Извлечен насуканиот брод во Суецкиот канал


 Големиот брод кој неколку часа беше насукан во Суецкиот канал е извлечен со реморкери, соопшти бродската компанија „Лет Ејџенсис“. Бродот Xin Hai Tong 23, долг 190 метри, тргна од пристаништето Дуба во Саудиска Арабија. Сопственик е „Xiang B12 HK International Ship Lease“, а со него управува „Tosco Keymax International Ship Management“. Ова не е прв …

Извлечен насуканиот брод во Суецкиот канал Read More »

Италијанската полиција заплени илјадници ограбени археолошки артефакти


Италијанските власти запленија илјадници археолошки артефакти и издадоа 21 налог за апсење откако разбија мрежа на ограбувачи и трговци со антиквитети. Италијанската полиција во средата соопшти дека криминалната мрежа вклучува разбојници и локални и меѓународни шверцери со оперативни бази во јужниот град Бари и филијали во околниот регион Пуља и соседните Кампанија и Лацио. Антички …

Италијанската полиција заплени илјадници ограбени археолошки артефакти Read More »

Нобеловецот Ден Шехтман ќе ја отвори Првата конференција за наука за материјали во МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите и Истражувачкиот центар за животна средина и материјали, ја организираат Првата конференција за наука за материјали која ќе се одржи од денеска до 27 мај во Амфитеатарот на МАНУ, со почеток од 9 часот. Како што соопшти МАНУ, воведни обраќања на научниот собир ќе имаат Љупчо Коцарев, претседател на …

Нобеловецот Ден Шехтман ќе ја отвори Првата конференција за наука за материјали во МАНУ Read More »

Брод заглави во Суецкиот канал, се извлекува


Голем брод се насука во Суецкиот канал, а во тек се обиди за негово извлекување со реморкери, соопшти рано утрово бродскиот агент Leth Agencies и изрази загриженост за нарушувањето на глобалната трговија во еден од најпрометните канали во светот. Се работи за носач на рефус Ксин Хаи Тонг 23, долг 190 метри. Властите на каналот …

Брод заглави во Суецкиот канал, се извлекува Read More »

Гвардиола: 48 часа откако го испивме целиот алкохол во Манчестер, покажавме зошто сме шампиони


Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола го коментираше ремито со Брајтон (1:1) во одложениот натпревар од 32. коло на шампионатот на Англија. Посебен натпревар. Честитки за Брајтон за заслужената промоција во Лига Европа. Натпреварот што го одигравме по само 48 часа откако го испивме целиот алкохол во Манчестер беше добар и покажавме зошто сме шампиони. …

Гвардиола: 48 часа откако го испивме целиот алкохол во Манчестер, покажавме зошто сме шампиони Read More »

Милановиќ: ЕУ ги злоупотребува земјите од Западен Балкан


  Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека Хрватска чекала долго за да стане членка на ЕУ, но не толку колку земјите од Западен Балкан. „Многумина ја замислуваат Европската унија како федерација, која според мене никогаш не смее да стане. Јас лично ќе се борам против тоа“, рече Милановиќ во своето воведно обраќање на конференцијата „10 …

Милановиќ: ЕУ ги злоупотребува земјите од Западен Балкан Read More »

Џордан купи еден од најбрзите автомобили во светот, цената и максималната брзина се луди


  Не е тајна дека Мајкл Џордан има страст за автомобили и брзина, а сега купи еден од најбрзите автомобили во светот вреден 3 милиони евра.   Станува збор за автомобилот Hennessey Venom F5, еден од најбрзите и најскапите кабриолет на планетата. v>    Новата играчка на Џордан има 6,6-литарски твин-турбо V8 мотор во вистински …

Џордан купи еден од најбрзите автомобили во светот, цената и максималната брзина се луди Read More »

Франција ги забрани кратките летови на домашните линии


Француската влада ги забрани кратките летови на домашните линии каде патувањето со воз не е подолго од два и пол часа, пренесува Le Monde. Додека земјите се обидуваат да ги намалат емисиите на јаглерод, се поттикнува електрифицираниот транспорт. Голем број земји имаат планови да забранат продажба на возила со мотори со внатрешно согорување, а владите …

Франција ги забрани кратките летови на домашните линии Read More »

Уапсени две лица, уценувале скопјанец со видеа со експлицитна содржина


Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје денеска ги лишија од слобода Т.С.(18) и С.С.(46) од Скопје (син и татко) поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“, предвидено и казниво по член 259 од КЗ на РСМ. На 20.05.2023 Т.С. побарал од 21-годишен скопјанец пари заканувајќи …

Уапсени две лица, уценувале скопјанец со видеа со експлицитна содржина Read More »

Маж пронајден починат во неговиот дом во Аеродром


Во стан на подрачјето на Аеродром, во Скопје, синоќа бил пронајден починат З.Ц.(62). Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен во 00.19 часот во СВР Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција. 

Маж во Кина украл 570.000 евра со помош на вештачка интелигенција


Kрадец во Кина користел вештачка интелигенција за да го промени својот изглед и да се претстави како пријател на бизнисмен од кого изнудил повеќе од половина милион евра, соопштија властите. Жртвата, познат само по презимето Гуо, изјави дека во април добил видео повик од лице кое изгледало и звучело исто како еден негов пријател. Но, …

Маж во Кина украл 570.000 евра со помош на вештачка интелигенција Read More »

Швајцарија загуби на суд: Бараа познатото сирење да биде само нивно


Во средата, Генералниот суд на ЕУ го одби барањето на швајцарските производители на сирење под името „ементалер“ да биде одобрено во ЕУ само за нивните производи. Судот на ЕУ на тој начин ја одби жалбата на швајцарското здружение Ементалер Швајцарија, се вели во соопштението. Здружението сакало да обезбеди заштитен статус за своето сирење во ЕУ, …

Швајцарија загуби на суд: Бараа познатото сирење да биде само нивно Read More »

Столтенберг: Приклучувањето на Украина кон Алијансата во текот на војна не е на агендата


 Украина нема да може да влезе во НАТО се додека трае војната, изјави денеска шефот на Алијансата Јенс Столтенберг, пренесе Скај Њуз. Зборувајќи на настан во Брисел, тој кажа: „Мислам дека сите го сфатија тоа, да се стане членка среде војна не е на дневниот ред“. -Прашањето за тоа што ќе се случи ќе се …

Столтенберг: Приклучувањето на Украина кон Алијансата во текот на војна не е на агендата Read More »

Ново Село утврди што е маж, а што жена


Општина Ново Село го исфрли терминот „родова еднаквост”, од програмата за еднакви можности и го замени со „еднакви можности на жените и мажите“. Измените во програмата беа донесени едногласно со поддршка на сите советници. Во програмата има и посебна дефиниција во која јасно се прецизира што е маж, а што жена и гласи: „Под жена …

Ново Село утврди што е маж, а што жена Read More »

Почина Германецот кој 50 години живеше на државен трошок: Секој што работи е глупав


Германецот Арно Дибел, познат и како најмрзливиот човек на светот, почина во Универзитетската болница во Хамбург-Епендорф на 67-годишна возраст. Овој вечен корисник на бенефиции за невработеност се прослави со изјавите како „Сите што работат се глупави“ и го навлече гневот на другите граѓани врз себе со гостувањето во популарните ток-шоуа каде објаснува дека ја одбива …

Почина Германецот кој 50 години живеше на државен трошок: Секој што работи е глупав Read More »

Алба ја напушта Барса по 11 години


Шпанскиот фудбалер Жорди Алба ќе ја напушти Барселона по 11 сезони минати во Каталонија. Овој лев бек пристигна во клубот во 2012 година од Валенсија во трансфер вреден 14 милиони евра. За Блауграна одигра 458 натпревари, постигна 27 гола и забележа 99 асистенции. Неговиот договор со Барселона истекува во 2024 година, но тој реши да …

Алба ја напушта Барса по 11 години Read More »

Дел од наставниците на протест – бараат да не се спојуваат предметите и да им се зголемат платите


Независниот синдикат за образование и НСОН денеска во Скопје одржаа протест, како што нагласија, во интерес на правата на просветните работници и побараа да не се спојуваат наставните предмети и да се почитуваат колективните договори. Протестот започна напладне од Жена парк, а учесниците пешачеа до зградата на Министерството за образование и наука, каде одржаа говори. …

Дел од наставниците на протест – бараат да не се спојуваат предметите и да им се зголемат платите Read More »

Воздухот, водата, климата не препознаваат граници


Како дел од министерскиот панел на тема „Развивање заеднички пристап за управување со квалитетот на воздухот и ублажување на климатските промени во Западен Балкан“, што се одржа на првиот ден од Неделата на одржлив развој во Приштина, Р. Косово, министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова нагласила дека меѓународната и регионалната соработка се …

Воздухот, водата, климата не препознаваат граници Read More »

Вечниот оган во Скопје ем згаснат, ем канта за отпадоци


Очајна е состојбата со сите споменици во центарот на Скопје, но она што може да се забележи во паркот „Жена борац“, спроти Собранието, е дека им се нашла и „пренамена“. Имено, вечниот оган, кој е трет дел од споменикот на паднатите херои, е згаснат и тоа со шприц, а околу него празни лименки и други …

Вечниот оган во Скопје ем згаснат, ем канта за отпадоци Read More »

Автономниот хеликоптер на „Ербас“ успешно го заврши летот во услови во кои пилотите одбиваат да летаат


Компанијата „Ербас“ успешно спроведе тестови на својот автономен хеликоптер,  беспилотно летала VSR700, во услови кога ветрот дува со брзина од повеќе од 40 јазли, односно 74 км/ч. Хеликоптерот летал во услови кои дури и искусните пилоти ги избегнуваат, а во него немало членови на екипажот. Хеликоптерите без екипаж изгледаат необично, но нивната улога во војската …

Автономниот хеликоптер на „Ербас“ успешно го заврши летот во услови во кои пилотите одбиваат да летаат Read More »