Намалена потрошувачката на природен гас во Грција


Во првите девет месеци од годинава, потрошувачката на природен гас во Грција се намалила за 15,38 отсто во споредба со истиот период лани, согласно податоците од Националниот оператор за пренос на гас (ДЕСФА), намалување кое според компанијата се должи на благата зима, јави дописничката на МИА од Атина.  Во периодот јануари – септември 2023 година, …

Намалена потрошувачката на природен гас во Грција Read More »

Се бара оставка или разрешување на Вархеи


Група од 12 европратеници од групите на Зелените, Социјалистите и демократите  и Левица преку отворено писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, бараат оставка од еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеи. Во писмото се повикува Вархеи да поднесе „оставка“ или „да биде разрешен“ поради пречекорување  на неговиот мандат, со тоа што …

Се бара оставка или разрешување на Вархеи Read More »

Поради синоќешниот напад во Брисел одложен скринингот по Поглавјето 11


Билатералниот скрининг за Поглавјето 11 – „Земјоделство и рурален развој“, што започна вчера во Брисел и требаше да продолжи денеска и утре, е одложен поради синоќешниот вооружен напад во белгискиот главен град, при кој беа убиени двајца шведски државјани, а трет беше ранет. Како што информира шефицата на македонската делегација на скринингот, заменик главен преговарач …

Поради синоќешниот напад во Брисел одложен скринингот по Поглавјето 11 Read More »

Застаре случајот „Таргет-Тврдина“ – на Мијалков нема да му се суди за прислушувањето


Судот донесе решение за запирање на кривичната постапка за случајот за “Таргет-Тврдина” за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување поради настапено застарување. Со ова застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница остануваат …

Застаре случајот „Таргет-Тврдина“ – на Мијалков нема да му се суди за прислушувањето Read More »

Инфо ден за Програмата LIFE за заштита на животната средина и климатски активности


– Горди сме што први во регонот од кандидати и потенцијални кандидати го потпишавме Договорот за учество во Програмата на Европската Унија „Живот“ (LIFE), што ќе ни обезбеди отворање на нови можности за аплицирање за проекти со кои ќе се унапреди животна средина и ќе се придонесе кон борбата против климатските промени. Се очекува активностите што …

Инфо ден за Програмата LIFE за заштита на животната средина и климатски активности Read More »

Османи: Доколку има наши граѓани во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација


Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска најави дека МНР ќе упати повик до нашите граѓани кои се наоѓаат во Либан да ја напуштат државата поради, како што кажа непредвидливата ситуација таму. -Можеби денеска ќе пуштиме соопштение да ги повикаме нашите граѓани кои се во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација таму, а особено …

Османи: Доколку има наши граѓани во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација Read More »

Италија ја тужи Австрија


Италија ќе започне правна постапка против Австрија поради ограничувањата на движењето на камионите преку клучниот премин „Бренер“ на пат низ Алпите, објави владата на премиерот Џорџија Мелони. Италија поднесе тужба против Австрија пред Европскиот суд на правдата (ЕСП). Австриските ограничувања се критикувани и во други земји, вклучително и Германија, забележува агенцијата ДПА. Според италијанскиот министер …

Италија ја тужи Австрија Read More »

Доделени осум стипендии на ученици во социјален ризик – секој месец по 3.000 денари


 Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска додели осум стипендии за учебната 2023/2024 година на ученици од семејства со висок социјален ризик кои учат во основните училишта во општината. -Преку доделувањето на овие стипендии, Општина Центар и јас, како нејзин градоначалник, сакаме да ви дадеме поголема мотивација за учење и постигнување високи резултати. Нека овие …

Доделени осум стипендии на ученици во социјален ризик – секој месец по 3.000 денари Read More »

Ќе се реформира и реорганизира Црвениот крст – мора да одговори на климатските промени


 Црвениот крст на Северна Македонија денеска ја промовираше новата Развојна рамка „Трансформација 28”, документ со кој се најавуваат следните чекори во вид на реформи и реорганизација на националното друштво. Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити рече дека со документот се таргетираат четири области, реорганизација на инфраструктурата, односно организационата поставеност на Црвениот крст, културолошка трансформација, …

Ќе се реформира и реорганизира Црвениот крст – мора да одговори на климатските промени Read More »

Филипче: Нино Васев е професионалец кој помагал секому


Анкетната комисија за случајот на Клиниката за онкологија денеска продолжи со работа со сослушување на поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи го праша поранешниот министер Филипче дали директорот на Клиниката Нино Васев работел етички, на што Филипче одговори дека се работи за врвен професионалец кој помагал секому, а доколку некој …

Филипче: Нино Васев е професионалец кој помагал секому Read More »

Запалени лизгалки, искршени клупи и нишалки – вандализмот во пораст


Деновиве повторно сме сведоци на вандалски чин на неколку локации каде од страна на несовесни граѓани оштетени се повеќе детски игралишта во Аеродром. Во изминатите неколку денови, општинските служби затекнаа оштетени детски игралишта, уништени спортско – рекреативни реквизити и урбана опрема на повеќе локации во општината. „Најстрого го осудуваме овој вандалски чин и апелираме до …

Запалени лизгалки, искршени клупи и нишалки – вандализмот во пораст Read More »

Прекинато водоснабдување поради дефект на ул.„69“ бб во населба Аеродром


Поради дефект на приклучна цевка од ф-1” (цол) на ул.„69“ бб во населба Аеродром, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.„69“ крак 1. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 11:00 часот до завршување со работните активности.

Лајчак ќе ги посети Белград и Приштина во сабота


 Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак на 21 октомври ќе престојува во Белград и Приштина каде ќе има средби  со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти, потврди портпаролот на Унијата Петер Стано. Лајчак в сабота ќе допатува со советниците за надворешна политика и безбедност на францускиот претседател, германскиот …

Лајчак ќе ги посети Белград и Приштина во сабота Read More »

Синдикатот на „Еуроникел“ најави блокада на фабриката в четврток


Синдикатот на „Еуроникел Индустри“ најави блокада на фабриката в четврток, во пет часот и 35 минути, ако до среда до 15 часот нема позитивен одговор за исплата на плата, набавка на струја за печката и продолжување на производството. – Синдикалната организација е крајно незадоволна и загрижена. Ако не се исполнат нашите барања, ќе се блокира …

Синдикатот на „Еуроникел“ најави блокада на фабриката в четврток Read More »

Потона извозот на норвешки гас


Трговскиот суфицит на Норвешка со светот значително се намали во септември под притисок на остриот пад на извозот на гас, покажаа вчера податоците на заводот за статистика. Норвешкиот извоз потона во септември за 47,7 отсто во споредба со истиот месец минатата година, на 131,9 милијарди норвешки норови (11,4 милијарди евра). Извозот на гас е намален …

Потона извозот на норвешки гас Read More »

Убиен напаѓачот од Брисел, се трага по уште едно лице


Мажот осомничен за синоќешното убиство на двајца шведски државјани во Брисел е застрелан од полицијата и пронајдено е автоматското оружје со кое е извршен нападот, соопшти претпладнево белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден.  Полицијата трага по уште едно лице, но нејасно е каква е неговата поврзаност со нападот. – Имаме добра вест дека го …

Убиен напаѓачот од Брисел, се трага по уште едно лице Read More »

Поголем дел од Кисела Вода денеска има парно – надминат проблемот


Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина во тек на вчерашниот ден во најкраток рок го локализираа дефектот на дистрибутивната топловодна мрежа во населбата Кисела Вода.  По локализирање на дефектот, утрово повторно е воспоставена нормална испорака на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина и денес …

Поголем дел од Кисела Вода денеска има парно – надминат проблемот Read More »

Мурињо ќе ја напушти Рома на крајот на сезоната


Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, објави „Sky Sports Italia“. Според италијанскиот ТВ канал, 60-годишниот Португалец и клубот нема да го обноват договорот, не се водат ниту се планирани никакви преговори. По осум натпревари Рома е на 10. место во италијанската Серија А со 11 бодови. Мурињо е …

Мурињо ќе ја напушти Рома на крајот на сезоната Read More »

Британија порано ги ослободува странските осуденици поради пренатрупаност – ги депортира дома


Поголем број странци кои издржуваат казна во британските затвори ќе бидат ослободени и до една година пред истекот на казната поради решавање на проблемот со пренатрупаноста на затворите, пренесоа британските медиуми. Британскиот министер за правда Алекс Чалк се очекува да ја потврди оваа мерка, која на британската влада може да и заштеди 70.000 фунти по …

Британија порано ги ослободува странските осуденици поради пренатрупаност – ги депортира дома Read More »

Горан Иванишевиќ со тужба против поранешната сопруга и ќерка му


 Поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ на Инстаграм се огласи за односите со претходната сопруга Татјана Драговиќ. „Така, во мигот кога се осмелив да си ги побарам заработените пари пред и за време на бракот, коишто Т.Д. ги присвои и покрај сите закони и договори, станав семеен насилник и миленик на судовите. Сега само ја чекам …

Горан Иванишевиќ со тужба против поранешната сопруга и ќерка му Read More »