Де Брујне нов капитен на Белгија, Куртоа и Лукаку заменици


– Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујне стана нов капитен на белгиската репрезентација, објави Кралската белгиска фудбалска асоцијација на својата веб-страница.

Де Брујне го замени Еден Азар, кој се повлече од националниот тим по Светското првенство во 2022 година.

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа и напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, се именувани за заменик капитени на белгиската репрезентација.

Триесет и едногодишниот Де Брујне има 97 натпревари во националниот тим и постигнато 25 гола. Дебито на играчот од средниот ред се случи во 2010 година.