Сестрите Вилијамс ќе се соочат во третото коло на Индијан Велс


Серена Вилијамс ја совлада Холанѓанката Кики Бертенс со 2:0 (7:5, 7:6) и се пласираше во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс. Американката, која на овој турнирот се враќа по едногодишна пауза од тенисот, првиот сет го доби со тај-брејк, откако двете тенисерки претходно направија по два брејка. Во вториот сет Серена ја искористи третата брејк топка …

Сестрите Вилијамс ќе се соочат во третото коло на Индијан Велс Read More »

Црногорската опозиција истакна свој претседателски кандидат


Повеќето црногорски опозициски партии го номинираа економистот и пратеник Младен Бојаниќ како нивен кандидат на претстојните претседателски избори кои се закажани за 15 април, јави Танјуг. Бојаниќ беше предложен од страна на Демократската партија и граѓанското движење УРА, а дополнително доби поддршка и од Демократскот фронт на Андрија Мандиќ и Небојша Медојевиќ. Преостанатата поголема опозициска …

Црногорската опозиција истакна свој претседателски кандидат Read More »

Филипче: Нов Клинички мора да има, наскоро ќе се знае како ќе се финансира


Во тек се преговори со кредитори и за кратко време ќе се знае како ќе се финансира изградбата на Клиничкиот центар-Скопје на новата локација во близина на болницата Бардовци. Министерот за здравство Венко Филипче е дециден дека според сите испитувања, модерен Клинички центар не може да се изгради на постојната локација. – Тоа што требаше …

Филипче: Нов Клинички мора да има, наскоро ќе се знае како ќе се финансира Read More »

Фиорентина се прости од капитенот Давиде Астори


Во траорна атмосфера на стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца, играчите и навивачите на Фиорентина се простија од капитенот Давиде Астори, кој ненадејно почина пред една седмица. Пред натпреварот против Беневенто, прв по смртта на фудбалерот, се беше во знакот на Астори. Беа пуштени балони, а во негова чест играчите на двете екипи излегоа во дресови со бројот 13. Навивачите направија кореографија на трибините и беа испратени пораки дека засекогаш …

Фиорентина се прости од капитенот Давиде Астори Read More »

Обама ќе има своја тв-емисија


Најпознатата платформа за стримање на филмови, серии и емисиии „Нетфликс“ е во преговори со поранешниот претседател на САД Барак Обама за изработка на телевизиска емисија. Според пишувањата на „Њујорк Тајмс“, преговорите меѓу Обама и „Нетфликс“ се во напредна фаза, а поранешниот лидер на САД има намера да произведува ексклузивна содржина за оваа мрежа. Форматот на …

Обама ќе има своја тв-емисија Read More »

Вес Мичел во вторник пристигнува во Скопје


Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел во вторник пристигнува во посета на Скопје, потврдија за МИА владини извори. Мичел за време на посетата ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, а како што потврдија од МНР и со шефот на македонската димпломатија Никола Димитров. Тој на функцијата помошник државен секретар за Европа и Евроазија дојде …

Вес Мичел во вторник пристигнува во Скопје Read More »

Славниот актер Бред Пит најави дека ќе живее без секс


Познатиот холивудски актер Бред Пит одлучи целосно да го промени начинот на живот и да се одрече од сите пороци, а наводно на пријателите им се доверил дека цела година ќе ја помине во целибат. Бред Пит, како што пишуваат американските таблоиди, нареднава година ќе ја живее без секс, алкохол и без ноќни излегувања. актерот, …

Славниот актер Бред Пит најави дека ќе живее без секс Read More »

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е тоа што ја урниса економијата


СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ преку нивното владеење 11 години ги осиромашуваше граѓаните и ја уништуваше економијата. „Крвавиот четврток на 27 април организиран од ВМРО-ДПМНЕ и целиот амбиент на поделби и кофликт создаде несигурност и донесе економски крах. Со формирањето на реформската Владата предводена од СДСМ започна процес на спроведување реформи што ја движат економијата и …

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е тоа што ја урниса економијата Read More »

Меѓународен саем за храна во Атина: Изложуваат и македонски компании


Меѓу изложувачите од 20 земји и домаќинот Грција, две македонски компании учествуваат на 5. Меѓународен саем за храна и пијалаци што викендов се одржува во Атина. Саемот има цел компаниите да се промовираат, да ги претстават нивните производи, за евентуално да склучат и конкретен договор за соработка. Дописникот на МИА од Атина го посети саемот …

Меѓународен саем за храна во Атина: Изложуваат и македонски компании Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Владата е заталкана и води погубни економски политики


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски на седница на Централниот комитет на партијата вчеравечер најавил дека во наредниот период ќе почне теренски средби со граѓаните низ целата држава, со цел да ги слушне нивните сугестии за потоа за нив да се понудат програмски решенија. Тој и членовите на Централниот комитет оцениле дека на економски план државата тоне …

ВМРО-ДПМНЕ: Владата е заталкана и води погубни економски политики Read More »

Нов напад со бесиплотни летала врз руската воздухопловна база во Сирија


Руската воздухопловна база Хмеимим во северна Сирија денеска била нападната со бесиплотни летала. Се работи за втор ваков напад во рок од два месеци. Нема информации за штетата која ја претрпеле руските летала во Хмеимим. Во првиот напад, на 7 јануари, беа уништени неколку руски летала со минофрлачки оган, а потоа базата беше нападната со …

Нов напад со бесиплотни летала врз руската воздухопловна база во Сирија Read More »

Бугари фатени со криумчарење на мигранти во Македонија


Четворица државјани на Бугарија добија кривична пријава и осумдневен притвор за криумчарење мигранти. На граничниот премин „Богородица“ завчера се обиделе да превезат осум илегални мигранти од машки пол од Шри Ланка и од Авганистан на возраст од 18 до 41 година. Пријавените Љ.Б.(63), П.Х.(59), И.Р.(53) и Т.Т.(24) на 9 март во 10.30 часот влегле на …

Бугари фатени со криумчарење на мигранти во Македонија Read More »

Хоџа: Ако Косово не ја реши границата со Црна Гора, нема да има визна либерализација


Доколку договорот за демаркација на границата со Црна Гора не биде ратификуван овие денови, визната либерализација на Косово нема да се случи пред 2020 година. Ова јасно го посочува министерката за европска интеграција на Косово Дурата Хоџа за приштинскиот весник „Газета експрес“, нагласуваќи дека роковите се поврзани со агендата на институциите со Брисел. Хоџа посочува …

Хоџа: Ако Косово не ја реши границата со Црна Гора, нема да има визна либерализација Read More »

Се бара побрзо донесување на Законот за поддршка на инвестициите


Законот за финансиска поддршка на инвестициите да се донесе побрзо и со поддршка на сите пратеници, апелираат и Владата и компаниите. Предвидувањата се дека ќе ја раздвижи економијата и ќе придонесе за раст на индустријата. Владата треба да го усвои законот во вторник, а предлог-текстот потоа ќе влезе во собраниска процедура при што се очекува …

Се бара побрзо донесување на Законот за поддршка на инвестициите Read More »

Три лица повредени во две сообраќајни несреќи кај Дебар


Три лица се повредени во две одделни сообраќајни незгоди кои се случиле вчера на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, информира СВР Тетово. Во незгодата што се случила во близина на крстосницата со селото Врбјане, автомобил марка „сеат-толедо“ што го управувал Б.К. од Дебар, поради неприлагодена брзина излетал од коловозот. Двајца сопатници здобиле повреди, а поради тежината …

Три лица повредени во две сообраќајни несреќи кај Дебар Read More »

Кина го смени Уставот, претседателот ќе може да се кандидира за трет мандат


Кинеското Народно собрание денеска донесе одлука со која се укинува ограничувањето на претседателот на два последователни мандати. Со оваа измена се отвора пат претседателот Си Џинпинг да владее три, па и повеќе мандати по 2023 година, кога истекува неговиот втор мандат. Одредбата во кинескиот Устав за ограничување на претседателот беше воведена 1982 година, како една …

Кина го смени Уставот, претседателот ќе може да се кандидира за трет мандат Read More »

Семејството Чаушовски 25 години е без работа и живеат создавајќи уметност


Семејството Чаушовски од Берово скоро 25 години е без работа, но тоа ни во еден момент не ги поколеба или наведе на размислување дека треба лебот да си го бараат надвор од Македонија, пишува МИА. Целиот свој живот и го имаат посветено на уметноста од која живеат. Ванчо Чaушовски има 51 година, по образование е …

Семејството Чаушовски 25 години е без работа и живеат создавајќи уметност Read More »

Одбележување 75 години од холокаустот на македонските Евреи


Со повеќе настани денеска и утре во Скопје, Битола и Штип ќе биде одбележана 75-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна. Организатори се Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, под покровителство на премиерот Зоран Заев. Дводневната комеморативна програма ќе почне денеска во Битола, каде се …

Одбележување 75 години од холокаустот на македонските Евреи Read More »

Советникот во МВР со кривична пријава и без пасош


Советникот во кабинетот на министерот за внатрешни работи доби кривична пријава и ќе се брани од слобода за „злоупотреба на службена положба и овластување“, но заради претпазливост привремено му е одземен пасошот и е обврзан да се јавува пред надлежен орган, одлучи судот. Советникот во МВР Д.С., кој беше приведен завчера во полициска станица, се …

Советникот во МВР со кривична пријава и без пасош Read More »

Температурата денеска ќе достигне до 22 степени


Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од -2 до 4 степени, а дневната од 12 до 22 степена. Утре во попладневните часови, најпрво во западните делови, ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Локално ќе има услови …

Температурата денеска ќе достигне до 22 степени Read More »