Дел од општина Центар утре без вода


Без вода утре од 8:30 часот ќе бидат дел од жителите лоцирани на улицата „Стив Наумов“, поранешна „Ленинградска“. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Пролет“ 11. 

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.