„Букинг“ се спогоди со Италија во спорот за даночен долг од повеќе од 150 милиони евра


Дигиталната брокерска платформа за сместување Booking.com се договори со италијанските даночни власти за да стави крај на долготрајниот спор околу даночниот долг од 153 милиони евра.

Холандската компанија се согласи да плати 94 милиони евра данок на додадена вредност (ДДВ) и со тоа спорот заврши, соопшти италијанското државно обвинителство.

Многу сопственици рекламираат сместување на Booking.com без да ја пријават активноста на даночните власти, кои нагласуваат дека данокот мора да се наплати од дигиталната платформа.

Спорот ја опфаќа киријата на Booking.com во периодот од 2013 до 2019 година и проценетиот даночен долг на компанијата од 153 милиони евра.

Booking.com соопшти дека е задоволен од спогодбата.

Италијанските даночни власти истражуваат и можно даночно затајување на дигиталната платформа Airbnb.

Минатата недела, како дел од истрагата, италијански судија нареди заплена на 779,5 милиони евра од европската филијала на Airbnb и нејзините тројца поранешни функционери.

Државните обвинители се сомневаат дека Airbnb не им наплаќала на изнајмувачите данок од 21 отсто и не им ги враќала сумите на италијанските даночни власти во периодот од 2017 до 2021 година.

Ајбнб се обиде да го оспори италијанскиот закон за даноците за изнајмување пред Европскиот суд на правдата, кој пресуди во корист на владата во Рим.

Владата на премиерот Џорџија Мелони планира да ја заостри наплатата на даноците за краткорочно изнајмување на недвижности и најавува зголемување на даночната стапка од 21 на 26 отсто за станоиздавачите кои нудат повеќе имоти на пазарот.