Затворениците во „Идризово“ ископале тунел за бегство


Тунел ископан во скопскиот затвор „Идризово“ е откриен од затворските власти, потврдија за неколку медиуми од Управата за извршување санкции.

Како што велат оттаму, претставници на повеќе надлежни институции се на терен и постапуваат во врска со случајот, па затоа во текот на денот се очекуваат и повеќе официјални информации.

Дел од медиумите, повикувајќи се на свои извори, неофицијално, објавија дека тунелот бил откриен денеска наутро во акција на затворската полиција насочена кон спречување можни обиди за бегство на осудени лица и бил со должина од 60 метри.