Натпреварувач во „Милионер“ не успеа на прашањето за филмот „Опенхајмер“: Дали вие би го знаеле одговорот?


Филип Шпаниќ е елиминиран од хрватскиот квиз „Кој сака да биде милионер?“ бидејќи не го знаеше одговорот на прашањето за филмот „Опенхајмер“.

Имено, прашањето гласеше: „Кој научник не се појавува како лик во филмот „Опенхајмер“ од 2023 година? Понудените одговори беа: Алберт Ајнштајн, Едвард Телер, Нилс Бор и Ервин Шредингер.

Иако го гледал споменатиот филм, Шпаниќ не одговори точно и си замина дома со 5.000 евра. Точниот одговор беше Ервин Шредингер.

„Опенхајмер“ беше премиерно прикажан во Париз во јули минатата година. Заработи повеќе од 950 милиони долари. Доби пофалби од критичарите, а Американскиот филмски институт го вклучи меѓу најдобрите филмови за 2023 година.

„Опенхајмер“ освои пет Златни глобуси. Има 13 номинации за Оскар. Свеченото доделување на овие престижни филмски награди ќе се одржи на 10 март во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.

Интересно е и тоа што првиот филм за Џ. Роберт Опенхајмер е снимен во Југославија. Главната улога ја имал актерот Бранко Плеша, роден во Кисељак. „Случајот Опенхајмер“ е снимен во продукција на РТВ Белград. Режијата е на Арсеније Јовановиќ по сценарио на германскиот писател Хајнар Кипард. Премиерно беше прикажан во 1970 година.