Њујорк: Се урна дел од зграда шесткатница (видео)


Објектот, освен за станбена намена, бил и деловен. Пожарникарите за две минути биле на терен и брзо ги евакуирале сите луѓе од делумно урнатата зграда, а нивната прва цел била да утврдат дали има луѓе во зградата. Првичните проценки покажуваат дека нема жртви во уривањето.

Охридските угостители подготвени за новогодишните празници, се очекува добра посетеност


Охридските туристички работници се подготвуваат да ги пречекаат гостите кои ќе решат Новата 2024 година да ја дочекаат во некој од угостителските објекти на брегот на Охридското Езеро. Досега потврдените резервации и успешната летна туристичка сезона укажуваат дека градот ќе биде добро посетен за „најлудата“ ноќ. Според последните информации, хотелските капацитети за престојните новогодишни празници …

Охридските угостители подготвени за новогодишните празници, се очекува добра посетеност Read More »

Исчистено околу Скопскиот aквадукт


Околу 50 кубни метри непрописно одложен градежен, кабаст и мешан комунален отпад се подигнати и транспортирани минатата недела околу Скопскиот аквадукт. Како што информира Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, нивните екипи во координација со Град Скопје реализираа активности за целосно расчистување на реонот на археолошкото наоѓалиште – Скопски aквадукт. При отстранувањето на дивите депонии околу Скопскиот …

Исчистено околу Скопскиот aквадукт Read More »

Повеќе од 50 приведени за време на демонстрациите во Вашингтон за мир на Блискиот Исток


 Американската полиција уапси повеќе од 50 луѓе во Вашингтон кои се собраа да го повикаат раководството на САД да се залага за траен мир на Блискиот Исток. Активистите на американската кампања за палестинските права, потоа на еврејскиот глас за мир, како и други собрани на овој протест, носеа маици со слоганот „Инвестирајте во животот“ и …

Повеќе од 50 приведени за време на демонстрациите во Вашингтон за мир на Блискиот Исток Read More »

Не мора да чекате зимски саеми за да го пиете: Направете варено (греано) вино дома


Вареното (греано) вино е еден од најпопуларните топли пијалоци кои се служат во постудените денови и е незаменлив производ на зимските саеми ширум светот. Но, не мора да чекате да излезете на панаѓур за да го пиете, бидејќи е многу лесно да го направите дома. Постојат бројни рецепти за варено вино, од едноставни до покомплицирани. …

Не мора да чекате зимски саеми за да го пиете: Направете варено (греано) вино дома Read More »

Јасни симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен


Глутенот е составен дел на многу вкусни оброци како печива, тестенини и десерти, а тоа е затоа што го има во пченицата, ‘ржта и јачменот. Сепак, за некои луѓе може да биде тешко да се вари и затоа мора секојдневно да го избегнуваат. Гастроентерологот Рабиа Де Латур од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Њујорк истакнува …

Јасни симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен Read More »

(Видео) Аниол Серасолсес во историско кајак спуштање по водопад на глечер


Каталонскиот авантурист и елитен кајакар, Аниол Серасолсес, додаде уште еден на својата импресивна листа на подвизи со спуштање по на највисокиот глацијален водопад во норвешкиот архипелаг Свалбард. Серасолсес и неговиот тим тргнаа на предизвикувачка експедиција до архипелагот Свалбард, едно од најоддалечените места на Земјата, почнувајќи со 36-часовно патување по море од Лонгјарбиен до глечерот Брасвелбреен. …

(Видео) Аниол Серасолсес во историско кајак спуштање по водопад на глечер Read More »

Унгарија изземена од новиот пакет антируски санкции на ЕУ


 Унгарија доби изземање од одредбите на новиот пакет антируски санкции на Европската унија и со тоа ги одби заканите кои и се закануваат на нејзиното снабдување со енергија, изјави денеска во Брисел министерот за надворешни работи на земјата, Петер Сијарто. На прес-конференција за време на паузата на Советот за надворешни работи на Европската унија, на …

Унгарија изземена од новиот пакет антируски санкции на ЕУ Read More »

Велика Британија ѝ обезбеди на Украина бродови и опрема за зајакнување на морнарицата


Министерството за одбрана на Велика Британија денеска соопшти дека обезбедило нови бродови и опрема за зајакнување на борбената способност на украинската морнарица. „Велика Британија ќе и обезбеди на Украина два брода од класата Сандаун, 20 амфибиски возила Викинг, 23 јуришни бродови Рајдер. Благодарни сме на нашите партнери за нивниот значаен придонес за безбедноста на Црното …

Велика Британија ѝ обезбеди на Украина бродови и опрема за зајакнување на морнарицата Read More »

Арсовска: Новогодишното украсување е почнато – Скопје ќе блесне на 15 декември


По серијата текстови во медиумите, попладнево се огласија од Град Скопје, од каде уверуваат дека Скопје ќе биде новогодишно украсен, за многу помалку пари од претходните години, а дека и украсувањето е почнато.    – Не ја разбирамe потребата, веројатно во недостаток на останати аргументи и оваа година во истиот период како на тајмер, партиските …

Арсовска: Новогодишното украсување е почнато – Скопје ќе блесне на 15 декември Read More »

Во Неготино објавена конечната листа на добитници на социјални станови


 Вкупно 45 лица од општината Неготино ќе се стекнат со право на закуп на социјален стан во новоизградената социјална зграда во градот. ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Неготино известува дека е објавена конечната ранг листа на добитници на станови, кои се стекнуваат со право на закуп на социјален стан, согласно објавениот јавен повик од …

Во Неготино објавена конечната листа на добитници на социјални станови Read More »

Бочварски – Форто: На регионот му се потребни мерки и политики за олеснување на транспортот и трговијата


Министрите за транспорт и врски на Северна Македонија и Босна и Херцеговина, Благој Бочварски и Един Форто, на денешната средба потенцирале дека на регионот му се потребни мерки и политики за олеснување на транспортот и трговијата и зголемување на регионалната соработка. Билатералната средба меѓу министрите е во рамки на Министерскиот совет, кој овие два дена …

Бочварски – Форто: На регионот му се потребни мерки и политики за олеснување на транспортот и трговијата Read More »

Трагедија во Кичево: Почина 40-годишен маж погоден со патрон од ловечка пушка


Трагедија се случила вчера во Кичево, 40-годишен маж починал откако бил погоден со патрон од ловечка пушка. Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 15.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Д.С.(56) од Кичево. „Тој се сомничи дека околу 14 часот во шумски појас во атарот на кичевското село Бигор …

Трагедија во Кичево: Почина 40-годишен маж погоден со патрон од ловечка пушка Read More »

Администрацијата на Карпош ќе се вози со електрични тротинети


Општина Карпош, со издвоени средства од буџетот набави седум нови електрични тротинети кои ќе бидат користени од страна на општинската администрација за работни потреби. – На овој начин, вработените во Општината,кои согласно работните задачи, мобилно се движат на територијата на локалната самоуправа ќе имаат практични, економични и ефикасни превозни средства кои воопшто не придонесуваат за …

Администрацијата на Карпош ќе се вози со електрични тротинети Read More »

Навални не се појави на денешното судење, никој не знае каде е


Соработниците на водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор, денеска изјавија дека неговите адвокати, а ниту тие, не го слушнале ниту виделе веќе шест дена. „Навални, кој отслужува затворска казна поради повеќекратни пресуди, требаше да се појави денеска на суд преку видео врска, но не се појави“, изјави неговата портпаролка Кира Јармуш. …

Навални не се појави на денешното судење, никој не знае каде е Read More »

Подготвени предлог-измените на Изборниот законик


Работната група што ја формираше Министерството за правда ги подготви измените кои се поддржани и од министерот за правда Кренар Лога кој смета дека платеното политичко рекламирање не треба да биде на товар на државата. На лидерска средба е договорено овој законик да оди во Собранието преку пратеници, па Министерството за правда ќе ја достави …

Подготвени предлог-измените на Изборниот законик Read More »

Одложена седницата на матичните собраниски тела за Нацрт патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација


Заедничката денешна седница на Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања се одложи поради, како што беше посочено, неисполнување на законските услови и обврски за затворена седница со класифициран материјал со степен на тајност. На дневен ред на оваа заедничка седница беа разгледувањето на Нацрт патоказот за владеење на правото и Нацрт-патоказот …

Одложена седницата на матичните собраниски тела за Нацрт патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација Read More »

Во октомври 325 градежни дозволи, предвидени 790 станови


 Во октомври годинава се издадени 325 одобренија за градење, што е за 12,9 проценти помалку во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Предвидената вредност на објектите изнесува 7.539.575.000 денари и е за 47, 7 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Како што појаснува ДЗС, намалената вредност се …

Во октомври 325 градежни дозволи, предвидени 790 станови Read More »

Лица од Србија и едно од странство стојат зад дојавите за бомби, информирана Брнабиќ


Припадниците на Министерството за внатрешни работи ја информирале претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, дека во тек е темелна истрага за откривање на испраќачот на дојавата за бомби во белградските училишта, и дека се идентификувани неколку државјани на Република Србија, како и лице од странство. Во соопштенеито на српската Влада се наведува дека …

Лица од Србија и едно од странство стојат зад дојавите за бомби, информирана Брнабиќ Read More »

Албанија: По хаосот во Парламентот, ќе се менува Деловникот за работа и ќе се заоструваат казните


По хаосот што го предизвикува опозицијата во албанскиот Парламент, владејачките социјалисти побараа под итно донесување измени и дополнувањата на Деловникот за работа и заострување на казнените мерки. Во овој контекст, на денешната средба на парламентарната група со партискиот лидер и актуелен премиер, Еди Рама, социјалистите се договориле измените да бидат на дневен ред на седницата …

Албанија: По хаосот во Парламентот, ќе се менува Деловникот за работа и ќе се заоструваат казните Read More »