(ВИДЕО) Мијата препеа германска песна


Новата песна „Полетај“ на македонската поп-пејачка Мијата е музичко дело на Германецот Ханс Греис. Мијата го напиша препевот, а аранжманот го направи Дамир Пух чие дело се и специфичните гитарски делници.

„’Полетај’ е приказна која се крчкаше и создаваше во изминативе три месеци. Сè започна кога на музичкиот фестивал во Италија, кој ги собра контролорите на летање, ја слушнав оваа песна. Ја пееше една навистина интересна група од Германија. Откако авторот ми дозволи да ја препеам на македонски, започна редењето на коцките. Ова што го направивме заедно со целиот тим е само доказ дека ако нешто вистински се сака, тогаш ништо не е невозможно. Едноставно нештата се редеа сами – рече пејачката Мијата која по професија е контролор на летање.

Во видеозаписот како дел од бендот учествуваат Иво Митковски на тапани, Кире Мирчовски на гитара и Ване Ѓорговски на бас.

„Мелем продукција“ и Огнен Шапковски создадоа видеозапис во кој извонредно е раскажана една приказна за апокалипсата и спасот од неа.