Изгоре познатиот клуб „Минт“ во Загреб


Фото: Индекс

Ноќеска, изгоре ноќниот клуб „Минт“ во Загреб, потврдија пожарникарите.

Клубот се наоѓа на улицата „Флоријан Андрашец“. Клубот сѐ уште не почнал со работа по летната пауза, а на нивната веб-страница пишува дека повторно ќе почнат со работа во септември.

Клубот е отворен во декември 2019 година, а сопственик е Кристијан Бабиќ.Тоа е еден од најголемите клубови во Загреб, а можеше да прими и до 1.000 луѓе.

Полицијата е пред клубот, најверојатно почнува истрага, по што ќе има повеќе информации за пожарот. Пред клубот има неколку обезбедувачи, а во воздухот се чувствува мирис на горење, пишува Индекс.

Како што се дознава, станар од блиската зграда го забележал пожарот и повикал пожарна, но не знаел точно што гори. Видел голем отворен пламен. Пожарникарите биле на терен за 5 минути по повикот. И за половина час го локализирале пожарот.

Два часа подоцна, пожарникарите веќе биле на пат назад кон нивната станица.

Пожарот избувнал околу 3 часот, а гаснењето траело половина час. Како што велат пожарникарите, на терен имало пет возила со 14 пожарникари.