Снимка од бебиња во колички кои спијат на улица во Норвешка предизвика внимание


 

Снимка поставена на ТикТок привлече внимание на корисниците на друштвените мрежи и многумина шокира, а прикажува бебиња оставени во колички на студеното време во Норвешка.

Праксата на оставање бебиња надвот во колички без надзор е нормална во скандинавските земји, а се смета дека му помага на имунолошкиот систем на децата.

Снимката брзо стана вирална, а тиктокерот Оли Боуман вели: Уште еден ден во Норвешка, уште една група бебиња оставени сами на стуиденото.“

„Погледнете колку ги има“, вели тој, прикажувајќи колона колички.

„Им помага во дишењето и ги прави независни. Всушност тоа е причината зошто толку луѓе во Норвешка ги напуштаат своите домови порано отколку во другите земји“, раскажува тиктокерот.

Но, корисниците се збунети со оваа пракса. Се прашуваат дали на родителите не им е страв од киднапирање.

Финска студија од 2008 година, објавена во Меѓународниот журнал за циркумполарно здравје, покажува дека децата „подолго спијат на отворено“ во однос на оние во затворен простор.

„искуствата на родителите главно се позитивни и повеќето родители не се соочиле со потенцијално опасна ситуација“, напишаа авторите, додавајќи декла постои ризик од хипотермија на посебно студено време, што значи дека важно е детето пригодно да е облечено.

Откако видеото стана вирално, Боуман излезе на улица и прашуваше родители дали ја имаат оваа пракса. некои велат не, некои понекогаш, а некои редовно.

@mrmelk_ Once a Viking always a Viking #raised #different ♬ original sound – Olly Bowman