Во Кавадарци натпревар во јадење лути пиперчиња
Меѓународен натпревар во јадење лути пиперчиња „Супер лут предизвик” ќе се одржи денеска во Кавадарци. За најхрабрите, како што велат организаторите, предвидени се вредни награди. Натпреварот прв пат се реализираше минатата година, за време на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер”. Слободанчо Василев од Кавадарци беше најдобар во јадење лути пиперки и освои ЛЦД телевизор, …