Се изнајмува домот на Џорџ Мајкл


Домот на починатиот британски поп-пејач Џорџ Мајкл во Лондон се изнајмува, а цената изнесува 15.000 британски фунти неделно. Според обожавателите на поп-ѕвездата, многу е веројатно во имотот кој пејачот го остави во наследство на сестрите, да се внесе сосема нова знаменитост и тоа да прерасне во врвна луксузна туристичка атракција.
Меѓу клиентите на агенцијата која го изнајмува имотот, се и Ријана и Анџелина Џоли.
Мајкл ништо не им остави на своите поранешни партнери, а најголем дел од богатството од 98 милиони фунти, како што е веќе познато, им го остави на неговите сестри, татко си и пријателите.
Врз основа на судската документација која е издадена на 30 мај годинава, имотот може и да се подели.
Седум пријатели и роднини, вклучувајќи и членови на некогашната група „Вам“, пејачката Ширли Кемп и продуцентот Дејвид Остин, се меѓу наследниците на богатството, додека поранешните партнери на Џорџ Мајкл, Кени Гос и Фади Фаваз, нема да добијат ништо.
Џорџ Мајкл и американскиот бизнисмен Кени почнаа врска во 1996 година, која траеше до 2011 година. Пред смртта на пејачот, тие се смирија.
Во 2012 година пејачот почна врска со фризерот Фади, кој го пронајде Џорџ Мајкл мртов. Мајкл почина во 2016 година.
Фади сè уште живее во куќата на Мајкл во Риџент Парк во Лондон и одбива да се исели.