Директорката на Онкологија, Клисарова вели дека клиниката работи нормално (во живо)


Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално. Во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите, информира  директорката на Клиниката Виолета Клисарова.  За останатите информации поврзани со претресите кај лица кои се сомничат дека се поврзани со случајот Онкологија, Клисарова упати на надлежните институции кои ги водат овие процеси. Од …

Директорката на Онкологија, Клисарова вели дека клиниката работи нормално (во живо) Read More »

ОН потврдија дека во Европа е достигната рекордна висока температура во 2021 година


 Светската метеоролошка организација (СМО) денеска официјално потврди нов рекорд на температура за континентална Европа од 48,8 степени Целзиусови во Италија на 11 август 2021 година и предупреди дека се очекуваат нови екстремни температури. Наодите се објавени во Меѓународниот весник за климатологија. „Меѓународен панел од научници за атмосферата ја потврдија температурата регистрирана од автоматизирана метеоролошка станица …

ОН потврдија дека во Европа е достигната рекордна висока температура во 2021 година Read More »

Шукова: Имаме четири планови за климатски промени со климатски сценарија


Адаптацијата кон климатските промени значи преземање акција за планирање и прилагодување на сегашните и очекуваните влијанија на климатските промени. Како држава имаме изработено четири национални комуникации/планови за климатски промени во кои детално се анализирани климатски сценарија и нивните влијанија врз најзасегнатите сектори, со предложени мерки за ублажување на влијанијата во сите сектори.  Ова го истакна …

Шукова: Имаме четири планови за климатски промени со климатски сценарија Read More »

Еко-свест: Гасификацијата е прескапа – за 12 години се приклучиле само 503 домаќинства


Најновата студија покажува дека стратегиите и плановите за гасификација на државата ги потценуваат трошоците и ги преценуваат можностите на гасификацијата. Трошоците за изградба на целата гасна мрежа во државата може да надминат високи 1 милијарда евра. Притоа, со високите трошоци за инвестиции доаѓаат и високи трошоци за крајните корисници, што го прават приклучувањето кон овој …

Еко-свест: Гасификацијата е прескапа – за 12 години се приклучиле само 503 домаќинства Read More »

Во Бугарија речиси во половина држава прогласена епидемија на грип


Во бугарските градови Велико Трново и Јамбол од денеска е прогласена епидемија на грип. Мерките ќе останат во сила до 5 февруари, соопштија здравствените власти. Од среда епидемија на грип е најавена и за Шумен и Перник. Бугарските медиуми јавија дека речиси во половина од државата е прогласена епидемија на груп. Јамбол и Велико Трново …

Во Бугарија речиси во половина држава прогласена епидемија на грип Read More »

Резидентен паркинг до 40 возила добиваат станарите близу автобуската КИМ во Центар


Граѓаните кои живеат во Буњаковец близу автобуската постојка КИМ добиваат нов и уреден резидентен паркинг со капацитет до 40 возила. За формирање на паркингот се постави нова постелка од бекатон плочки со нови ивичници со што се регулира паркирањето во овој дел од населбата, информираат од Општина Центар.  Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски смета …

Резидентен паркинг до 40 возила добиваат станарите близу автобуската КИМ во Центар Read More »

Изјави на завршна конференција на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“ (во живо)


Изјави на завршната конференција на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“ во организација на Центарот за климатски промени.     

(Видео) Силна експлозија во Ротердам: Превртени автомобили, скршени стакла, исчезнати


Три лица се водат за исчезнати откако синоќа експлозија предизвика голем пожар во станбена населба во Ротердам. Службите за итна помош потврдија дека најмалку едно лице е повредено. Таа била пронајдена на улица и пренесена во болница, пишува NL Times. Пожарникарите сѐ уште се обидуваат да го изгаснат големиот пожар предизвикан од експлозија во гаражата …

(Видео) Силна експлозија во Ротердам: Превртени автомобили, скршени стакла, исчезнати Read More »

(Видео) Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок


Милијардерот Eлон Маск вели дека неговата компанија Neuralink за прв пат успешно вградила еден од своите безжични чипови во човечки мозок. „Првичните резултати покажуваат ветувачки нервни импулси и пациентот добро закрепнува“, објави Маск. Целта на компанијата е да го поврзе човечкиот мозок со компјутерите и да помогне во решавањето на сложените невролошки состојби. Голем број …

(Видео) Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок Read More »

Претреси кај лица кои се сомничат дека се поврзани со случајот Онкологија


Се вршат претреси утринава кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со скандалот на Клиниката за онкологија. Претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали, надлежните институции најавуваат во текот на денот.

Астрономите открија древни ѕвезди во Млечниот Пат: Бледнееле со години, а потоа блеснаа


Астрономите открија мистериозна група џиновски, постари ѕвезди во срцето на Млечниот Пат кои испуштаат облаци од прашина и гас со големина на Сончевиот систем. Ѕвездите, кои биле наречени „Стари пушачи“, лежеле долги години, бледнејќи речиси до невидливост, пред наеднаш да „издуваат“ огромни облаци од чад и да заблескаат со неверојатна светлина. Откритието е направено при …

Астрономите открија древни ѕвезди во Млечниот Пат: Бледнееле со години, а потоа блеснаа Read More »

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила


Белорусија стана нуклеарна сила откако беше изградена белоруската нуклеарна централа со учество на Русија, што е сериозен чекор напред во економскиот и технолошкиот развој, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој на состанокот на белорускиот Врховен државен совет потсети дека со учество на Руската Федерација во 2023 година во Белорусија изграден е вториот блок на белоруската …

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила Read More »

Пет лица, турски државјани, се изгубиле на Водно откако се стемнило – евакуирани се


Петмина турски државјани останале на Водно откако се стемнило, па се изгубиле. Се јавиле на бројот на итни случаи 112, по што биле безбедно симнати од планината. – По добиениот повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК дека на паркингот кај Милениумски Крст на Водно се наоѓаат пет лица, турски државјани, …

Пет лица, турски државјани, се изгубиле на Водно откако се стемнило – евакуирани се Read More »

Чешка: Тврдењето дека војната беснее само на истокот на Украина ја доведува во заблуда јавноста


Погрешно претставување на ситуацијата во Украина со тврдење дека војната беснее само на истокот на земјата е сериозна измама на јавноста. Ова денеска го изјави претседателот на Чешката Република Петр Павел, во интервју за Чешкото радио, одговарајќи на изјавите на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој рече дека луѓето водат нормален живот во Киев, пренесе ТАСР. …

Чешка: Тврдењето дека војната беснее само на истокот на Украина ја доведува во заблуда јавноста Read More »

Валиева суспендирана, Русија без олимпиското злато во уметничко лизгање


Руската натпреварувачка во уметничко лизгање Камила Валиева доби четиригодишна суспензија поради допинг, објави денеска Спортскиот арбитражен суд, со што на Олимпискиот комитет на Русија му е одземен златниот медал во екипното натпреварување на Зимските олимписки игри 2022 во Пекинг. „Утврдено е дека Камила Валиева ги прекршила антидопинг правилата и е санкционирана со четиригодишна забрана за …

Валиева суспендирана, Русија без олимпиското злато во уметничко лизгање Read More »

Парискиот Мастерс се сели на нова локација


Престижниот тениски турнир во Париз од серијата Мастерс 1000 од идната година ќе се игра на нова локација, објави денеска Тениската федерација на Франција (ФФТ). По 38 години минати во Берси Арена, која во моментов има капацитет од 16.800 седишта, парискиот Мастерс од 2025 година ќе се игра во Ла Дефанс Арена која може да …

Парискиот Мастерс се сели на нова локација Read More »

Суспендирани 19 пратеници поради недолично однесување во албанскиот Парламент


Советот за етика во албанскиот Парламент суспендираше 19 пратеници од опозициската Демократска партија, приврзаници на Сали Бериша и Газменд Барди, поради попречување на нормалното одвивање на работата на законодавниот дом. Според одлуката пратеникот Ервин Салијањи има забрана за учество во работата на парламентот во период од 20 дена, додека останатите 18 по 10 дена. Одлуката …

Суспендирани 19 пратеници поради недолично однесување во албанскиот Парламент Read More »

Галант најави дека израелските трупи наскоро „ќе тргнат во акција“ на границата со Либан


Израелските трупи „многу брзо ќе тргнат во акција“ во близина на северната граница на земјата со Либан, изјави денеска министерот за одбрана Јоав Галант. Тој им соопшти на војниците во близина на границата со опколениот Појас Газа дека други се распоредени на северот на Израел. – Тие многу брзо ќе тргнат во акција… така што …

Галант најави дека израелските трупи наскоро „ќе тргнат во акција“ на границата со Либан Read More »

Рекет на Надал продаден за 118.000 долари


 Рекетот со кој играше Рафаел Надал во неговата победа во финалето на Ролан Гарос во 2007 година над Роџер Федерер е продаден за 118.026 долари на аукција денеска, со што доби статус на еден од најскапите тениски реквизити во историјата. Надал во финалето во Париз во 2007 го совлада Федерер со 6-3, 4-6, 6-3, 6-4, …

Рекет на Надал продаден за 118.000 долари Read More »

Рекорден број фалсификувани евра во Германија


Во Германија минатата година од оптек се повлечени поголем број лажни евро банкноти отколку во 2022 година, објави германската централна банка (Бундесбанк) во Франкфурт на Мајна. „Бројот на лажни банкноти повлечени од оптек во 2023 година се зголеми за 28,2 отсто во споредба со 2022 година и изнесуваше 56.000“, се вели во соопштението на Германската …

Рекорден број фалсификувани евра во Германија Read More »