„Цел Центар на точак“, започнува проектот за субвенции за велосипеди, е-велосипеди и е-тротинети


Општина Центар го објави Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет.  Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе може да добие субвенција до 3.000 денари. За доделување на …

„Цел Центар на точак“, започнува проектот за субвенции за велосипеди, е-велосипеди и е-тротинети Read More »

Најмалку 11 загинати во земјотресот во Авганистан, од кои девет во Пакистан


Најмалку девет лица загинаа, а 44 се повредени во северозападен Пакистан по земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала што го погоди соседен Авганистан доцна во вторникот, изјави пакистански владин претставник. Најмалку две лица загинаа во Авганистан, соопшти претставник на тамошната агенција за катастрофи. Земјотресот го почувствувале околу 285 милиони луѓе на површина …

Најмалку 11 загинати во земјотресот во Авганистан, од кои девет во Пакистан Read More »

Де Брујне нов капитен на Белгија, Куртоа и Лукаку заменици


– Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујне стана нов капитен на белгиската репрезентација, објави Кралската белгиска фудбалска асоцијација на својата веб-страница. Де Брујне го замени Еден Азар, кој се повлече од националниот тим по Светското првенство во 2022 година. Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа и напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, се …

Де Брујне нов капитен на Белгија, Куртоа и Лукаку заменици Read More »

Силниот земјотрес во Авганистан, почуствуван во седум држави


 Во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала што го погоди северен Авганистан загинаа најмалку три лица, двајца во Авганистан и едно дете во соседен Пакистан и предизвика силни потреси во северните делови на двете земји, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. #تازه:#زلزله قوی به قدرت ۷.۷ درجه بخش‌های زیادی از افغانستان و پاکستان …

Силниот земјотрес во Авганистан, почуствуван во седум држави Read More »

Во Црна Гора се продаваат стотици туристички објекти


Неколку стотици туристички објекти, односно хотели, апартмани, вили и слични објекти низ Црна Гора се огласени за продажба, покажуваат податоците од веб-страниците за продажба на недвижен имот. „Дан“ пишува дека овие податоци треба да ги загрижат властите, со оглед на тоа што туризмот долго време е главната економска гранка во земјава која остварува најголеми приходи. …

Во Црна Гора се продаваат стотици туристички објекти Read More »

Зеленски: Киев му предложи на Пекинг да се приклучи на украинската мировна формула


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев и предложил на Кина да се приклучи на украинската мировна формула за ставање крај на руската војна во Украина. Тој истакна дека се уште го чека одговорот на Пекинг, пренесе Ројтерс. Зеленски го изјави ова за време на заедничкиот брифинг со јапонскиот премиер Фумио Кишида во Киев.

Кирби: Кина треба да се заложи за ставање крај на инвазијата на Украина


Ако Кина сака да игра конструктивна улога во украинската криза, нејзиниот претседател Си Џинпинг треба да ја охрабри Русија да стави крај на инвазијата на Украина, изјави Џон Кирби, координатор на Советот за национална безбедност во Белата куќа. „Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг зборуваа топло за руско-кинеското пријателство, заеднички критикувајќи го …

Кирби: Кина треба да се заложи за ставање крај на инвазијата на Украина Read More »

Спречено организирано бегство од затворот Идризово, откриен тунел (видео)


Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречи организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово. Имено, Министерството за внатрешни работи по добиени криминалистички сознанија дека група од најмалку 8 осудени лица кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени …

Спречено организирано бегство од затворот Идризово, откриен тунел (видео) Read More »

Приведен скопјанец, се обидел да подигне брз кредит со фалсификувана лична карта


Во понеделникот, во 18.45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(26) од Скопје. Тој се обидел со фалсификувана лична карта да подигне брз кредит од финансиско друштво во трговски центар на бул„Јане Сандански“, но вработениот се посомневал во исправноста на личната карта и повикал полиција. Лицето …

Приведен скопјанец, се обидел да подигне брз кредит со фалсификувана лична карта Read More »

Зоран Јовановски именуван за в.д. директор на затворот „Идризово“


Досегашниот директор на Казнено-поправната установа „Идризово“, Шпенд Тахири е разрешен од должноста на денешната владина седница, а на неговото место како в.д. директор е именуван генерал-мајор, магистер Зоран Јовановски. Премиерот Димитар Ковачевски говорејќи за Јовановски на денешната прес-конференција, рече дека се работи за врвен професионалец, кој има богата професионална кариера, пред се во Министерството за …

Зоран Јовановски именуван за в.д. директор на затворот „Идризово“ Read More »

Барањата на матурантите ќе бидат прифатени, но не сите


Само она што е законски покриено може да биде прифатено од барањата на матурантите за скратување на материјалот за полагање државна матура, со оглед на тоа што неколку години учеа во ковид криза, а потоа се соочуваа со секојдневна евакуација поради дојави за бомби, а преку нив помиана и штрајковите на просветарите и превозниците од …

Барањата на матурантите ќе бидат прифатени, но не сите Read More »

Ако сакате да бидете згрижувач, информации има на нова веб-страница


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претставничката на УНИЦЕФ во земјава , Патриција ди Џовани, денеска го посетија Центарот за поддршка на згрижувачки семејства при ЈУ Детски дом „11 октомври“, во Скопје. Целта на посетата беше да се утврдат резултатите од работењето на Центарот, како и промоцијата на новата веб страница www.zgrizuvanje.gov.mk , …

Ако сакате да бидете згрижувач, информации има на нова веб-страница Read More »

Затворениците во „Идризово“ ископале тунел за бегство


Тунел ископан во скопскиот затвор „Идризово“ е откриен од затворските власти, потврдија за неколку медиуми од Управата за извршување санкции. Како што велат оттаму, претставници на повеќе надлежни институции се на терен и постапуваат во врска со случајот, па затоа во текот на денот се очекуваат и повеќе официјални информации. Дел од медиумите, повикувајќи се …

Затворениците во „Идризово“ ископале тунел за бегство Read More »

(Во живо) Прес на Ковачевски и Бектеши


Во 14.30 часот, премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши ќе одржат прес-конференција. Тема на прес-конференцијата ќе бидат најновите одлуки на Владата на Република Северна Македонија. Проследете ја во живо:

Арсовска не ги решава инфраструктурните проблеми на претприемачите од индустриската зона „Визбегово“


Претседателот на Индустриската зона „Визбегово“ и потпретседател на СКСЗМ, Нухи Алиу посочи дека зоната со повеќе од 5.000 вработени генерира годишен приход од преку 800 милиони евра, има преку 40 милиони евра годишен профит и учествува со 7,5 отсто во БДП на државата, а се соочува со огромни инфраструктурни проблеми, иако профитот што го остварува …

Арсовска не ги решава инфраструктурните проблеми на претприемачите од индустриската зона „Визбегово“ Read More »

СКЗМ бара да се зголемат квотите за увоз на работна сила и да се престане со замрзнување на цените на производите


Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) бара од Владата да го либерализира пазарот на трудот, да се зголемат квотите за увоз на работна сила и да се елиминираат бариерите кои го спречуваат регрутирањето на работна сила од други земји. Бара и да се престане со замрзнување на цените на основните прехранбени производи и наместо тоа …

СКЗМ бара да се зголемат квотите за увоз на работна сила и да се престане со замрзнување на цените на производите Read More »

Вучиќ: Сè што кажав ќе спроведеме, а за признавање и членство во ОН нема ни говор


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија не користи трикови и дека ќе го исполни и ќе работи на спроведување на сето тоа што го кажал во Охрид и покрај тоа што не мисли дека Приштина ќе ја исполни својата единствена обврска, а тоа е да ги почитува договорите постигнати во дијалогот, да …

Вучиќ: Сè што кажав ќе спроведеме, а за признавање и членство во ОН нема ни говор Read More »

Проектот “Струмица – Паметен Вело Град“ се реализира согласно европските стандарди


Како дел од проектот „Струмица – Паметен вело град“ во Струмица веќе шест месеци со интензивно темпо се работи на изградба на велосипедски патеки на повеќе локации во градското подрачје. По овој повод, градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и rаководителот на Одделението за меѓународна соработка и европски Фондови, Ѓоко Ристовски, заедно со тимот кој …

Проектот “Струмица – Паметен Вело Град“ се реализира согласно европските стандарди Read More »

Објавен е нов план на ЕУ за забрана на возила со дизел и бензин


Европската комисија предложи дозвола за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување и по 2035 година, доколку тие се климатски неутрални е-горива, покажа документот што го виде британската агенција Ројтерс. На тој начин Комисијата попушти пред германскиот притисок и сугерираше дека таквите возила би можеле да бидат меѓу дозволените од 2035 година, под …

Објавен е нов план на ЕУ за забрана на возила со дизел и бензин Read More »

Просечната нето плата во јануари 33.943 денари


 Просечната месечна нето плата во јануари годинава изнесувала 33.943 денари и во однос на истиот месец лани е зголемена за 13,2 процента, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен на годишно ниво во секторите Транспорт и складирање (23,4  проценти), Градежништво (20,9  проценти) …

Просечната нето плата во јануари 33.943 денари Read More »