Алба ја напушта Барса по 11 години


Шпанскиот фудбалер Жорди Алба ќе ја напушти Барселона по 11 сезони минати во Каталонија.

Овој лев бек пристигна во клубот во 2012 година од Валенсија во трансфер вреден 14 милиони евра.

За Блауграна одигра 458 натпревари, постигна 27 гола и забележа 99 асистенции.

Неговиот договор со Барселона истекува во 2024 година, но тој реши да бара нов тим веќе ова лето.

Се шпекулира дека за неговите услуги се заинтересирани ривалите на Милан, но и Јувентус.

Со Барса освои сè што може да се освои – шест Ла Лига, пет купови, една Лига на шампиони и едно Светско клупско првенство.