50 години по мистериозната смрт на Пабло Неруда, наредена е нова истрага


Чиле повторно ќе се обиде да ја реши мистеријата за смртта на поетот и добитник на Нобеловата награда Пабло Неруда, кој почина во 1973 година, кој можеби бил отруен под диктатурата на Августо Пиноче, одлучи денеска апелациониот суд. „Повторното отворање на истрагата е наложено за да се спроведат процедурите“ што ги побараа подносителите на претставката, …

50 години по мистериозната смрт на Пабло Неруда, наредена е нова истрага Read More »

Во Италија суша и загадување: Милано се гуши во смог


Во северната италијанска област Ломбардија стапија на сила ограничувањата што вчера ги воведоа италијанските власти поради смог, јави ДПА. Ограничувањата вклучуваат делумна забрана за дизел автомобили и целосна забрана за пожари на отворено, како и забрана за употреба на одредени печки на дрва, објавија локалните медиуми. Мерките се однесуваат за Милано и уште осум провинции …

Во Италија суша и загадување: Милано се гуши во смог Read More »

Владата предлага да не смее да се гради во старото градско јадро на Охрид


Заради исполнување на препораките на УНЕСКО за заштита на Охридскиот Регион,  Владата го утврди изготвениот Предлог на закон за измени и дополнувања на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за  културно наследство од особено значање. Со Предлог-законот кој Владата го утврди на денешната седница се предлага заострување на режимот на заштита на …

Владата предлага да не смее да се гради во старото градско јадро на Охрид Read More »

Сијарто: За време на унгарското претседателство ќе има најголемо проширување на ЕУ


За време на унгарското претседателство ќе дојде до „најголемото проширување на Европската унија досега“, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто. Тој додаде дека за време на пристапните преговори фокусот ќе биде ставен на „актуелната состојба“ на кандидатите, а не на „попуштање пред политичките притисоци“, објави МТИ. „Нема да дозволиме пристапните преговори на некои земји …

Сијарто: За време на унгарското претседателство ќе има најголемо проширување на ЕУ Read More »

ФЗО го одбилo барањето за младиот Леонид Индов да се лекува во Виена


Откако младиот Леонид Индов со специјален хеликоптер беше пренесен во Виена на лекување, Фондот за здравство го одбил неговото барање за лекување во странство. Оваа информација денеска ја соопшти заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот. Инаку, вријат социјалните мрежи со негативни коментари за одлуката на ФЗО, Андоновски на …

ФЗО го одбилo барањето за младиот Леонид Индов да се лекува во Виена Read More »

Сите најавуваат претставки за стопирање на ДУП-от за Ѓорче Петров


Повеќе од 30 згради, индустриски објекти, трговски единици на огромни површини и повеќе од 10.000 нови жители треба да добие дел од Општината Ѓорче Петров, спроти пазарот, откако советниците на саботната седница го изгрласаа новиот ДУП за градска четврт СЗ 16. Реакции на овој урбанизстички план стигаат речиси од сите засегнати страни, но и од …

Сите најавуваат претставки за стопирање на ДУП-от за Ѓорче Петров Read More »

Предлог-законите за средно и за стручно образование ја поминаа првата фаза


Предлог-законите за средно образование и за стручно образование и обука денеска поминаа во прво читање на седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. Поддршка добија од сите членови на матичната комисија, а на иницијатива на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, по двата предлога ќе бидат организирани јавни расправа пред да се проследат во второ читање. …

Предлог-законите за средно и за стручно образование ја поминаа првата фаза Read More »

АКН: Само цената за вадење прв имотен лист е зголемена, за секој нареден е 250 денари


По информациите дека поскапуваат услугите на Катастар, а цената се зголемува и до три пати, од таму денеска појаснуваат дека зголемени се цените за прв упис, додека секој нареден имотен лист, чини како и досега 250 денари. „Цената на имотниот лист кој го издава Агенцијата за катастар на недвижности, а се однесува на имотот на …

АКН: Само цената за вадење прв имотен лист е зголемена, за секој нареден е 250 денари Read More »

Мртов млад маж најден утрово под Железен мост во Велес


Човечкиот труп на млад велешанец утрово  е најден под  Железен Мост, во населбата Дворови во Велес.На лице место била повикана екипа на Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот направила екипа на СВР Велес,информира за МИА, Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес. Јавниот обвинител Анастасија Миланова беше на местото на настанот и според …

Мртов млад маж најден утрово под Железен мост во Велес Read More »

Во петок почнува собирањето потписи за претседател и пратеници во подрачните канцеларии на ДИК и пред овластени нотари


Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува во петок на 23 февруари и ќе трае до 8 март, согласно роковниците на Државната изборна комисија (ДИК). Државната изборна комисија (ДИК) на седница донесе Правилник за собирање на потписи, којшто денеска ќе биде објавен на веб – страницата на Комисијата …

Во петок почнува собирањето потписи за претседател и пратеници во подрачните канцеларии на ДИК и пред овластени нотари Read More »

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари


Минималните трошоци на едно семејство во февруари се зголемени за 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка.  Според денеска објавените податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари и во однос на јануари кога изнесувала 57.163 денари е зголемена за 313 денари. Со изнајмен стан од 60 …

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари Read More »

Џафери и Шаќири го посетија Универзитетот „Мајка Тереза“


Техничкиот премиер Талат Џафери и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска го посетија Универзитетот „Мајка Тереза“, при што беа информирани за потребите на високо образовната установа. Имајќи ги предвид предизборните ограничувања, Џафери посочи дека не може да се носат конечни одлуки кои имаат финансиски импликации, но вели не е пречка да се направи …

Џафери и Шаќири го посетија Универзитетот „Мајка Тереза“ Read More »

Гатузо повеќе не е тренер на Марсеј


 Францускиот фудбалски прволигаш Марсеј на својата официјална веб-страница го објави отказот на Џенаро Гатузо како главен тренер. – Марсеј сака да упати посебна благодарност до Џенаро, како и на целиот негов персонал, за нивниот огромен придонес и високото ниво на професионализам што го покажуваа на дневна основа, и им посакува многу среќа во иднина, се …

Гатузо повеќе не е тренер на Марсеј Read More »

Се чисти депонијата во дворот на поранешна „Ранка Милановиќ“


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и министерот за труд и социјална политика во техничката влада Ѓоко Велковски денес беа во посета на поранешниот дом „Ранка Милановиќ“.   „Започна решавањето на проблемот во поранешниот дом „Ранка Милановиќ“. Утрово заедно со министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски бевме во посета на поранешниот дом …

Се чисти депонијата во дворот на поранешна „Ранка Милановиќ“ Read More »

Кратка историја за ДУП-от во Ѓорче Петров – кој добива, а кој губи?


Од иницијативата О2, читко напишале што сѐ се случувало последните години во Општина Ѓорче Петров, пред во саботата да се изгласа ДУП за градска четврт С3 16, каде според него, треба да никнат згради од 21, 18, 16, 14 ката.    „На вонредна седница вчера советниците на Општина Ѓорче Петров без ниту еден глас против …

Кратка историја за ДУП-от во Ѓорче Петров – кој добива, а кој губи? Read More »

Земјоделците од Централна и Источна Европа денеска ги блокираат границите и големите градови


Земјоделците од земјите од Вишеградската група и балтичките републики денеска со трактори тргнаа кон големите градови и кон границите, кои ќе ги блокираат два часа поради зелената политика на Европската унија и неконтролираниот увоз од Украина. Земјоделците од тие региони протестираат со намера да извршат притисок врз ЕУ да ги исполни барањата што претставниците на …

Земјоделците од Централна и Источна Европа денеска ги блокираат границите и големите градови Read More »

Изјава за медиуми на Талат Џефери (во живо)


 Изјава за медиуми на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, по посетата на кампусот на Универзитетот “Мајка Тереза” заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.  

(Фото) Погледнете каков автомобил му подари Путин на Ким Џонг-ун – 2 метра широк, 6 тона тежок


Рускиот претседател Владимир Путин му подари автомобил на својот севернокорејски колега Ким Џонг-ун, објавија во вторникот севернокорејските државни медиуми. Тоа е уште еден знак за затоплување на односите меѓу двете земји, што предизвика загриженост во светот. Автомобил од руско производство за лична употреба на Ким беше испорачан од руска делегација во неделата, објави Корејската централна …

(Фото) Погледнете каков автомобил му подари Путин на Ким Џонг-ун – 2 метра широк, 6 тона тежок Read More »

Работилници против врсничко насилство во сите основни училишта во Карпош


Учениците од сите општински основни училишта во Карпош, деновиве активно учествуваат во работилниците против врсничко насилство, кои се спроведуваат во рамки на општествено одговорната кампања на Макпетрол „Крени глас против врсничко насилство“. Имено, основците и стручните служби во училиштата учествуваат во работилници кои се одржуваат во секое училиште поединечно, преку кои што се запознаваат со …

Работилници против врсничко насилство во сите основни училишта во Карпош Read More »

Македонец претепан до смрт во Есен, Германија


Македонец на возраст од 32 години бил убиен во германскиот град Есен. Тој бил претепан до смрт по расправија со двајца Еритрејци. Кавгата се претворила во тепчака во која, македонскиот државјанин бил удиран со тап предмет објавија германската полиција . Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој …

Македонец претепан до смрт во Есен, Германија Read More »