Почина Германецот кој 50 години живеше на државен трошок: Секој што работи е глупав


Германецот Арно Дибел, познат и како најмрзливиот човек на светот, почина во Универзитетската болница во Хамбург-Епендорф на 67-годишна возраст.

Овој вечен корисник на бенефиции за невработеност се прослави со изјавите како „Сите што работат се глупави“ и го навлече гневот на другите граѓани врз себе со гостувањето во популарните ток-шоуа каде објаснува дека ја одбива секоја понудена работа и претпочита да живее од државата, пишува Билд.

Често се фалеше дека не работел со децении и беше многу горд на тој факт.

Од својата мрзеливост се обиде и да ја заработи со гостување во разни емисии, а сними и неколку песни.

Меѓу другото, тој објави песна наречена „Убаво ми е“, која стигна до топ 100 најпродавани синглови во Германија.

Инаку, Дибел по завршувањето на основното училиште на 16-годишна возраст дури се обиде да влезе на пазарот на трудот, но таа авантура кратко траеше.

„Работев како слободен сликар две години, но дадов отказ. Едноставно немав повеќе мотивација“, изјави еднаш Дибел.

Од 1974 година живее од државна поддршка, собирајќи илјадници евра низ годините. Тој боледувал од белодробна болест, која со текот на времето станала хронична, а се претпоставува дека тоа би можело да биде причина за неговата смрт.