќафасан. Рехабилитацијата, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, се реализира во должина од 19,3 километри, на потег од …

До есен ќе заврши реконструкцијата на патот Струга – Ќафасан Read More »

Донација од Грција за прилепската градинка „Гоце Делчев“


Школски прибор, храна и сокови донираа грчките компании во земјава преку амбасадата на Република Грција во Скопје и преку конзулатот од Битола за децата во прилепската градинка „Гоце Делчев“. Костадинос Прокакис од грчката амбасада во земјава рече дека донацијата е симболична, ама е најава за соработка. -Донацијата е мала и симболична, но битно е што …

Донација од Грција за прилепската градинка „Гоце Делчев“ Read More »

Вучиќ и Курти го потврдија учеството на состанокот во Брисел на 27 февруари


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти го потврдија учеството во новата рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина, што ќе се одржи во понеделник (27 февруари) во Брисел. На состанокот ќе се разговара за предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, соопшти денеска …

Вучиќ и Курти го потврдија учеството на состанокот во Брисел на 27 февруари Read More »

Андонов: Заинтересираните компании да се пријават на повикот од ЕСМ Продажба


Во текот на вчерашниот ден се произведени вкупно 15.554 мегават часови електрична енергија од кои 11 798 се од термоелектраните, додека 3.756 од обновливи извори на енергија. Ова производство е за домаќинствата и малите потрошувачи, како и за дополнителните снабдувања за училиштата, прехранбената индустрија и виталните државни субјекти, соопшти денеска Виктор Андонов, соработник за енергетика …

Андонов: Заинтересираните компании да се пријават на повикот од ЕСМ Продажба Read More »

Оперативните сали во прилепската болница остануваат затворени


Седми ден се затворени операциските сали во гинеколошкото, хируршкото и ортопедското одделение во прилепската болница. Минатата недела 52-годишна пациентка по интервенција на гинеколошкото одделение и по компликации, по еден ден е препратена на скопските клиники каде починала. Од четвртокот се затворени салите, а во петокот Државниот санитарен и здравствен инспекторат направил вонреден инспекциски надзор по информации од прилепскиот Центар …

Оперативните сали во прилепската болница остануваат затворени Read More »

Трамп: Се наоѓаме на работ на трета светска војна


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска оцени дека светот никогаш не бил поблиску до трета светска војна и дека актуелниот американски претседател Џо Бајден го турка светот во војна со своите постапки за поддршка на Украина. „Ако погледнете и сфатите какви чекори презема Бајден во врска со Украина, ќе видите дека тој систематски, но можеби …

Трамп: Се наоѓаме на работ на трета светска војна Read More »

(Во живо) По брифингот во ФЗОМ за хакерскиот напад


Проследете ја изјавата на директорката на ФЗОМ Магдалена Филиповска Грашкоска  Денеска, на одржаниот брифинг со новинарите, рече дека не смее да изнесува детали за тоа колку пари бараат хакерите. Таа информираше дека е отворена истрага за случајот.

Во Франција средношколец со нож уби професорка


Средношколец во градот Сен-Жан-де-Луз во близина на Бордо, на југозападот на Франција, денеска со нож уби професорка, соопштија претставници на француската Влада. Како последица на нападот животот го загуби професорка по шпански јазик, а ученикот е уапсен. Францускиот весник „Суд Вест“ објави дека ученикот влегол во училницата утрово додека наставничката предавала шпански и ја нападнал.

Колективно купување инвертери, нова кампања на ОПМ


Најмалку десет отсто пониска цена за секој клима уред и евентуално бесплатно монтирање, очекува Организацијата на потрошувачите (ОПМ) од новата кампања за колективно купување инвертери што стартува денеска.  За кампањата е подготвена посебна веб платформа www.kolektivnokupuvanje.mk, на која потрошувачите може да се регистрираат, а потоа и да добијат понуда за купување инвертер клима уред. -Преку колективното …

Колективно купување инвертери, нова кампања на ОПМ Read More »

(Во живо) Прес на Андонов за енергетската состојба


Прес-конференција ќе одржи соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Виктор Андонов на која ќе информира за енергетската состојба.

Снимка од бебиња во колички кои спијат на улица во Норвешка предизвика внимание


  Снимка поставена на ТикТок привлече внимание на корисниците на друштвените мрежи и многумина шокира, а прикажува бебиња оставени во колички на студеното време во Норвешка. Праксата на оставање бебиња надвот во колички без надзор е нормална во скандинавските земји, а се смета дека му помага на имунолошкиот систем на децата. Снимката брзо стана вирална, …

Снимка од бебиња во колички кои спијат на улица во Норвешка предизвика внимание Read More »

Дојави за бомби стигнале во 66 училишта во Скопје и едно во Прилеп


Бројот на училишта до кои денеска до 11 часот се пристигнати дојави за бомби се зголеми на 66 во Скопје и едно училиште во Прилеп. Дојава е упатен и до една скопска детска градинка.  Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за безбедно евакуирање на објектите и дека во тек се антитерористички …

Дојави за бомби стигнале во 66 училишта во Скопје и едно во Прилеп Read More »

Дали децата треба да спијат во креветот со мајката?


Децата треба да спијат во креветот на нивната мајка барем до тригодишна возраст, гласи советот на педијатарот Нилс Бергман од Универзитетот на Кејп Таун во Јужна Африка. Има и аргументи против. Според професорот, бебињата од два дена кои се сместени во креветчиња спијат полошо од оние кои дремат на градите на својата мајка. Нивните срца, …

Дали децата треба да спијат во креветот со мајката? Read More »

Протест на медицинарите: Си одат медицински сестри и лекари, платата им се израмнува со техничкиот персонал


Здравствени работници во Скопје и во останатите градови низ државава, Штип, Куманово, Македонска Каменица, Делчево, Тетово,… претпладнето на протест во тек на паузата побараа покачување и исплата на платите без доцнење, усогласување со промените на минималната плата, потпишување колективен договор, подобри услови за работа и задржување на медицинскиот кадар во земјава… – Упадот со нацрт-законот …

Протест на медицинарите: Си одат медицински сестри и лекари, платата им се израмнува со техничкиот персонал Read More »

Џафери за патните трошоци на пратениците: Собранието нема други механизми за испитување на веродостојноста


 Спикерот Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите во врска со високите патни трошоци кои ги добиваат пратениците истакна дека Собранието нема инструменти за испитување на веродостојноста на правото на пратеникот. -Прво и основно, со Деловникот е пропишано под кои услови се остварува правото патни трошкови и користење стан за таа намена, значи како алтернатива. …

Џафери за патните трошоци на пратениците: Собранието нема други механизми за испитување на веродостојноста Read More »

Со сателит ќе се мониторира што се сади по нивите


Со исплатата на субвенциите по површина обработливо земјиште независно од видот на земјоделската култура, се создадоа можности за воведување нов пристап во спроведувањето на теренските контроли, т.н. мониторинг на парцели – најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски. – Мониторингот кој годинава прв пат се воведува во земјите-членки на ЕУ, а кај нас ќе почне на …

Со сателит ќе се мониторира што се сади по нивите Read More »

Граѓаните за да ги завршат обврските во банка користат пауза или слободен ден


Работното време на експозитурите на банките во земјава е до 16 часот. Мал дел од нив работат до 17 часот. Ова е периодот во кој граѓаните можат да ги завршат обврските на шалтерите во банките, но оние чии работни обврски не дозволуваат да излезат од работа, се оневозможени да го сторат тоа. Дел од нив …

Граѓаните за да ги завршат обврските во банка користат пауза или слободен ден Read More »

Во сите основни училишта во Ѓорче Петров и во Гази Баба има дојава за бомба


Дојави за бомби денеска има и во сите основни училишта во Ѓорче Петров. Градоначалникот Стојкоски на својот фејсбук профил објави дека се спроведени протоколите за евакуација на учениците и цел образовен кадар. „Во сите општински основни училишта во Ѓорче Петров има пристигнато дојави за поставени бомби. Спроведени се протоколите за евакуација на учениците и цел …

Во сите основни училишта во Ѓорче Петров и во Гази Баба има дојава за бомба Read More »