Кинескиот гигант за онлајн продажба Alibaba инвестира две милијарди долари во Турција


Кинескиот гигант за онлајн трговија Alibaba Group Holding планира да инвестира околу две милијарди долари во Турција во блиска иднина.

Според турските медиуми ваквата намера ја искажал Мајкл Еванс, претседателот на групата, на средбата со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Не беше прецизирано кога ќе се реализира инвестицијата, но беше наведено дека планот е за „следниот период“.

Алибаба држи повеќе од 76 отсто од Трендиол. Еванс рече дека компанијата има доверба во здравите економски основи на Турција и веќе има инвестирано до 1,4 милијарди долари во земјата преку Трендиол, една од најпознатите платформи за е-трговија во земјата.

Тој, исто така, изрази поддршка за плановите на Трендиол за меѓународно проширување и нагласи дека Турција има потенцијал да стане една од водечките земји за е-извоз.