(Видео) „Проектот на векот“ започна кај пирамидата во Гиза. Луѓето бесни, археолозите згрозени


Почетокот на работата за реставрација на Микериновата пирамида во Гиза предизвика критики од експерти и поттикна потсмев на социјалните мрежи, но напротив, шефот на египетскиот Врховен совет за антиквитети, Мусфат Вазири, реставрацијата ја нарекува „проект на векот“. Во видеото објавено на Фејсбук, Вазири ги покажа работниците како поставуваат гранитни блокови во основата на пирамидата на …

(Видео) „Проектот на векот“ започна кај пирамидата во Гиза. Луѓето бесни, археолозите згрозени Read More »

Киев го известил Вашингтон дека планира да го отпушти генерал Залужни


Украинската влада ја известила Белата куќа дека планира да го отпушти командантот на вооружените сили на земјата, генерал Валериј Залужни, објави Ројтерс, повикувајќи се на два, како што се наведува, добро упатени извори, пренесува БТА. За ова прашање веќе неколку дена се расправа во јавноста, со спротивставени извештаи. Потегот за смена на Залужни, кој се …

Киев го известил Вашингтон дека планира да го отпушти генерал Залужни Read More »

Нови три индикаторни мерни станици за контрола на аерозагаденоста во Неготино


Нови три индикаторни мерни станици за контрола на аерозагаденоста се поставени во општина Неготино во градското подрачје, информираат од еколошкото здружение ,,Ековита”. Оттаму нагласуваат дека сега вкупниот број на мерни станици на неготинска територија изнесува шест. Претседателот на здружението, Сашко Тодоров појасни дека вкупниот број на станици ги вклучува и претходно поставените во градот и …

Нови три индикаторни мерни станици за контрола на аерозагаденоста во Неготино Read More »

Грковска очекува црната листа на САД да продолжи да се дополнува


 Вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска, по разговорите во Одделот за правда на САД во Вашингтон, изјави дека очекува американската црна листа да продолжи да се дополнува. – Се надевам дека листата уште повеќе ќе се надополнува. Секогаш, велам, дека тоа е дополнителна помош од нашите меѓународни партнери, за да ги поттикнат …

Грковска очекува црната листа на САД да продолжи да се дополнува Read More »

Во општина Центар мурал посветен на маестро Џамбазов


 На улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало во скопската општина Центар денеска ќе биде промовиран мурал посветен на композиторот Александар Џамбазов. Промоцијата на муралот, кој е дело на уметниците Драган Китановски-Даш и Марјан Димиќ-Мачка, е по повод роденденот на маестро Џамбазов.

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност …

Сончево со мала до умерена облачност Read More »

Пред точно 14 години беше разоткриена најголемата измама во историјата на медицината


Пред точно 14 години, медицинското списание „Лансет“ ја повлече лажната студија од 1998 година на британскиот гастроентеролог Ендрју Вејкфилд, која тврдеше дека вакцините предизвикуваат аутизам. За жал, и покрај повлекувањето, студијата стана света книга на антиваксерите, додека нејзиниот автор се профилираше како еден од гуруата на движењето што предизвика илјадници животи да бидат повторно одземени …

Пред точно 14 години беше разоткриена најголемата измама во историјата на медицината Read More »

Модриќ не донел одлука да го напушти Реал Мадрид


Договорот на Лука Модриќ (38) со Реал истекува на крајот од сезоната. Се зборуваше и за заминување од мадридскиот клуб во летото 2023 година, кога имаше богати понуди од саудиските клубови.  Сепак, тој остана во тимот на тренерот Карло Анчелоти кој сезонава не го користи многу во првиот тим. Неговото место го зазедоа младите играчи …

Модриќ не донел одлука да го напушти Реал Мадрид Read More »

Две малолетни девојки пријавени за исчезнати во полиција


Две пријави за исчезнати лица пристигнале вчера до полицијата. – На 01.02.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Т.(48) од с.Волково, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Ј.Т.(14), која и претходно се оддалечувала и била враќана, а има и здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопшти полицијата.  …

Две малолетни девојки пријавени за исчезнати во полиција Read More »

Вархеји: ЕК е загрижена поради одлуката на Косово да го укине динарот


Европската комисија жали што Централната банка на Косово одлучи да го укине динарот како платежно средство без претходна консултација и е особено загрижена за влијанието на таа одлука врз училиштата и болниците, изјави денеска европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеи. Вархеи на „Х“ напиша дека Европската комисија жали за таа одлука, имајќи го предвид нејзиното …

Вархеји: ЕК е загрижена поради одлуката на Косово да го укине динарот Read More »

Леброн останува во Лејкерси


Во последните денови во САД се шпекулираше дека Леброн Џејмс може да ги напушти Лос Анџелес Лејкерс пред крајот на преодниот рок во НБА.  Сепак, оваа информација ја демантираше неговиот агент, Рич Пол, кој за „ЕСПН“ изјави дека предводникот на „езерџиите“ нема да биде преместен во друг тим. – Леброн нема да оди во друг …

Леброн останува во Лејкерси Read More »

Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во Струмица


 Споменикот на Гоце Делчев, поставен на истоимениот плоштад во Струмица, е вандализиран од засега непознати лица и со авто лак врз него се испишани пораки. Фотографијата од осквернатиот споменик се шири по социјалните мрежи, а се случува на два дена пред одбележувањето на 152 години од раѓање на Гоце Делчев, 4 февруари. Од Општина Струмица …

Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во Струмица Read More »

Деветнаесетгодишно момче од Турција донесено на скопските клиники во тешка состојба по што починало, нема траги на насилство


МВР соопшти дека 19-годишен турски државјанин со престој во Скопје вчера бил примен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во тешка здравствена состојба по што починал. Според полицијата, кај турскиот државјанин О.Ј. немало видливи траги на насилство. Случајот бил пријавен вчера во 14.30 часот во СВР Скопје, од комплексот клиники „Мајка Тереза“, а О.Ј. починал околу …

Деветнаесетгодишно момче од Турција донесено на скопските клиники во тешка состојба по што починало, нема траги на насилство Read More »

Професионален војник снабдувал затвореници во Идризово со телефони


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, осомничениот, на 1 февруари во КПУ Идризово – Скопје, како службено лице – професионален војник во Армијата на Република Северна Македонија, поради прогласена кризна …

Професионален војник снабдувал затвореници во Идризово со телефони Read More »

Константинос Николау нов в.д. директор на УСЈЕ, досегашниот, Борис Хрисафов, стана член на одборот на директори 


Константинос Николау е нов главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје кој на оваа функција доаѓа како вршител на должност до одржување на наредното Собрание на акционери, а истовремено Николау е избран и за в.д. извршен член на Одборот на директори. Николау доаѓа на местото на Борис Хрисафов кој ќе ја извршува функцијата в.д. …

Константинос Николау нов в.д. директор на УСЈЕ, досегашниот, Борис Хрисафов, стана член на одборот на директори  Read More »

Германија ќе го легализира канабисот од 1 април


По долга борба, партиите од германската владејачка коалиција ги договорија последните детали за легализацијата на канабисот, објави ДПА. Затоа, законот може да стапи на сила на 1 април, најавија заменик-претседателите на пратеничките групи Дагмар Шмит (ГСДП), Марија Клајн-Шмајнк (Зелени) и Константин Куле (СВП) по последната рунда преговори во Берлин. -Прописите се вистинска пресвртница за модерна …

Германија ќе го легализира канабисот од 1 април Read More »

Француските земјоделци почнаа да ги отстрануваат блокадите околу Париз


Француските земјоделци почнаа постепено да ги укинуваат блокадите околу Париз и на други места во земјата, еден ден откако француската Влада понуди мерки вредни повеќе од 400 милиони евра како одговор на нивните барања за подобри услови за земјоделство. На главните патишта околу француската престолнина, земјоделците почнаа да ги отстрануваат шаторите, да го расчистуваат патот …

Француските земјоделци почнаа да ги отстрануваат блокадите околу Париз Read More »

Град Скопје ќе се кандидира за Европска престолнина за млади


Град Скопје на иницијатива на Националниот младински совет на Македонија – НМСМ и бројни младински организации отпочна со подготовка на кандидатура за Европска престолнина за млади, која ја доделува Европскиот младински форум со цел да ги охрабри младите да го зголемат младинското учество во градовите кои конкурираат за ова титула, соопшти денеска Одделението за односи …

Град Скопје ќе се кандидира за Европска престолнина за млади Read More »

Томовска за МИА: Надзорот на трудовите инспектори за М-НАВ завршува денеска, утврдени неправилности


Инспекцискиот надзор и извештаите за случајот М-НАВ завршуваат денеска, изјави за МИА директорката на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), Весна Томовска. Таа истакна дека инспекторите имаат утврдени неправилности, но за какви неправилности станува збор и подетални информации околу надзорот на тројцата инспектори кои две недели работеа на овој случајќе даде наредната недела, со цел да …

Томовска за МИА: Надзорот на трудовите инспектори за М-НАВ завршува денеска, утврдени неправилности Read More »

Натпреварувач во „Милионер“ не успеа на прашањето за филмот „Опенхајмер“: Дали вие би го знаеле одговорот?


Филип Шпаниќ е елиминиран од хрватскиот квиз „Кој сака да биде милионер?“ бидејќи не го знаеше одговорот на прашањето за филмот „Опенхајмер“. Имено, прашањето гласеше: „Кој научник не се појавува како лик во филмот „Опенхајмер“ од 2023 година? Понудените одговори беа: Алберт Ајнштајн, Едвард Телер, Нилс Бор и Ервин Шредингер. Иако го гледал споменатиот филм, …

Натпреварувач во „Милионер“ не успеа на прашањето за филмот „Опенхајмер“: Дали вие би го знаеле одговорот? Read More »