Потона извозот на норвешки гас


Трговскиот суфицит на Норвешка со светот значително се намали во септември под притисок на остриот пад на извозот на гас, покажаа вчера податоците на заводот за статистика.

Норвешкиот извоз потона во септември за 47,7 отсто во споредба со истиот месец минатата година, на 131,9 милијарди норвешки норови (11,4 милијарди евра).

Извозот на гас е намален за 80,9 отсто, додека извозот на нафта е зголемен за 5,5 отсто. Странската побарувачка за опрема за секторот на нафта и гас, вклучувајќи бродови и платформи, целосно замре, покажуваат податоците, пренесува Хрпортфолио.

Ако се исклучат нафтата, гасот и опремата, извозот е намален за 2,2 отсто. Норвешка е значаен извозник на риба и морска храна.

Во септември падна и увозот на Норвешка, за 9,9 отсто, па трговскиот биланс со светот покажа суфицит од 45,6 милијарди круни, четвртина помалку од август.

На месечно ниво, вкупниот извоз е намален за 6,0 отсто во септември, а увозот е зголемен за 9,5 отсто.