Големи еколошки проекти во Кавадарци спроведуваат општината и министерството


Министерката за животна средина Каја Шукова денеска беше во работна посета на Кавадарци. Во општинската зграда таа оствари средба со пратеничката Даниела Колева и градоначалникот Митко Јанчев, а подоцна со градоначалникот беше на терен во увид на работите на проектот за кој Општината аплицирала и добила финансиски средства од Министерството. – Се работи за завршување …

Големи еколошки проекти во Кавадарци спроведуваат општината и министерството Read More »

„Букинг“ се спогоди со Италија во спорот за даночен долг од повеќе од 150 милиони евра


Дигиталната брокерска платформа за сместување Booking.com се договори со италијанските даночни власти за да стави крај на долготрајниот спор околу даночниот долг од 153 милиони евра. Холандската компанија се согласи да плати 94 милиони евра данок на додадена вредност (ДДВ) и со тоа спорот заврши, соопшти италијанското државно обвинителство. Многу сопственици рекламираат сместување на Booking.com …

„Букинг“ се спогоди со Италија во спорот за даночен долг од повеќе од 150 милиони евра Read More »

Нормализација: Попладнево тргнува возот за Битола


Од попладнево треба да биде нормализиран железничкиот сообраќај во земјава кој од петокот беше во прекин поради бојкот на машинскиот и извршен персонал на Железници Транспорт.  Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот извршен персонал Тони Димовски рече дека бојкотот прекинува затоа што е исполнето нивното барање за исплата на патните трошоци.  – …

Нормализација: Попладнево тргнува возот за Битола Read More »

Медицинските училишта го чекаат посебниот Kонкурс за стипендирање дуални паралелки


 Раководствата на средните медицински училишта и на  здравствените паралелки во Штип, Тетово и Гостивар најавуваат дека ако до крајот на месецот, Министерството за образование и наука не го распише конкурс за стипендирање на околу 600  средношколци од дуалните паралелки, училиштата ќе поднесат претставка за дискриминација до Народниот правобранител. Директорката на СОУ „Јане Сандански“ – Штип …

Медицинските училишта го чекаат посебниот Kонкурс за стипендирање дуални паралелки Read More »

Во Романија почнува обуката на украинските пилоти на ловците „Ф-16“


Во Романија почнува обуката на украинските пилоти за летање со американски борбени авиони „Ф-16“, соопштија романскиот министер за одбрана Ангел Талвар и неговиот холандски колега Каиса Олонгрен, јави ДПА. Двајцата го отворија Европскиот центар за обука на Ф-16 (ЕФТЦ) што се наоѓа во воздухопловната база Борча, во близина на Фетешти, на 150 километри источно од …

Во Романија почнува обуката на украинските пилоти на ловците „Ф-16“ Read More »

Јанакиески повеќе нема да биде гонет за „Топлик“, застарува случајот


Јавниот обвинител се откажува од кривично гонење на обвинетите во случајот „Топлик“ поради застареност на делото кое настана како резултат на измените на Кривичниот законик. Од Кривичниот суд информираа дека јавниот обвинител извршил преквалификација на кривичното дело кое им се става на товар на обвинетите: М.Ј., Т.Ѓ., Д.Д., М.Т., Д.Г. и В.Т. од член 353 …

Јанакиески повеќе нема да биде гонет за „Топлик“, застарува случајот Read More »

Мијатовиќ: Ќе има ли различен третман во обработката на барањата за aзил во Италија и во Албанија?


 Високиот комесар за човекови права во Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, изјави дека договорот постигнат меѓу Албанија и Италија за имигрантите ја зголемува загриженоста за човековите права. – Меморандумот за разбирање иницира голем број важни прашања за влијанието што може да го има неговото спроведување врз правата на бегалците, барателите на азил и имигрантите. Меморандумот …

Мијатовиќ: Ќе има ли различен третман во обработката на барањата за aзил во Италија и во Албанија? Read More »

Меџити: Набавени се сензори за 650 пациенти наменети за деца и млади до 18 години со дијабет тип 1


Министерот за здравство Фатмир Меџити, денеска ја посети Универзиотетската клиника за детски болести по повод доделувањето бесплатни сензори за мерење гликемија во крвта кај најмладите пациенти. Набавени се сензори за 650 пациенти, наменети за деца и млади до 18 години со дијабет тип 1, бремени жени со дијабет тип 1, слепи лица, а останатите сензори …

Меџити: Набавени се сензори за 650 пациенти наменети за деца и млади до 18 години со дијабет тип 1 Read More »

Поевтинуваат горивата од полноќ


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 …

Поевтинуваат горивата од полноќ Read More »

Затворени 150 фабрики во Бангладеш – шијат за плата од 75 долари


Производителите на облека во Бангладеш затворија 150 фабрики на неодредено време. Полицијата поднела обвиненија против 11.000 работници во врска со насилните протести со кои се бара зголемување на минималната плата, соопштија властите. 3.500 фабрики за облека во Бангладеш сочинуваат околу 85 отсто од неговиот годишен извоз од 55 милијарди долари, а оние што доаѓаат од …

Затворени 150 фабрики во Бангладеш – шијат за плата од 75 долари Read More »

Протести на српските земјоделци – владата не го исполни ветеното


 Здруженијата на земјоделци во Србија почнаа денеска со протести низ државата поради лошата состојба во која се наоѓаат, а Министерството за земјоделство ги повика на „отворени и конструктивни разговори“. Свое учество на протестите најавија четири земјоделски здруженија – Иницијативата за опстанок на земјоделците од Србија, Здружението на земјоделци од Суботица, Банатскиот Сојуз на земјоделски здруженија …

Протести на српските земјоделци – владата не го исполни ветеното Read More »

ЕУ усвои правила за онлајн аплицирање за Шенген визи


Советот на ЕУ денеска усвои два прописи со нови правила со кои се овозможува онлајн аплицирање за виза за патување во Шенген зоната, јави дописникот на МИА од Брисел.  – Можноста за аплицирање за Шенген виза преку интернет ќе претставува големо подобрување за граѓаните и за обработката на апликацијата. Тоа ќе го поедностави процесот на …

ЕУ усвои правила за онлајн аплицирање за Шенген визи Read More »

Двајца мажи незаконски ловеле диви свињи


Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 13 часот и 10 минути ги лишиле од слобода 44-годишниот П.Ј. од тетовска Брвеница и 64-годишниот Љ.Л. од тетовско Фалише поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“, извести СВР Тетово. – Тие се сомничат дека претходно, за одредена сума на пари, се договориле да му отстрелаат дива …

Двајца мажи незаконски ловеле диви свињи Read More »

Карпош ќе даде 5.000 евра поддршка за прифатилиште за кучиња


По презентацијата на проектот за изградба на дел од прифатилиште за бездомни животни на територијата на Карпош, која минатата седница пред советниците ја образложија претставниците на здружението „Шепасти ентузијасти“, членовите на Советот на општина Карпош на последната одржана седница одлучија да ја поддржат иницијативата. Според иницијативата општина Карпош ќе донира 300.000 денари за реализација на …

Карпош ќе даде 5.000 евра поддршка за прифатилиште за кучиња Read More »

Возачот призна вина за сообраќајката на „Пластичарска“ во која загина дете


Судењето за сообраќајната несреќа во која животот го загуби десетгодишно дете на булеварот „Никола Карев“, на делот познат како „Пластичарска“ во Скопје, денеска во Основниот кривичен суд заврши со признание на вина на 21-годишниот возач.  Обвинетиот на 12 октомври во 16:40 часот на булеварот „Никола Карев“ во Скопје не се придржувал до пропишаните прописи и …

Возачот призна вина за сообраќајката на „Пластичарска“ во која загина дете Read More »

Африка: Специјален државен празник во Кенија за засадување 100 милиони дрвја


Кенијците добија посебен празник да засадат 100 милиони дрвја како дел од планот на владата да засади 15 милијарди садници за 10 години. Празникот му овозможува на „секој Кениец да преземе иницијатива“, рече Соипан Туја, министер за животна средина. Владата го охрабрува секој Кениец да засади најмалку две фиданки, што на крајот ќе доведе до …

Африка: Специјален државен празник во Кенија за засадување 100 милиони дрвја Read More »

Маск потврди: X се претвора во апликација за запознавање


Елон Маск потврди на интерен состанок дека X ќе се претвори во апликација за запознавање, што е дел од целокупната трансформација на платформата во „апликација за секого“. Платформата X (порано позната како Твитер) наскоро добива нови функции, кои ќе ѝ овозможат да понуди потечно искуство на запознавање со други луѓе за состаноци и дружење, како …

Маск потврди: X се претвора во апликација за запознавање Read More »

Шпанија: Ескалираа протестите поради предложената амнестија за Каталонците, полицијата употреби сила


Десетици илјади луѓе протестираа ширум Шпанија во неделата против плановите на премиерот Педро Санчез да им даде амнестија на каталонските сепаратисти во замена за поддршка за уште еден мандат. Санчез го потпиша контроверзниот договор минатата недела откако каталонската сепаратистичка партија Јунтс ја поддржа Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот за формирање нова влада. Договорот, …

Шпанија: Ескалираа протестите поради предложената амнестија за Каталонците, полицијата употреби сила Read More »

Разрешена британската министерка за внатрешни работи


Британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман е разрешена од функцијата, откако премиерот Риши Сунак презеде акција по нејзиниот неовластен напис во кој го критикуваше начинот на кој беа контролирани пропалестинските протести, наведува извор од кабинетот на премиерот. Изворот рече дека Сунак „побарал од Суела Браверман да ја напушти Владата и таа прифатила“, јави ДПА. …

Разрешена британската министерка за внатрешни работи Read More »

Новиот турски дрон „бајрактар TB3“ заврши шестчасовен летачки тест


Завршени се пет пробни летови на „бајрактар TB3“, новиот турски борбен авион без екипаж што може да се качи на носачи на авиони на бродови. За време на својот петти тест за изведба, новиот дрон летал на средна височина и завршил успешен шестчасовен лет. „„Бајрактар TB3“ успешно го заврши својот петти тест за летање“, рече …

Новиот турски дрон „бајрактар TB3“ заврши шестчасовен летачки тест Read More »