Дарт Вејдер кандидат за пратеник во украинскиот парламент


Киевскиот Дарт Вејдер е регистриран како кандидат за пратеник во украинското собрание од државната Централна изборна комисија. Тој така и се потпишал во пријавата, како Дарт Вејдер. Го искористил последниот рок на 21 јули и барањето за кандидатура му е прифатено. Кандидатот е роден 1987 година и е украински државјанин. Тој е регистриран како независен …

Дарт Вејдер кандидат за пратеник во украинскиот парламент Read More »

„Правда“ за Ѓоко Поповски


Ако не можете по коњот, удрете по самарот, им рече на судиите поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски на едно од рочиштата на кое ја образложуваше жалбата на пресудата за набавката на луксузниот „мерцедес“. Жалба имаа поднесено и поранешниот премиер Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска – сите тројца …

„Правда“ за Ѓоко Поповски Read More »

Едната наредба за Јанакиески се изгуби, другата за Божиновски ја згрешиле


Функционерите во минатата влада, Миле Јанкиески и Кирил Божиновски, кои се во домашен притвор вчера полицијата не ги спроведе на рочиштето за случајот „Титаник“. Судењето се одложи, а нема логично објаснување зошто двајцата не биле спроведени од притвор. Од Кривичниот суд тврдат дека била издадена наредба за спроведување на обвинетите и велат дека добиле и …

Едната наредба за Јанакиески се изгуби, другата за Божиновски ја згрешиле Read More »

Заев се повлече, ќе раководи со секторот финансии до избор на нов министер


Според Уставот е дозволено премиерот на државата да биде и министер, но се повлекувам откако се отвори дебата во јавноста, рече Зоран Заев од собраниската говорница за време на денешната седница за разрешување на старите и именување на новите министри. – Дадов налог на Кабинетот за повлекување на мојата кандидатура на позиција министер за финансии …

Заев се повлече, ќе раководи со секторот финансии до избор на нов министер Read More »

Македонец избоден на Малта, состојбата е критична


Малтешката полиција е во потрага по Србин кој е осомничен за наводен обид за убиство на Македонец во Бугиба, во северниот дел од Малта. Педесет и осумгодишниот Македонец чиј идентитет не е познат е во критична здравствена состојба и е хоспиталзиран. Според информациите на „ТВМ“, полицијата добила дојава дека во понеделникот дошло до расправија, по …

Македонец избоден на Малта, состојбата е критична Read More »

„Недоразбирање“ – премиера на Кумановскиот театар


Кумановскиот театар вечер од 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата  „Недоразбирање“ од Албер Ками, во режија на Драгана Таневска. Се работи за семејна драма за индивидувалните желби на поединци и нивното влијание врз хармонијата во семејството, во кое се следи загубената човечност поради загубена љубов, борбата за соништата и идеалите, бришењето на моралните граници. -Ова …

„Недоразбирање“ – премиера на Кумановскиот театар Read More »

Вечерашниот концерт на „Скопско лето“ преместен во Музејот на македонската борба


Вечерашниот концерт на контратенорот Бојан Булатовиќ и пијанистката Драгана Димиќ од Србија во рамки на „Скопско лето“ од технички причини ќе се одржи во Музејот на македонската борба намество во Даут-пашин амам, соопшти организаторот. На концертната програма се дела од композиторите Рахмањинов, Римски-Корсаков, Ѓорѓевиќ, Жебљан, Фере, Хан, Лобос…Почетокот на концертот е во истиот термин, 20.30 …

Вечерашниот концерт на „Скопско лето“ преместен во Музејот на македонската борба Read More »

И по 10 години од смртта, Мајкл Џексон предизвикува внимание


По шокантниот документарен филм „Напуштањето на Недојдија“, во кој Мајкл Џексон постојано е обвинуван за педофилија, се појавија нови, шокантни детали за пејачот. Овој пат тие се однесуваат на неговата смрт во 2009 година. Деталите се претставени во новиот документарец за Мајкл Џексон, во кој тројца детективи го откриваат текот на истрагата, откако беше потврдено …

И по 10 години од смртта, Мајкл Џексон предизвикува внимание Read More »

Се изнајмува домот на Џорџ Мајкл


Домот на починатиот британски поп-пејач Џорџ Мајкл во Лондон се изнајмува, а цената изнесува 15.000 британски фунти неделно. Според обожавателите на поп-ѕвездата, многу е веројатно во имотот кој пејачот го остави во наследство на сестрите, да се внесе сосема нова знаменитост и тоа да прерасне во врвна луксузна туристичка атракција. Меѓу клиентите на агенцијата која …

Се изнајмува домот на Џорџ Мајкл Read More »

Леброн Џејмс ќе глуми во „Спејс џем 2“


Ѕвездата на НБА, Леброн Џејмс, го потврди учеството во „Спејс џем 2“ – продолжението на филмскиот хит со Мајкл Џордан од 1996 година. – Ова ме погоди! Навистина ќе го снимам „Спејс џем 2“! Тоа е нестварно и просто не можам да поверувам. Со оглед на тоа од каде сум и каде израснав – ова …

Леброн Џејмс ќе глуми во „Спејс џем 2“ Read More »

Памела Андерсон раскина со Адил Рами зашто водел двоен живот


Памела Андерсон раскина со францускиот фудбалер Адил Рами, затоа што, како што откри на Инстаграм, две години, колку што и трае нивната врска, тој не ѝ бил верен. Објавувајќи сликички од скршени срца, американската глумица во болка вели дека Адил за сето време водел двоен живот. – Тешко е да се прифати фактот дека последните …

Памела Андерсон раскина со Адил Рами зашто водел двоен живот Read More »

„Танец“ прослави 70 години од формирањето


Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец“ вчера одбележа 70 години од формирањето. По тој повод, ансамблот одржа концерт во Националната опера и балет. Ансамблот „Танец“ официјално е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Богатото фолклорно наследство, песните и ората од државава, „Танец“ ги презентирал на голем број светски …

„Танец“ прослави 70 години од формирањето Read More »

СКРМ бара ревизија за порамнувањето на платите


Советот на Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ) од Министерството за култура бара ревизија на спроведеното порамнување на платите со вклучување нивни претставници, итно усвојување на новиот закон за остварување на јавниот интерес во културата и потпишување колективен договор до 30 септември кој ќе почне да се спроведува од 1 јануари 2020 година. Целта …

СКРМ бара ревизија за порамнувањето на платите Read More »

Промоција на книга од новинарот Синиша Станковиќ: Маалските прикаски се како мезе за муабет


Книгата „Маалски прикаски (1+2)“ од новинарот Синиша Станковиќ деновиве излезе од печат во издание на „Или-или“. Промоцијата ќе се одржи вечерва во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар со почеток во 20 часот. „Во книгата која содржи 65 прикаски (или, како што ги нарекува авторот, „белешки на Случајниот Минувач, подготвени како мезе за муабет, во …

Промоција на книга од новинарот Синиша Станковиќ: Маалските прикаски се како мезе за муабет Read More »

(ВИДЕО) Мијата препеа германска песна


Новата песна „Полетај“ на македонската поп-пејачка Мијата е музичко дело на Германецот Ханс Греис. Мијата го напиша препевот, а аранжманот го направи Дамир Пух чие дело се и специфичните гитарски делници. „’Полетај’ е приказна која се крчкаше и создаваше во изминативе три месеци. Сè започна кога на музичкиот фестивал во Италија, кој ги собра контролорите …

(ВИДЕО) Мијата препеа германска песна Read More »

Акција „Донирај книга за патувачката библиотека на Македокс“


Патувачката библиотека на фестивалот за документарни филмови „Македокс“ до 29 јуни организира акцијата за донирање на книги. Донаторската акција ќе се одвива во кафе „Котур“ секој ден до сабота. Од Здружението за промоција на документаристика „Македокс“ информираат дека донираните книги ќе бидат однесени во неколку селата каде луѓето ќе можат да ги позајмат, заменат, прочитаат. …

Акција „Донирај книга за патувачката библиотека на Македокс“ Read More »

„Виолин-фест 2019“: Инспиративен подиум за младите виолинисти


Единствениот фестивал за млади виолинисти се одржа во камерната сала на Филхармонија, а учество зедоа музичари од различни возрасти. Оваа манифестација се одржува веќе седум години по ред, по иницијатива и во организација на Владимир Костов – истакнатиот македонски виолинист постојано присутен на концертните подиуми како солист и член на различни камерни состави, концерт-мајстор на …

„Виолин-фест 2019“: Инспиративен подиум за младите виолинисти Read More »

Колкава поддршка ќе има во парламентот подновената влада?


Најмалку по 65 пратеници се очекува да ја поддржат реконструкцијата на владиниот кабинет што ја предложи премиерот Зоран Заев, за чии предлози за разрешувања и избор на министри би требало да се гласа поединечно бидејќи со промените не е надмината една третина од актуелниот состав на „Илинденска“. Очекувањата се дека сите пратеници од мнозинството ќе …

Колкава поддршка ќе има во парламентот подновената влада? Read More »

Владата донесе одлука да се набави лекот Nusinersen (Spinraza), за пациентите со спинална мускулна атрофија


Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од набавка на лекот Nusinersen (Spinraza), за пациентите со спинална мускулна атрофија (СМА).  Министерството за финансии  се задолжува да обезбеди дополнителни 147 милиони и 600 илјади денари во Буџетот на Министерството за здравство за 2019 година. По обезбедувањето на финансиските средства од Министерството за финансии, се …

Владата донесе одлука да се набави лекот Nusinersen (Spinraza), за пациентите со спинална мускулна атрофија Read More »

Интервју со професорот Енис Јакупи: Урбанизмот стана сектор за богатење


Тетово – Урбанистичкиот хаос во државата го направија самите институции. Се носат закони што се косат меѓусебно. Урбанизмот се гледа само преку призмата на парите, а урбанистичките планови ги носат луѓе од други професии, вели универзитетскиот професор по урбанизам Енис Јакупи во интервју за „Независен весник“. Државата никако да излезе од урбанистичкиот хаос. Оваа влада …

Интервју со професорот Енис Јакупи: Урбанизмот стана сектор за богатење Read More »