Леброн Џејмс ќе глуми во „Спејс џем 2“


Ѕвездата на НБА, Леброн Џејмс, го потврди учеството во „Спејс џем 2“ – продолжението на филмскиот хит со Мајкл Џордан од 1996 година.

– Ова ме погоди! Навистина ќе го снимам „Спејс џем 2“! Тоа е нестварно и просто не можам да поверувам. Со оглед на тоа од каде сум и каде израснав – ова не ми прилега! Благодарен сум и повеќе од благословен! Ова е лудило! – напиша кошаркарот на Твитер.

За Џејмс ова ќе биде прва главна улога во долгометражен филм. Досега тој имаше неколку епизодни улоги во ТВ-реклами и раперски видео спот. Режисер на вториот дел ќе биде Теренс Нанс, а премиерата е закажана за јули 2021 година.