СДСМ бара Советот на Град Скопје да расправа за тешката финансиска состојба на градот


Фото: Б. Грданоски

Денеска, СДСМ ќе поднесе иницијатива за одржување на седница на Советот на која ќе се расправа за тешката финансиска состојба во Градот. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да одговорат каде завршиле стотици милиони евра пари на граѓаните – велат од партијата на власт.

– Неспособноста и кавгите за рацете во медот на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска и се причините што денес Град Скопје е со блокирана сметка и му се заканува банкрот. Околу 100 милиони евра годишно изнесува Буџетот на Градот а дополнително при преземањето на власта Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наследија плус од 13 милиони евра. Парите се потрошени, а за сето време додека се на власт во Скопје нема ниту еден проект нема довршување ниту на наследените а јавните претпријатија крпат крај со крај додаваат од таму.