Македонец избоден на Малта, состојбата е критична


Малтешката полиција е во потрага по Србин кој е осомничен за наводен обид за убиство на Македонец во Бугиба, во северниот дел од Малта.

Педесет и осумгодишниот Македонец чиј идентитет не е познат е во критична здравствена состојба и е хоспиталзиран.

Според информациите на „ТВМ“, полицијата добила дојава дека во понеделникот дошло до расправија, по што во болницата бил пренесен повредениот маж.

Се трага по сторителот, а полицијата ги замоли сите кои имаат некакви информации да се јават во полициската станица.

Претходно дел од српските медиуми јавија дека повредениот бил Србин, меѓутоа информацијата подоцна беше коригирана.