Загина повозрасно лице во пожарот кај Псача


Во последното деноноќие, имало десетина пожари на отворено, а еден од нив бил фатален за  повозрасно лице, кое починало поради гушење со чад, јавува Центарот за управување со кризи утрово.. Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од ТППЕ Ранковце пронашле настрадно повозрасно лице при гаснењето на пожар на отворено сношти при …

Загина повозрасно лице во пожарот кај Псача Read More »

Ријад: Нема дипломатски односи со Израел без независна Палестина


Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија соопшти дека Ријад нема да воспостави дипломатски односи со Израел сè додека Тел Авив не признае независна палестинска држава и не престане израелската агресија врз Појасот Газа. Соопштението уследи откако портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека американската администрација добила позитивни информации дека Саудиска …

Ријад: Нема дипломатски односи со Израел без независна Палестина Read More »

Загина поранешниот претседател на Чиле – прогласена тридневна жалост


Чилеанскиот претседател Габриел Борич прогласи тридневна жалост во оваа јужноамериканска земја откако 74-годишниот поранешен претседател Себастијан Пињера загина во хеликоптерска несреќа во вторникот. „Наредив да биде испратен со сите државни почести на погребот и прогласив тридневна жалост во спомен на претседателот кој служеше два мандата“, рече Борич во јавното обраќање во оваа земја со 19 …

Загина поранешниот претседател на Чиле – прогласена тридневна жалост Read More »

Една третина од децата и младите доживеале булинг преку интернет


На овогодинешниот меѓународен ден за побезбеден интернет што се одбележува како глобална иницијатива за промовирање побезбеден и подобар интернет за сите корисници, особено за децата и младите, УНИЦЕФ ги повикува сите чинители да ги зголемат напорите за заштита на децата од растечките ризици на интернет. Повеќе од 400 деца и млади од Северна Македонија учествуваа …

Една третина од децата и младите доживеале булинг преку интернет Read More »

ДСЗИ: Поништени небезбедни шампони од Турција и Бугарија


 На градска депонија во Крива Паланка, во присуство на државен санитарен и здравствен инспектор, на 26 јануари извршено е поништување на небезбедни козметички производи најдени во промет, информираат попладнево од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Како што појаснуваат од ДСЗИ, станува збор за шампони за коса со поминат рок на употреба и несоодветни означувања, …

ДСЗИ: Поништени небезбедни шампони од Турција и Бугарија Read More »

Чеси заглавени на највисоката австриска планина, спасени по два дена


Двајца повредени алпинисти од Чешка беа спасени откако два дена поминаа во засолниште на највисоката планина во Австрија. Двајца алпинисти повикале помош во неделата навечер откако биле повредени по паѓање од карпа на северната страна на Гросглокнер. Во услови на бура тие не можеа да бидат спасени во неделата или понеделникот, па се засолниле во …

Чеси заглавени на највисоката австриска планина, спасени по два дена Read More »

Со „медикоптерот“ младиот Леонид Индов е пренесен од Скопје во Виена


  Утрово,  дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и директорот на Градската Општа болница „8-ми Септември” д-р. Христијан Костов присуствуваа на првиот меѓународен реализиран лет во историјата на современата македонска држава со хеликоптер од Одделот за воздухопловни единици при МВР со кој за медицински …

Со „медикоптерот“ младиот Леонид Индов е пренесен од Скопје во Виена Read More »

Нови три случаи на голема кашлица во државата, вкупно 15 од почетокот на годинава


Нови три случаи на голема кашлица се регистрирани во државата, со што бројката се зголеми на вкупно 15 од почетокот на годината. Доктор Кристина Ставридис, епидемиолог од Институтот за јавно здравје, изјави дека преку системот за следење заразни болести, евидентирани се вкупно 15 случаи од почетокот на годината. Министерот за здравство Фатмир Меџити, во одговор …

Нови три случаи на голема кашлица во државата, вкупно 15 од почетокот на годинава Read More »

(Фото) Каква е состојбата пред пунктот во ПС „Пролет“, на последниот ден за документи без закажување


Уште денеска граѓаните можат да почекаат пред пунктот кај ПС „Пролет“ за да добијат лични документи со новото име на државата, од утре, како што најави МВР, и за таму ќе се закажува, но само по телефон. Денеска, повторно имаше редици граѓани кои чекаа на смена на документите. Дел од нив носеа подготвени, пополнети барања, …

(Фото) Каква е состојбата пред пунктот во ПС „Пролет“, на последниот ден за документи без закажување Read More »

Летово ќе има голем метеж кон Халкидики – се реновира обиколницата кај Солун


Започна големиот градежен проект „Flyover“ кој се изведува на обиколницата околу Солун (Периферијакос) и ќе трае четири години, што значи дека се очекува уште поголем метеж за туристите од Македонија  планираат да летуваат во овој дел на Грција, но и викенд-туристичките посети на пристанишниот град. Најавувајќи го „Flyover“ како најголем грчки проект во последно време, …

Летово ќе има голем метеж кон Халкидики – се реновира обиколницата кај Солун Read More »

Делегацијата на ЕУ донира седум амбулантни возила на Брзата помош


Делегацијата на Европската Унија обезбеди седум амбулантни возила финансирани од ЕУ за Итната помош во Скопје и Здравствениот дом Скопје. Возилата ќе превезуваат болни или повредени лица до болниците во Скопје. Главниот град има најголеми потреби и население во државата и донацијата ќе го ублажи недостигот од возила. Ова е најновата испорака на помош од ЕУ наменета да му помогне на …

Делегацијата на ЕУ донира седум амбулантни возила на Брзата помош Read More »

Почнува реконструкцијата на „Љубљанска“


Изградба на булеварот „Љубљанска“ почнува денеска. Согласно проектот, се работи за ново булеварско решение на улица „Љубљанска“, со поврзување на новиот мост над реката Вардар од таканаречен тип “extradosed bridge”. – Ова сообраќајно решение ќе го олесни движењето на граѓаните на Општина Карпош директно поврзувајќи ја населбата Карпош со улицата Скупи. Ваквото решение не само …

Почнува реконструкцијата на „Љубљанска“ Read More »

Со помош на „Алкалоид“ и Комерцијална банка, Токсикологија добива нов ургентен центар


Договор за нов ургентен интернистички центар на Токсикологија беше потпишан денеска во Министерството за здравство, од страна на министерот Фатмир Меџити и претставници на компанииите ,,Алкалоид” и „Комерцијална банка”. Министерот рече оти со ова, се исполнува уште едно ветување. – Денеска, со поддршка од општественo одговорнитe компании ,,Алкалоид” и ,,Комерцијална банка”, потпишавме договор за формирање …

Со помош на „Алкалоид“ и Комерцијална банка, Токсикологија добива нов ургентен центар Read More »

Пукање пред суд во Истанбул: Ранети шест лица, меѓу нив и полицајци


Шест лица, меѓу кои тројца полицајци, се ранети денеска при пукање пред зградата на судот во Истанбул, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, додавајќи дека двајца напаѓачи се убиени. Јерликаја навел дека е направен обид за напад на контролниот пункт пред капијата на судот Чаглајан во Истанбул и дека двајца напаѓачи, една жена …

Пукање пред суд во Истанбул: Ранети шест лица, меѓу нив и полицајци Read More »

И во пунктот „Пролет“ лични документи само со закажување


Од утре, среда, пунктот за фотографирање за лични документи во ПС „Пролет“ нема да работи без закажување туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година. Трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос …

И во пунктот „Пролет“ лични документи само со закажување Read More »

Украински пилот: Беа потребни шест мали морски дронови за да потонеме руски брод


Беа потребни шест морски беспилотни летала, напојувани со млазни скутери, за да потонеме руски ракетен брод минатата недела, изјави член на тајната украинска единица за Си-ен-ен. Украинската одбранбена разузнавачка служба тогаш соопшти дека малиот руски воен брод „Ивановец“ претрпел повеќекратни удари кај полуостровот Крим. Еден од пилотите на дронот зад нападот изјави за Си-ен-ен дека …

Украински пилот: Беа потребни шест мали морски дронови за да потонеме руски брод Read More »

На местото на поранешното училиште „Вера Јоциќ“ во Хиподром се гради спортски центар


Започнува изградбата на новиот спортски центар во населба Хиподром со што се исполнува уште едно ветување дадено пред граѓаните, информира градоначалникот Бобан Стефковски. – На терен се започнати подготвителните градежни активности и наскоро ќе означиме и почетокот на градбата на спортскиот центар. На местото на поранешното училиште „Вера Јоциќ“ ќе изградиме цел комплекс на кој …

На местото на поранешното училиште „Вера Јоциќ“ во Хиподром се гради спортски центар Read More »

Поставиле жица на шумски пат, за малку избегната трагедија со четирицикл


Многу опасно искуство, кое за среќа не заврши со трагедија, доживеал Амел, страствен возач на четирицикл кој со своите пријатели се возел во подравинскиот дел на Билогора, Хрватска, поточно по шумскиот пат недалеку од Мичетинец и Св. Ана. Тимот налетал на тенка и тешко забележлива метална жица која била врзана за две дрвја, приближно на …

Поставиле жица на шумски пат, за малку избегната трагедија со четирицикл Read More »

ОН: Две третини од Појасот Газа се евакуирани по наредба на израелските власти


Обединети нации соопштија дека израелските власти наредиле евакуација на населението од две третини од територијата на Појасот Газа или од 246 квадратни километри, каде пред војната, живееја 1,78 милиони Палестинци, 77 отсто од населението во енклавата. По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, израелската армија им препорача на Палестинците во северниот …

ОН: Две третини од Појасот Газа се евакуирани по наредба на израелските власти Read More »

Студија: Разговорот на телефон може да ја намали осаменоста и депресијата кај постарите луѓе


Нудењето психолошка поддршка на постарите луѓе преку телефон може да помогне во намалувањето на депресијата и осаменоста, сугерира новото истражување. Британските научници објавија дека луѓето кои имале еден вид терапија, преку неделен телефонски повик во текот на осум недели, покажале подобрувања во менталното здравје. Студијата, предводена од научници од Универзитетот во Јорк во Велика Британија, …

Студија: Разговорот на телефон може да ја намали осаменоста и депресијата кај постарите луѓе Read More »