Тајфунот предизвика големи поплави во Кина, десетици загинати


Четиринаесет лица го загубија животот за време на викендот во кинескиот град Шулан поради поплавите предизвикани од тајфунот Доксури. Североисточна Кина, Пекинг и провинцијата Хебеи забележаа обилни врнежи и поплави откако тајфунот стигна на копно во јужната провинција Фуџијан пред две недели.

Покрај убиените во Шулан, во североисточната провинција Џилин, минатата недела повеќе од 20 лица загинаа во Пекинг и Хебеи. Властите сè уште не го објавија вкупниот број на загинати низ целата земја.

Загина и заменик-градоначалникот на градот со 587.000 жители
Меѓу оние кои ги загубија животите во Шулан има и тројца службеници, меѓу кои и заменик-градоначалникот на град со околу 587.000 жители, објавија државните медиуми.

Нивото на водата во градот се спушти на безбедно ниво и преземени се итни интервенции за преселување на жителите и поправка на инфраструктурата. Електричната енергија беше вратена во повеќе од 14.000 домови, објавија државните медиуми.

Нивото на водата на „опасно високо“
Регионалните власти соопштија дека делови од реката Сонгхуа, главна река во североисточна Кина, и притоката на Ненџијанг останале на опасно високи нивоа.

Исто така, вратена е струја во многу поплавени подрачја во Пекинг и во провинцијата Хебеи. Во тек се напори за обновување на струјата во североисточните провинции Џилин, Хејлонгџијанг и Лиаонинг, објави државната телевизија CCTV.