Салах ќе ја одбие понудата од Саудиска Арабија


 Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, не сака да го напушти англискиот фудбалски гигант, изјави денеска неговиот менаџер Рами Абас Иса.

„Доколку разгледувавме заминување од Ливерпул оваа година, немаше да го обновиме договорот минатото лето. Мохамед останува посветен на Ливерпул“, објави Иса на социјалните мрежи.

Саудискиот прволигаш Ал Итихад објави претходно дека сака да го ангажира египетскиот напаѓач во своите редови и според локалните медиуми за двегодишен договор нуди 51.8 милиони фунти.

Салах (31) дојде во Ливерпул во 2017 година и минатото лето се обврза на верност кон клубот до лето 2025.