Намалена потрошувачката на природен гас во Грција


Во првите девет месеци од годинава, потрошувачката на природен гас во Грција се намалила за 15,38 отсто во споредба со истиот период лани, согласно податоците од Националниот оператор за пренос на гас (ДЕСФА), намалување кое според компанијата се должи на благата зима, јави дописничката на МИА од Атина. 

Во периодот јануари – септември 2023 година, домашната потрошувачка на природен гас во земјата достигнала 38,07 терават часови од 44,98 терават во истиот период лани.

Намалувањето на домашната потрошувачка, според ДЕСФА резултираше со пропорционално намалување за 13,69 отсто во споредба со лани на увезеното количеството на природен гас во Грција од терминалот за течен природен гас во Ревитуса, што воедно останува и главната порта за увоз во конкретниот период.