Памела Андерсон раскина со Адил Рами зашто водел двоен живот


Памела Андерсон раскина со францускиот фудбалер Адил Рами, затоа што, како што откри на Инстаграм, две години, колку што и трае нивната врска, тој не ѝ бил верен. Објавувајќи сликички од скршени срца, американската глумица во болка вели дека Адил за сето време водел двоен живот.

– Тешко е да се прифати фактот дека последните две години од мојот живот беа голема лага.

Се излажав и поверував дека сме вљубени. Се шегуваше за други играчи кои имале девојки што живееле близу нивните жени.

Тие мажи ги нарекуваше – чудовишта, но ова е полошо.

Како е можно да контролира две женски срца и умови. Тој е чудовиште – напиша Андерсон.