Седум лица во Русија осудени заради алкохолно труење на 44 лица со метанол


Седум лица во Русија денеска беа осудени од три до шест години затвор за дистрибуција на алкохолни пијалоци со метанол, при што загинаа 44 лица.  Судот во Екатеринбург ги осуди и за продажба на стоки што не ги исполнувале безбедносните услови и тоа резултирало со смрт на две или повеќе лица. Обвинителите изјавија дека седумтемината …

Седум лица во Русија осудени заради алкохолно труење на 44 лица со метанол Read More »

ДЗСИ: Ставени под надзор 11 луѓе по случајот со заболената болничарка од инфективна


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) стави под надзор уште 11 луѓе од здравствен ризик за да се спречи ширење на конго-кримска хеморагична треска, откако Министерството за здравство соопшти дека оваа заразна болест е утврдена кај вработена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Скопје. „Издадени се решенија за надзор за 10 члена …

ДЗСИ: Ставени под надзор 11 луѓе по случајот со заболената болничарка од инфективна Read More »

На „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека околу еден час


 На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на …

На „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека околу еден час Read More »

Ограбена обложувалница во Карпош


Во неделата, во 21.25 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Лондонска“ во Скопје едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Салах ќе ја одбие понудата од Саудиска Арабија


 Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, не сака да го напушти англискиот фудбалски гигант, изјави денеска неговиот менаџер Рами Абас Иса. „Доколку разгледувавме заминување од Ливерпул оваа година, немаше да го обновиме договорот минатото лето. Мохамед останува посветен на Ливерпул“, објави Иса на социјалните мрежи. Саудискиот прволигаш Ал Итихад објави претходно дека сака да го ангажира …

Салах ќе ја одбие понудата од Саудиска Арабија Read More »

Познат готвач го убил љубовникот: Го распарчил телото и ја фрлил главата во морето


Млад готвач од Шпанија го убил и распарчил својот љубовник за време на одмор во Тајланд. Данијел Санчо Брончало (29) е обвинет дека минатата среда до смрт го претепал пластичниот хирург Едвин Ариета Артеага (44) од Колумбија, а потоа му го распарчил телото. Делови од телото, вклучувајќи ги колковите и бутовите, ги пронашле шокираните мештани …

Познат готвач го убил љубовникот: Го распарчил телото и ја фрлил главата во морето Read More »

Градоначалникот на Кочани четири пати именувал ист човек за В.Д. директор на училиште без положен испит


Во понделеникот, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Љ.П.(63) од Кочани, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик. Тој во својство на службено лице – градоначалник на Општина Кочани, …

Градоначалникот на Кочани четири пати именувал ист човек за В.Д. директор на училиште без положен испит Read More »

Прекинот на работите на делницата Скопје – Блаце поради зголемен сообраќај


Јавно претпријатие за државни патишта ја известува јавноста дека привремено ќе бидат прекинати градежните активности кои се одвиваат во тунелот на државниот пат А4, на делницата Скопје – Блаце. Тие ќе продложат од септември. – Прекинот на работите на оваа делница ќе биде направен заради зголемен проток на сообраќај во месец август, за да се …

Прекинот на работите на делницата Скопје – Блаце поради зголемен сообраќај Read More »

Македонија подготвена да испрати војници на помош во Словенија


До Центарот за управување со кризи како контакт точка на Република Северна Македонија преку НАТО механизмот за помош при катастрофи (Евро-атлантски координативен центар за одговор на катастрофи) пристигна барање за помош на Словенија. Министерката за одбрана Славјанка Петровска по консултации со Генералштабот на Армијата, извести дека Армијата на Република Македонија е подготвена да испрати 100 …

Македонија подготвена да испрати војници на помош во Словенија Read More »

Татко и син повредени од огнено оружје на свадба во Охрид


Татко и неговиот мамолетен син се поврдени по пукање од огнено оружје на свадбена веселба вчера во Охрид. СВР Охрид соопшти дека вчера во 13 часот е пријавено дека на свадбеа во двор на улицата „Петрино“, охриѓанецот К.Б.(60), кој бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава“ калибар 7,62 милиометри. Притоа, И.С.(39) Охрид и неговиот …

Татко и син повредени од огнено оружје на свадба во Охрид Read More »

Четврто прскање против ларви од комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека во среда, ќе се реализира четвртата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци, односно: – Авионската дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 09.08.2023 (среда), во раните утрински часови; – Терестричната дезинсекција (четврта фаза) на …

Четврто прскање против ларви од комарци Read More »

Поскапува дизелот, пониски цени на бензините


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62% во однос на одлуката од 03.8.2023 година. Од полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и …

Поскапува дизелот, пониски цени на бензините Read More »

Изградија спектакуларен мост во БиХ: Напукна уште пред да биде пуштен


Мостот кај Почитељ во БиХ, опишан како една од најспектакуларните градби на автопатот што се гради во таа земја на трасата на коридорот V в, напукна веднаш откако беше изграден и ова е само еден од низата проблеми, кои ги доведуваат во прашање прогнозите според кои тој пат треба да биде завршен во следните шест …

Изградија спектакуларен мост во БиХ: Напукна уште пред да биде пуштен Read More »

Ќе „експлодираат“ цените на становите во Источна и Јужна Европа


Кварталната анкета на економските експерти (ЕЕС) покажа дека тие очекуваат силен раст на цените на недвижностите ширум светот во следните десет години. Според нивната проценка, просечната цена на недвижностите може да се зголеми за девет отсто за една деценија, а во зависност од регионот очекуваат дека цените би можеле да се зголемат од шест на …

Ќе „експлодираат“ цените на становите во Источна и Јужна Европа Read More »

Здравствените синдикати на средба во МИОА, но најавуваат „жешка есен“ протести ако нема слух од МФ и МЗ


Независниот синдикат на здравство и Независниот синдикат на геријатрија денеска излегоа задоволни од средбата во Министерството за информатичко општество и администрација. На состанокот е констатирано дека има голем број аномалии во колективните договори на здравствените работници, синдикатите упатиле барања за решавање на ова прашање и во Министерство за финансии и во Министерство за здравство, но …

Здравствените синдикати на средба во МИОА, но најавуваат „жешка есен“ протести ако нема слух од МФ и МЗ Read More »

Се реконструира улицата „Славејко Арсов“


Општина Центар врз основа на воспоставената меѓуопштинска соработка со Град Скопје, започнува со реконструкција (рехабилитација) на улица ,,Славејко Арсов” (со краци) и улица ,,Столтенбергова”. ,,На овој потег на улицата ,,Славејко Арсов” ќе биде поставен нов асфалт со должина од 5800 м2, и нови рабници со вкупна должина од 250 метри. Заедно со поставувањето на новиот …

Се реконструира улицата „Славејко Арсов“ Read More »

„Волво“ нема повеќе да производува седани и каравани


„Волво“ отсега ексклузивно ќе продава теренци во Велика Британија, бидејќи го прекина производеството на сите свои седан и караван верзии на тој пазар, пишува Autoblog. Ова се однесува на седанот Volvo S60, како и караванот Volvo V60 и Volvo V90. Моментално сè уште може да се нарачаат, но само претходно конфигурирани од залихите на дилерот. Најголемиот …

„Волво“ нема повеќе да производува седани и каравани Read More »

Новиот сој на корона вирус регистриран во 36 земји ширум светот


 Сојот ЕГ.5.1, наречен и Ерис, на новиот коронавирус се шири низ светот и веќе е регистриран во 36 земји, објави Џерузалем пост.  Заклучно со 24 јули 2023 година, регистрирани се 2.442 случаи на инфекција со Ерис во 36 земји ширум светот, вклучително и 18 во Израел. Варијантата сега е доминантна во Британија, каде што продолжува …

Новиот сој на корона вирус регистриран во 36 земји ширум светот Read More »

Тајфунот предизвика големи поплави во Кина, десетици загинати


Четиринаесет лица го загубија животот за време на викендот во кинескиот град Шулан поради поплавите предизвикани од тајфунот Доксури. Североисточна Кина, Пекинг и провинцијата Хебеи забележаа обилни врнежи и поплави откако тајфунот стигна на копно во јужната провинција Фуџијан пред две недели. Покрај убиените во Шулан, во североисточната провинција Џилин, минатата недела повеќе од 20 …

Тајфунот предизвика големи поплави во Кина, десетици загинати Read More »

Османи од Узбекистан ја почнува посетата на Централна Азија како претседавач со ОБСЕ


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи од утре ја почнува својата посета на Централна Азија. Како што информира Министерството за надворешни работи, во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, дел од агендата на Османи е посета на Узбекистан и на Казахстан. -Посета на Централна Азија, Османи ќе ја започне …

Османи од Узбекистан ја почнува посетата на Централна Азија како претседавач со ОБСЕ Read More »