Акција „Донирај книга за патувачката библиотека на Македокс“


Патувачката библиотека на фестивалот за документарни филмови „Македокс“ до 29 јуни организира акцијата за донирање на книги. Донаторската акција ќе се одвива во кафе „Котур“ секој ден до сабота.

Од Здружението за промоција на документаристика „Македокс“ информираат дека донираните книги ќе бидат однесени во неколку селата каде луѓето ќе можат да ги позајмат, заменат, прочитаат. Потоа книгите ќе бидат оставени во основното училиште во Радожда до следната година.

Дополнителна мотивација за донација на книгите може да биде и тематската дружба „Кафе и кромид 03“ на „Македокс“ и кафе „Котур“, што ќе се одржи на 27 јуни во 20.30 часот, кога ќе биде прикажан филмот „Мажи играчи“. Со купена пијачка или со донирана книга се добива билет за проекцијата, посочуваат од Здружението.

Патувачкото кино на Македокс ќе се одржи од 1 до 12 јули околу Охридското и Преспанско езеро. Патувачкото кино на „Македокс“ ќе се реализира со поддршка од Агенцијата за филм, Амбасадата на Германија и овозможено е од Фондот за Западен Балкан.