Поголем дел од Кисела Вода денеска има парно – надминат проблемот


Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина во тек на вчерашниот ден во најкраток рок го локализираа дефектот на дистрибутивната топловодна мрежа во населбата Кисела Вода. 

По локализирање на дефектот, утрово повторно е воспоставена нормална испорака на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода.

Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина и денес се на терен и интензиво работат на  санација на дефектот, со цел истиот да биде саниран во најкус можен рок. 

Во попладневните часови во тек на вчерашниот ден, поради високите надворешни температури не се вршеше испорака на топлиснка енергија.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и  075400100.