Во општина Центар мурал посветен на маестро Џамбазов


 На улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало во скопската општина Центар денеска ќе биде промовиран мурал посветен на композиторот Александар Џамбазов.

Промоцијата на муралот, кој е дело на уметниците Драган Китановски-Даш и Марјан Димиќ-Мачка, е по повод роденденот на маестро Џамбазов.