Делницата Велес – Градско е затворена за сообраќај поради асфалтирање


Делницата Велес – Градско поради асфалтирање е затворена за сообраќај од 18 до 23 септември. Автомотосојузот на Македонија информира дека делницата е затворена за сообраќај во периодот од 8 до 18 часот. 

Украинец се обидел да внесе препарирана глава на алигатор, метал-детектори, воени шлемови и кубури


Опрема за пронаоѓање злато и други метали, но и војнички шлемови и стари револвери кубури – антиквитети, се запленети на влез на граничниот премин „Табановце“ од страна на царински службеници при спроведена детална контрола на возило со украински регистарски таблички, управувано од украински државјанин. Во возилото во неколку торби и една кутија биле пронајдени три …

Украинец се обидел да внесе препарирана глава на алигатор, метал-детектори, воени шлемови и кубури Read More »

Истрага на „Њујорк тајмс“: Заталкан украински проектил е одговорен за масакрот на 15 цивили на пазарот


  Ракетниот напад врз Костјантиновка во источна Украина беше еден од најсмртоносните во последните месеци. Најмалку 15 цивили загинаа, а повеќе од 30 се ранети. Ракетата го погодила пазарот, а парчињата метал со кои била наполнета боевата глава ги пробиле прозорците и ѕидовите. Некои жртви беа ранети до непрепознатливост. Помалку од два часа подоцна, украинскиот …

Истрага на „Њујорк тајмс“: Заталкан украински проектил е одговорен за масакрот на 15 цивили на пазарот Read More »

Изгоре познатиот клуб „Минт“ во Загреб


Ноќеска, изгоре ноќниот клуб „Минт“ во Загреб, потврдија пожарникарите. Клубот се наоѓа на улицата „Флоријан Андрашец“. Клубот сѐ уште не почнал со работа по летната пауза, а на нивната веб-страница пишува дека повторно ќе почнат со работа во септември. Клубот е отворен во декември 2019 година, а сопственик е Кристијан Бабиќ.Тоа е еден од најголемите …

Изгоре познатиот клуб „Минт“ во Загреб Read More »

ОН ја потврдија својата посветеност на глобалните развојни цели до 2030 година


На самитот во Њујорк, 193 земји членки на ОН усвоија декларација со која ја потврдуваат нивната посветеност на целите за одржлив развој. Декларацијата вклучува обврска за финансирање на земјите во развој и јасна поддршка за пакет стимулации за реализација на целите од најмалку 500 милијарди долари годишно. Седумнаесетте цели за одржлив развој, поставени во 2015 …

ОН ја потврдија својата посветеност на глобалните развојни цели до 2030 година Read More »

Трамп нема да учествува ниту на втората дебата на Републиканците


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп планира да одржи говор во Детроит на 27 септември пред членови на синдикатите, што значи дека ќе ја прескокне и втората претседателска дебата на Републиканците. Ова го соопшти еден од соработниците на Трамп и додаде дека ќе се обрати пред синдикално организираните работници во автомобилската индустрија. Се очекува говорот, во …

Трамп нема да учествува ниту на втората дебата на Републиканците Read More »

Што се случува со вашето тело ако пиете чај секој ден?


Чајот е еден од најомилените пијалоци на планетата. Некои го пијат со појадок, некои за да се релаксираат пред спиење. Имајќи предвид дека луѓето ширум светот го консумираат овој пијалок, илјадници години, се поставува прашањето какви здравствени придобивки може да понуди чајот и дали има некои негативни несакани ефекти од неговото пиење. Повеќето од овие …

Што се случува со вашето тело ако пиете чај секој ден? Read More »

Мразот околу Антарктикот е на рекордно ниско ниво: „Ова е неверојатно“


Мразот од морето што го опкружува Антарктикот е далеку под секое претходно регистрирано зимско ниво, покажуваат сателитски податоци, поставувајќи загрижувачки нов репер за регионот кој некогаш изгледаше имун на глобалното затоплување. „Ова е полошо од сè што сме виделе, речиси е неверојатно“, рече Валтер Мајер, кој го следи морскиот мраз во американскиот национален центар за …

Мразот околу Антарктикот е на рекордно ниско ниво: „Ова е неверојатно“ Read More »

Кинескиот гигант за онлајн продажба Alibaba инвестира две милијарди долари во Турција


Кинескиот гигант за онлајн трговија Alibaba Group Holding планира да инвестира околу две милијарди долари во Турција во блиска иднина. Според турските медиуми ваквата намера ја искажал Мајкл Еванс, претседателот на групата, на средбата со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Не беше прецизирано кога ќе се реализира инвестицијата, но беше наведено дека планот е …

Кинескиот гигант за онлајн продажба Alibaba инвестира две милијарди долари во Турција Read More »

ЕУ би можела да се „навлече“ на кинеските батерии


На Европската унија и се заканува зависност од литиум-јонски батерии од Кина. До 2030 година, Европската унија би можела да стане зависна од увозот на литиум-јонски батерии и горивни ќелии од Кина, како што беше зависна од руските извори на енергија пред почетокот на војната во Украина, се предупредува во документот, кој ќе биде основа …

ЕУ би можела да се „навлече“ на кинеските батерии Read More »

Приведени осуммина крадци, пронајдените предмети вратени на сопствениците


Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности расчистија 7 кривични дела „тешка кражба“ и 3 кривични дела „кражба“ извршени од викенд куќи, куќи и возила, на територијата на град Штип, во периодот од јануари до јули годинава. Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на …

Приведени осуммина крадци, пронајдените предмети вратени на сопствениците Read More »

Борел: Србија повторно неусогласена со мерките на ЕУ поради нелегалната анексија на Крим и Севастопол


Србија повторно е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ на Западен Балкан која се нема усогласено со новата надворешнополитичка одлука на Советот на ЕУ, која се однесува на рестриктивни мерки поради нелегалната руска анексија на Крим и Севастопол, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика …

Борел: Србија повторно неусогласена со мерките на ЕУ поради нелегалната анексија на Крим и Севастопол Read More »

Студентите излегоа на протест против измените на Кривичниот Законик


Пред Владата на Република Северна Македонија денеска на протест излегоа студенти од државава кои се против донесените измени на Кривичниот законик, со кој се предвидуваат помали затворски казни за функционери. Како студенти кои се запишале на правните факултети во Македонија, нагласуваат, не можеме да останеме рамнодушни на постојаната тенденција и постапки кои водат до целосно …

Студентите излегоа на протест против измените на Кривичниот Законик Read More »

Запалени, измачкани со црвена боја и подмитени фотографии на одговорните за скандалот на Онкологија


Пред Влада на Република Северна Македонија почна протестот за случајот со Клиниката за онкологија. Со барање „Правда за жртвите“, се очекува протестот да продолжи пред зградата на Основното јавно обвинителство во Скопје. Организаторите најавија дека ќе ги интензивираат протестите и повторија дека се бара судска разрешница за сите инволвирани во „скандалот со Клиниката на онкологија“, …

Запалени, измачкани со црвена боја и подмитени фотографии на одговорните за скандалот на Онкологија Read More »

Осуден Мерлин Менсон


Американскиот музичар Мерлин Менсон денеска беше осуден на 20 часа општествено корисна работа и парична казна откако призна дека го издувал носот во лице на снимателка на концерт во Њу Хемпшир во 2019 година. Менсон, чие вистинско име е Брајан Ворнер, беше обвинет по две прекршочни точки и го призна само обвинението за дување нос …

Осуден Мерлин Менсон Read More »

Сојузот на општини и градови бара воведување горна граница за годишен прифат на бегалци во Германија


Дебатата за исправната политика во врска со растечкиот број бегалци во Германија, која трае откако бројките покажаа нагло зголемување на барањата за азил, денеска продолжи со барањето на Сојузот на општини и градови за воведување годишна горна граница за бројот на бегалци.  -Нешто мора да се направи, не само со зборови, туку и со дело. …

Сојузот на општини и градови бара воведување горна граница за годишен прифат на бегалци во Германија Read More »

Мелони го обвини Борел дека работи против постигнување решение за мигрантите во Европа


 Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска на седница на владата ги обвини шефот на европската дипломатија Јосеп Борел и партиите на левицата во Италија и остатокот од Европа дека работат против постигнување решение за запирање на приливот на огромен број мигранти на европскиот континент, изјавија извори за АНСА.  Изворите соопштуваат за АНСА дека Мелони го обвинила …

Мелони го обвини Борел дека работи против постигнување решение за мигрантите во Европа Read More »

Полски дипломати во Африка, Азија и Блискиот Исток земале мито за да издаваат шенген визи


Вработени во полските дипломатски претставништва во Африка, Азија и Блискиот Исток се обвинети за примање мито во замена за издавање визи за Шенген зоната, јавија денеска германските медиуми. -Ова е најголемиот скандал во Полска во 21 век, изјави лидерот на опозицијата и кандидат на либерално-конзервативната Граѓанска платформа (ПО) на претстојните избори, Доналд Туск, коментирајќи го …

Полски дипломати во Африка, Азија и Блискиот Исток земале мито за да издаваат шенген визи Read More »

Меџити: МЗ иницираше зголемување на буџетот за набавка на опрема од 2,6 на пет милиони евра


Министерството за здравство иницираше зголемување на буџетот за набавка на опрема од 2,6 на пет милиони евра. Тоа е двојно повеќе средства и сум горд на ова. Наша определба е да го ги забрзаме реконструкциите, набавката на опрема, бидејќи клучна причина за незадоволство од јавното здравство е лошата инфраструктура и услови. Ова, меѓу другото, го …

Меџити: МЗ иницираше зголемување на буџетот за набавка на опрема од 2,6 на пет милиони евра Read More »

Формирано Работно тело за измени на Законот за урбано зеленило


Формирано е Работно тело за измени на Законот за урбано зеленило од експерти, претставници на институции и еко-активисти. Ова е прв состанок на кој присутните дадоа поддршка за  предложените законски измени, за да се спречи уништувањето на градското зеленило со урбаната експанзија и непочитувањето на законите. Овие измени добија поддршка и од претставниците на  Интерпартиската …

Формирано Работно тело за измени на Законот за урбано зеленило Read More »