Украински пилот: Беа потребни шест мали морски дронови за да потонеме руски брод
Беа потребни шест морски беспилотни летала, напојувани со млазни скутери, за да потонеме руски ракетен брод минатата недела, изјави член на тајната украинска единица за Си-ен-ен.
Украинската одбранбена разузнавачка служба тогаш соопшти дека малиот руски воен брод „Ивановец“ претрпел повеќекратни удари кај полуостровот Крим.
Еден од пилотите на дронот зад нападот изјави за Си-ен-ен дека во нападот биле користени десет беспилотни летала „МАГУРА“, од кои шест погодиле и на крајот потонале руски воен брод, што е најновата загуба за руската црноморска флота.
-Беспилотните летала „МАГУРА“ се долги само неколку метри и се напојуваат со скутери, изјави пилотот, но тие имаат голем домет од околу 800 километри, што на неговата единица и дава слобода за време на нападот.
Пилотот е припадник на специјалната единица на Украинската одбранбена разузнавачка агенција (ГУР), која е поврзана со бројни напади на Крим и самата Русија.