Најмалку шестмина загинати во циклон во Мјанмар


Најмалку шест лица загинаа, а околу илјада се евакуирани од западниот брег на Мјанмар, откако силен циклон ги погоди таа земја и Бангладеш. При силниот налет на ветрот се повредени повеќе од 700 луѓе од околу 20.000 луѓе кои се засолниле во зградите на ридовите на градот Ситва, како што се манастирите, пагодите и училиштата. …

Најмалку шестмина загинати во циклон во Мјанмар Read More »

Ангелов: Засега не ни се заканува опасност од големи поплави


 Засега на државата не и се заканува опасност од големи поплави, порача директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов по денешната координативна средба во ЦУК.   На координативната средба во ЦУК, на која имало претставници на УХМР, Водостопанство, Противпожарната бригада на град Скопје, МВР, Дирекцијата за заштита и спасување, МЗШВ и на …

Ангелов: Засега не ни се заканува опасност од големи поплави Read More »

Вишокот килограми носи опасност од рак на бубрезите и на дебелото црево


Лицата со прекумерна тежина се соочуваат со зголемена можност од рак – дури и кога се чини оти се медицински здрави, посочува истражување на Универзитетот Лунд во Малме, Шведска. Истражувачите проучувале здравствени податоци на речиси 800.000 жители на Европа. Така, откриено е дека најзагрозени се обезните луѓе со метаболички компликации. Нормалниот крвен притисок, холестерол и …

Вишокот килограми носи опасност од рак на бубрезите и на дебелото црево Read More »

Сообраќаен режим на „Даме Груев“ поради асфалтирање


ЈП „Улици и патишта“ Скопје  ги известува граѓаните дека на ден 16.05.2023г.(вторник) и ден 17.05.2023г.(среда) поради изведба на градежни активности за асфалтирање на пешачките патеки  на улицата „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“, во периодот од 8 ч. наутро до 15 ч. попладне, ќе биде воведен …

Сообраќаен режим на „Даме Груев“ поради асфалтирање Read More »

Само 14 проценти од оние кои се во брак или заедница, користат модерни методи на контрацепција


Само 14 проценти од жените или нивните партнери кои се во брак или заедница, користат модерни методи на контрацепција. Кај жените кои не се во брак или заедница, 21 процент користат некаков вид на модерна контрацепција, соопшти денеска програмската раководителка од ХЕРА, Драгана Каровска-Чемерска пред почетокот на националната конференција ,,Младите и фармацевтите – заедно за …

Само 14 проценти од оние кои се во брак или заедница, користат модерни методи на контрацепција Read More »

Одбраната на обвинетите за убиството на Тот побараа повторување на постапката


Бранителите на обвинетите во случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, денеска во Апелациониот суд во Скопје ги образложија своите жалби на пресудата на Основниот Кривичен суд Скопје и бараат повторување на постапката. Тие сметаат дека пресудата е неоснована поради суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка, погрешно утврдена фактичка состојба, повреда на Кривичниот …

Одбраната на обвинетите за убиството на Тот побараа повторување на постапката Read More »

Црна Гора бара 5.000 странски работници за сезоната


За оваа сезона ќе треба да се ангажираат околу 5.000 странски работници од регионот и од подалечните дестинации. Ова го изјави Сања Марковиќ, секретарката на УО на Здружението за туризам и угостителство на Стопанската комора на Црна Гора, а тоа го покажуваат и оценките на туристичката индустрија, пренесува Капитал. Таа изјави дека на неодамнешната средба …

Црна Гора бара 5.000 странски работници за сезоната Read More »

Струмичките археолози по четири децении повторно го истражуваат локалитетот „Свети 40 Севахистиски маченици“ во Банско


По пауза од речиси четири децении струмичките археолози повторно вршат археолошки истражувања на локалитетот „Свети 40 Севастиски маченици“ во селото Банско. Тимот на „Завод и Музеј Струмица“ го предводат археолозите Душко Цветанов и Ване Секулов и според нив станува збор за средновековна црква изградена во периодот 11-12 век. -Сакралниот објект поседува синтронос на источната страна …

Струмичките археолози по четири децении повторно го истражуваат локалитетот „Свети 40 Севахистиски маченици“ во Банско Read More »

Почина девојчето кое беше тешко повредено во пукотницата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград


Пациентката која се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со сериозни повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“, почина утринава, соопшти денеска Министерството за здравство на Србија. Таа починала и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување. Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое …

Почина девојчето кое беше тешко повредено во пукотницата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград Read More »

Бесими препорачува зголемувањето на платите во јавниот сектор да се имплементира од 2024 година


Министерот за финансии Фатимир Бесими денеска потврди дека за април 2023 година му е исплатена плата повисока за 78 отсто, согласно одлуката на Уставниот суд. Како што информира на денешната средба со новинарите, досегашната плата му била 71.145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари. Информира дека зголемена плата за 78 отсто им …

Бесими препорачува зголемувањето на платите во јавниот сектор да се имплементира од 2024 година Read More »

Османи прави зелена оаза на покривот на МНР


Министерот за надворешни работи и Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи заедно со вработените во МНР денеска засадуваа дрва на покривот на Министерството како пример за одговорно однесување кон животната средина и справување со проблемот со аерозагадувањето. „Грижата за животната средина треба да биде врвен приоритет во сите наши акции што ги правиме и како луѓе, …

Османи прави зелена оаза на покривот на МНР Read More »

Поскапеа горивата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 8.5.2023 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за …

Поскапеа горивата Read More »

Рекорден водостој на реките во Хрватска и БиХ, евакуација, испумпување, поплави


Дождот што непрестано паѓа од вчера предизвика прелезање на реките во Хрватска и Босна и Херцеговина. Реката Зрмања прелеа преку заштитниот ѕид кај Обровац во општината Грачац, каде се упатени пожарникари, припадници на Хрватската горска служба за спасување и цивилната заштита со чамци за спасување. Неколку реки се излеаја и во северозападниот дел на Босна …

Рекорден водостој на реките во Хрватска и БиХ, евакуација, испумпување, поплави Read More »

Тетовец и неговата сопруга го претепале соседот


Вчера, во 15.55 часот, во СВР Тетово бил повикан 34-годишниот тетовец К. М., кој претходно бил пријавен од 34-годишниот тетовец З. Х., инаку негов сосед, дека околу 15 часот на улицата Питу Гули во Тетово физички го нападнал. Според пријавеното, во нападот, во кој учествувала и неговата сопруга, К. М. употребил и остар предмет и …

Тетовец и неговата сопруга го претепале соседот Read More »

Завршува реконструкцијата на уште еден повеќенаменски спортски терен во Аеродром


​Во боите на Аеродром и МЗТ Скопје, аеродромци добиваат нов повеќенаменски спортски терен за кошарка и фудбал во близина на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“. Со инвестиции од буџетот на Општина Аеродром и во рамките на овој инвестициски циклус, спортските игралишта кои отсекогаш биле симбол на маалската дружба, добиваат нов и модерен изглед. Новите поставени содржини подразбираат …

Завршува реконструкцијата на уште еден повеќенаменски спортски терен во Аеродром Read More »

СДСМ бара Советот на Град Скопје да расправа за тешката финансиска состојба на градот


Денеска, СДСМ ќе поднесе иницијатива за одржување на седница на Советот на која ќе се расправа за тешката финансиска состојба во Градот. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да одговорат каде завршиле стотици милиони евра пари на граѓаните – велат од партијата на власт. – Неспособноста и кавгите за рацете во медот на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска и …

СДСМ бара Советот на Град Скопје да расправа за тешката финансиска состојба на градот Read More »

Клиниката за психијатрија се реновира, пациентите ќе се пренасочуваат во Психијатриската болница-Скопје и во ГОБ „8 Септември“


Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје соопшти дека од денеска се реновира објектот во кој е сместена преку Проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии во соработка со Министерство за здравство. За време на реновирањето пациентите ќе бидат пренасочувани за хоспитален третман во Психијатриската …

Клиниката за психијатрија се реновира, пациентите ќе се пренасочуваат во Психијатриската болница-Скопје и во ГОБ „8 Септември“ Read More »

Грција економски закрепнува, но трошоците за живот секојдневно растат


Грција ги надмина повеќето европски економии во последните години, но граѓаните не можат да си дозволат некои основни работи. Високиот раст, намалувањето на долгот и зголемените инвестиции придонесоа Грција да ги надмине повеќето европски земји. „Постојат добри причини грчката економија да ја надмине еврозоната во следните 3-5 години“, изјави главниот економист на Еуробанк Тасос Анастасатос. …

Грција економски закрепнува, но трошоците за живот секојдневно растат Read More »

Маж и малолетник со тврд предмет нападнале полицајци на должност


Маж и малолетник од Прилеп нападнале полицајци на должност.  – На 13.05.2023 во 14.40 часот во Прилеп полициски службеници од Полициска станица Прилеп ги лишиле од слобода С.В.(51) и малолетник, двајцата од Прилеп, затоа што агресивно се однесувале и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија, при што С.В. употребил и тврд предмет, информираа …

Маж и малолетник со тврд предмет нападнале полицајци на должност Read More »

Опасна конкуренција за Мис на светот: Запознајте ја претставничката на Чешка (фото)


Јустина Зедникова е годинешна претставничка на Чешка на изборот за Мис на светот за 2023 година. Јустина е 20-годишна студентка на Економскиот факултет, а како што изјавила за тамошните медиуми, уште од мала сакала да ја претставува својата земја на избор за убавина. На новинарско прашање дали е љубител на естетските корекции и филери, младата …

Опасна конкуренција за Мис на светот: Запознајте ја претставничката на Чешка (фото) Read More »